Грејната сезона ќе почне утре

Од утре, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени. Според последните одлуки на Регулаторна комисија за...

„Студентски пленум“: Најавата на Груевски за нов студентски дом е популистички потег

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“ најави изградба на нов студентски дом, што од „Студентски пленум“ го оценуваат како популистичка мерка, додавајќи дека е трагично што студентите мора да чекаат реакција од Владата само кога нивните животи се загрозени. Од Министерството за образование и наука...

Коцијанчич: Напредок за изборната регулатива и за ДИК мора да се постигне итно

„Комесарот одблизу ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е запознаен со пролонгирањето на одлуката што треба да се донесе, а регулира важни прашања“, вели Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот Јоханес Хан. - Комесарот е загрижен дека некои од роковите што ги договорија политичките лидери...

Советот на јавни обвинители денеска „ќе реши кога ќе решава“ за предлозите на Јанева

Членовите на Советот на јавни обвинители денеска ќе имаат состанок на кој ќе го прецизираат датумот на одржување на седницата за расправа и за избор на предлог-тимот што ќе ѝ помага на специјалата јавна обвинителка, Катица Јанева, во решавањето на наводите што произлегуваат од незаконското прислушување,...

САД и ЕУ: Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

Амбасадата на Соединетите Американски Држави и Делегацијата на Европската унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок во однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор. Тие велат дека позитивни моменти претставуваат брзото...

ЕУ и САД барале името бргу да се реши, Коѕиас имал „нови и храбри“ иницијативи

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, подготвува нови храбри потези и иницијативи во преговорите за решавање на спорот за името. Ова го тврди грчкиот весник „Етнос“, кој пишува дека Коѕиас имал подготвено план за напредок во преговорите од јуни, чие спроведување доцниело поради септемвриските парламентарни...

Груевски: Опозицијата ги минира преговорите за да ги одложи изборите

Премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата „Сител“ вечерва најави изградба на нов студентски дом во Скопје, рече дека во моментов во Македонија има историски најниска невработеност од 26,8 проценти и ја обвини опозицијата дека ги минира преговорите за да ги одложи изборите договорени...

ИД и екстремно левичарските милитанти се осомничени за нападот во Анкара

Турските разузнавачи досега не успеаја да ги идентификуваат извршителите на терористичкиот напад на прокурдскиот мировен протест во Анкара, кој усмрти речиси 100 лица, а повреди двојно повеќе. Цел на двете експлозии, кои биле предизвикани од бомбаши-самоубијци, бил мировниот протест во близина на железничката станица во Анкара....

Заев: СДСМ се бори за уставна еднаквост на гласот на дијаспората

СДСМ не е против дијаспората да гласа, туку се бори за уставна еднаквост на гласот, изјави лидерот на опозицискиот СДМС, Зоран Заев. - Нашиот предлог е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови со колку што се избира во Македонија....

Турција: 30 загинати и 126 повредени во нападот во Анкара

Триесет загинати и 126 повредени е последниот биланс од денешните експлозии во Анкара, соопшти турското министерство за внатрешни работи. Според истражителите, експлозиите се дело на бомбаш-самоубиец. Турската влада го оцени нападот како терористички акт. Премиерот Ахмет Давутоглу свикал вонреден состанок со претставници од министерствата за...

Бомбашки напад во Анкара

Најмалку 50 лица се повредени во две силни експлозии што утринава одекнаа во близина на железничката станица во турскиот главен град Анкара, јавуваат турските медиуми. Засега нема официјална потврда за бројот на жртвите, но одредени медиуми јавуваат дека покрај повредени има и 20 загинати во нападот...

Специјалната обвинителка Јанева ги достави работниот, персоналниот и финансовиот план

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, до Советот на јавни обвинители, Владата на Република Македонија и до Собранието, денеска достави општ работен, персонален и финансов план. „Плановите до Собранието се доставени за известување, додека до...

Ако нема заеднички закон, Талат Џафери повторно ќе го поднесе истиот

Aко до 20 октомври не се донесе заеднички закон за „бомбите“, Талат Џафери повторно ќе го поднесе својот закон во собраниска процедура, а целосна поддршка ќе има од коордираторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, информираше денеска пратеникот Илија Димовски. Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, негираат дека...

Коцијанчич: Денеска да се договори законот за избори

Европската комисија денеска ги повика потписниците на Договорот од Пржино веднаш да се договорат за изборните реформи. - Европската комисија жали што партиите не успеале да ги финализираат изборните реформи, и покрај направениот прогрес на состанокот на работните групи. Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии...

Во тек голема полициска акција во Скопје и Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово спроведува голема полициска акција на територијата на Скопје и на Куманово. Информацијата за „Мета“ ја потврди помошникот министер за внатрешни работи, Иво Котевски, кој вели дека акцијата е во тек. Котевски најави повеќе информации за акцијата во текот на...

Владата се координираше со ЕУ околу плановите за справување со мигрантите

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, вчера одржал координативен состанок со претставниците на Европската унија (ЕУ), други земји и на организации-донатори, на кој тема биле плановите и начините за справување со мигрантската криза, соопштија денеска од кабинетот на министерот Бесими. На состанокот,...

Џафери и Мукоски го повлекоа законот со кој се забрануваат „бомбите“

Предлог-законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали што произлегуваат од незаконско следење на комуникациите е повлечен од дневниот ред на Собранието.  Дека е почната процедура за повлекување на законот, потврдија и од Собранието. На интернет-страницата на која се објавуваат материјалите за законите, сега можат да...

Амбасада на САД: Законот за „бомбите“ оди во групите, а договор мора да има до 20 октомври

Власта и опозицијата денеска ќе ги продолжат разговорите во работните групи, откако синоќа постигнале напредок во врска со изборните реформи, како и за законот за забрана на објавување на „бомбите“, соопштија од Амбасадата на САД во Македонија. „Работните групи за спроведување на Договорот од Пржино,...

Орав: Преговорите продолжуваат, напредок има

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска пред Клубот на пратеници изјави дека во работните групи било договорено двата закони, за свиркачите и за необјавување на „бомбите“, да се вратат на доработка. - Преговорите продолжуваат, напредок има и очекувам до вечерва да биде постигнат договор - изјави Орав. Во...

Преговорите го чекаат Џафери да одлучи за законот

Почетокот на денешната рунда преговори е одложен на неопределено време затоа што СДСМ очекува спорниот закон за објавување на бомбите да биде повлечен, дознава „Мета“. Од друга страна, пак, еден од подносителите на законот, Крсте Мукоски, ни изјави дека предлогот сè уште не е повлечен. -...

Истрага против 28-годишник од тетовско за обид за убиство на малолетник

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истрага против едно лице за кривично дело Убиство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот 28-годишник, во четвртокот (26 септември) во фабрика...