Рочиштето „Пуч“ одложено за 13 ноември

Судското рочиште за „Пуч“ повторно е одложено, за 13 ноември во 10 часот. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не се појави на рочиштето, но неговиот адвокат Филип Медарски приложи доказ дека тој е на претходно договорен состанок со меѓунареден инвестициски фонд за развој. По завршувањето на...

ЕК: Разочарани сме, Договорот од Пржино е јасен пат кон прогресот

Европската комисија денеска изрази разочарување поради повторното пробивање на роковите од Договорот од Пржино. - Комисијата е разочарана и ги повикува на лидерство и на одговорност сите политички партии и со добра волја да го имплементираат договорот – изјави за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на...

„Средношколски пленум“: Ќе протестираме сè додека не ни ги исполнат барањата

Средношколци денеска се собраа во Градски парк во Скопје, на протест под мотото „Борбата продолжува“. Од „Средношколски пленум“ велат дека барањата им остануваат исти, односно укинување на екстерното тестирање и државната матура да остане иста за веќе запишаните средношколци, а за новите да се...

Стејт департмент: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза

Американскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација. - Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот...

Јанева достави барање за комплетирање на тимот обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот на јавни обвинители за избор на преостанатите седум членови од нејзиниот тим, неофицијално дознава „Мета“. Утрово, пак, во 10 часот, почна состанокот на Советот на јавни обвинители на кој, како што вчера најави претседателот, Петар Аневски, ќе...

Политичките партии не постигнаа договор на лидерската средба со Хан

Лидерската средба на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, која вечерва се одржуваше во резиденцијата на ЕУ, заврши без договор. Прв средбата ја напушти лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој не сакаше да даде изјава за медиумите. По него си замина лидерот на...

Ван Хојте: Работиме напорно, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Изминатата ноќ била тешка за работните групи, кои ги договараат точките за имплементација на Договорот од Пржино, изјави белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, објави „А1 он“ . Тој пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, каде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе има средби со...

Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе изврши притисок врз лидерите на политичките партии за да го спроведат Договорот од Пржино. „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на...

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми...

Што го чека Хан во Скопје?

Секогаш кога преговорите на политичките партии ќе отидат во ќор-сокак, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, доаѓа да ја откочи работата. Тој во последните четири месеци трипати беше во Македонија - на 2 јуни, 13 јули и на 18 септември. По бурната недела, Хан в понеделник...

Договорени изборните закони, утре ќе се гласаат во Собрание

По 15 часа преговори, работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за изборните закони, дознава „Мета“. Договорени се изборот и начинот на гласање во ДИК, гласањето на дијаспората и прочистување на избирачкиот список. Членовите на ДИК ќе се избираат по формулата „три плус...

ТАВ за случајот со Мијалков: Станува збор за човечка грешка, внатрешната истрага е во тек

Компанијата ТАВ, која управува со скопскиот аеродром „Александар Велики“, почнала внатрешна истрага што треба да утврди како поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, успеал да ги помине аеродромските контроли со пиштол во куферот, изјавиле за порталот „Либертас“ од компанијата. Истата изјава...

Мијалков приведен, па пуштен на белградскиот аеродром, поради пиштол во куфер

Поранешниот директор на Упрaвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, бил приведен на аеродромот во Белград, откако веднаш по слетувањето во патна торба му бил најден пиштол. Настанот, за кој вчеравечер информираа српските медиуми, денеска за порталот „Прес 24“ го потврди и Мијалков. Тој, во изјава...

Вајгл: Позитивниот извештај за Македонија зависи од Договорот од Пржино

Извештајот за напредокот на земјава и тоа дали Македонија ќе ја загуби препораката за земја-членка на ЕУ, зависи од имплементацијата на Договорот од Пржино, рече европратеникот Иво Вајгл, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој изјави дека наскоро ќе почне парламентарната процедура за...

СДСМ: Нема преговори додека не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат сè додека не се испочитува и не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, реагираат од СДСМ. „Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да...

Бејли: На специјалната обвинителка треба да ѝ се дадат ресурсите што ѝ се потребни

„Пратениците, четирите политички партии и Советот на јавни обвинители ја изгласаа специјалната јавна обвинителка врз основа на нејзината професионалност. Сметам дека треба да ѝ ги дадат ресурсите што ѝ се потребни за да ја зврши својата важна работа“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, заедно...

На избирачкиот список ќе има и фотографии од гласачите?

На избирачкиот список ќе има фотографии од гласачите, а со тоа ќе се спречи еден гласач да гласа двапати. Ова е едно од прашањата за кои се согласиле партиите на вчерашните средби на работните групи, информираат од СДСМ. Од партијата велат и дека во предлогот...

Амбасада на САД: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители

Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници обвинители, се јави и американската амбасада во Македонија. Од Амбасадата на САД велат дека се загрижени поради одлуката на Советот. „Загрижени сме поради одлуката на Советот на...

Димовски: Постигнат е договор за изборниот законик, дијаспората ќе гласа

Се постигна договор за изборниот законик. Имавме тешки, незгодни и непријатни моменти, вложивме многу труд и време, но договор има, изјави Илија Димовски пред Клубот на пратениците, откако претставниците на СДСМ ја напуштија средбата на работните групи. Тој рече дека повлекувањето на опозицијата го разбираат...

Зврлевски: Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, по седницата на Советот на јавни обвинители, рече дека обвинителствата се во многу лоша состојба. Тој изјави дека, за него, Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство бидејќи е формирано по политички договор и потврди дека во тек е изработка на иницијатива...

Истрага против 28-годишник од тетовско за обид за убиство на малолетник

Основното јавно обвинителство Тетово донело наредба за спроведување истрага против едно лице за кривично дело Убиство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот 28-годишник, во четвртокот (26 септември) во фабрика...