Заев: Новите министри ќе имаат само контролна улога

Денешниот избор на министрите и на замениците-министри е уште еден чекор што ќе придонесе за фер и демократски избори, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пред Собранието, по завршувањето на седницата на која пратениците ги аминуваа новите членови на Владата. - Улогата на овие луѓе ќе биде...

Груевски: Будно ќе ги следам новите министри

На првата точка на дневен ред на Собранието на Република Македонија, беа предложени новите министри и заменици-министри од редовите на СДСМ. Премиерот Никола Груевски ја образложи одлуката за избор на нови министри. Тој рече дека во согласност со Договорот од Пржино, како премиер, предлага нови министри...

Денеска Владата ќе добие министри од СДСМ

Денеска напладне почнува собраниската седница на која пратениците треба да ги изгласаат новите министри и заменици-министри од СДСМ, предвидено со Договорот од Пржино. Вчера тројца министри од владата на премиерот Никола Груевски поднесоа оставка на своите функции. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, министерот за...

Термините корупција, криза, медиуми драстично се намножија во извештајот на ЕК

Во извештаите што Европската комисија ги дава за напредокот на Македонија во изминатите четири години, се забележуваат разлики во фреквенцијата на користење на некои клучни зборови, што е индикатор на влошување на состојбите во одредени подрачја. Така, на пример, терминот „корупција“ во извештајот во 2012...

Ургентниот центар и денеска под засилено полициско обезбедување

Дваесет и четири часа по вооружениот инцидент во Клиничкиот центар во Скопје, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ, во Ургентниот центар забележливо е зголемено обезбедување. На двата влеза на хируршката клиника има лица од обезбедувањето на болницата, кои го контролираат влегувањето и излегувањето на пациентите и на...

Собранието ги изгласа законите од Пржино

Пратениците  во Собранието на пленарна седница ги изгласаа законите кои политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино ги договорија во петокот. Пратениците по скратена постапка гласаа за измени и дополнувања во Изборниот законик, за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка, за законот за заштита...

Пратениците се скараа за гласовите на дијаспората

Наместо дискусии и дебатa за Изборниот законик, пратениците вечерва на пленарната собраниска седница меѓусебно се обвинуваа за тоа кој има или нема легитимитет и кој колку реплики и закони предложил. Пратеникот од дијаспората, Павле Саздов, рече дека му е мило што политичките партии одлучиле дијаспората...

Законите од Пржино ги поминаа собраниските комисии

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и за законот за приватност. Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека законот за...

Законите од Пржино, вечерва на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието го изгласаа дневниот ред на пленарната седница, на која како единствени точки се ставени законите што политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ги усогласија во петокот. Образложение за дневниот ред даде координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој рече дека...

Лекарите во знак на револт се собраа во кругот на Клинички центар

Во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“ попладнево, група лекари се собраа во знак на револт против посегнувањето по животот на нивни колега. Претходно тие има координативен состанок во амфитеатарот на клиничкиот центар. Според лекарот психијатар Викторија Вујовиќ, тој што кренал рака на бел мантил, исто...

Схинас: Европската комисија ги затвора извештаите за напредок

Европската комисија е во процес на затворање на извештаите за прогресот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ, соопшти денеска портпаролот на комисијата, Маргаритис Схинас. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре ќе има средба со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посветена на прогрес-извештајот за...

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент. Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент. Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата. Влезот во болницата бил забранет...

Штипјани со иницијатива за одбрана на градскиот парк

Граѓаните на една од најголемите штипски населби, 8 Ноември, на Денот на ослободувањето на градот кажаа „не“ на преполовувањето на паркот и на изградбата на две згради. Двете парцели за кои станува збор се наоѓаат на атрактивен простор веднаш до градскиот стадион. Првата парцела летото беше...

Град Скопје ги прскаше улиците со калциум магнезиум ацетат

Како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, денеска од Град Скопје првпат прскаа три улици во центарот на градот со средството калциум магнезум ацетат. - Градот Скопје преку Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ првпат го почнува процесот со третирање на градските сообраќајници...

СДСМ напладне со централна дебата „Градиме едно општество за сите“

СДСМ денеска во 12 часот на Скопски саем ќе одржи централна дебата на тема „Градиме едно општество за сите“, на која ќе се презентира петиот столб од „Визијата за Македонија“, кој предвидува едно општество за сите, без поделби по етничка основа. На дебатата, програмата „Визијата за...

Утре ќе се прскаат улиците со калциум магнезиум ацетат

Градот Скопје утре, во 11:30 часот, на крстосницата на булеварот Свети Климент Охридски со улицата Свети Кирил и Методиј ќе почне со третирање на градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух. Калциум магнезиум ацетат...

Германска амбасада: Го поздравуваме договорот и очекуваме брзо спроведување

Германската амбасада вечерва го поздрави договорот на партиите и соопшти дека очекува брзо спроведување на одлуките. - Го поздравуваме (декларативниот) договор постигнат од  партиите и сега очекуваме брзо спроведување на одлуките. Времето до изборите е кратко, а фер услови за сите ќе има само доколку...

Началниците во МВР ќе имаат „врзан потпис“

Законите што вчера ги договорија политичките партии, в понеделник треба да се изгласаат во Собранието. Веднаш потоа, избраните министри и заменици од СДСМ ќе стапат на новите функции, брифираат од СДСМ. Според нашите извори, министрите ќе имаат надлежности според постојните закони. Спасовски, како министер за внатрешни работи, ќе...

Брисел: Договорот да се спроведе докрај

Европската комисија денеска ги повика политичките партии во Македонија да ги преземат преостанатите неопходни чекори за целосно спроведување на Договорот од Пржино. - Јасно ни е дека партиите се блиску до постигнување договор. Го охрабруваме сите партии да ги направат сите преостанати неопходни чекори во...

Иако е во Приштина, Хан не доаѓа во Скопје и по договорот

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, кој денеска е во посета на Косово, сепак, нема да ја посети Македонија. Од прес-службата од канцеларијата на еврокомесарот, на прашањето „дали ќе ја посети Македонија по вчерашното постигнување на договорот“, кратко одговорија „не“. Хан е во...

АХВ ја забрани за употреба водата во струмичко

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем. Ваквиот чекор доаѓа откако Агенцијата добила известување од струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ и од Центарот...