За медиумите, сè уште далеку од договор и од решение – утре „нов“ краен рок?

Утре е последен ден до кога треба да финализираат преговорите за медиумската сфера на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. Според информациите што доаѓаат од преговарачките тимови, тие сè уште се далеку од договор и од решение за клучните работи кои се интерес на...

Шилегов предлага на стоденарките да се удира печат „Збогум Никола“

Петре Шилегов, пратеник на СДСМ и претседател на анкетната комсија за прислушуваните разговори, утрово на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ даде предлог, граѓаните на секоја банкнота од 100 денари да напишат „Збогум Никола“ и да ја пуштат во промет. „Еве ми текна: На секоја...

Убиен организаторот на масакрот во Париз

Наводниот организатор и мозок на 13-ноемврискиот масакр во Париз, Абделхамид Абауд, денеска е убиен во акцијата на француската полиција во париското предградие Сен Дени, јавуваат светските медиуми. Абауд, кој бил мета на специјална операција, е убиен, пишува американскиот весник „Вашингтон пост“, повикувајќи се на двајца високи...

Ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ не ја фермаат Левица

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не коментираат ништо за барањето на новоформираната партија Левица да ја поддржат иницијативата за измена на Законот за политички партии. Левица бараше да се поедностават процедурите и да се намали трошокот за регистрација на политичка партија. Од најголемите македонски партии велат дека...

Голема полициска акција во Париз, најмалку двајца убиени

Најмалку двајца осомничени се убиени при претрес во стан во париското предградие Сен Дени, во полициска акција за апсење осомничени за терористичките напади што во петокот минатата недела се случија во француската престолнина, јавуваат светските медиуми. Меѓу убиените, како што јавува „Би-Би-Си“, е и една...

Синот на Кљусев уапсен во САД за „дистрибуирање наркотици“

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“, објави „Ферфилд дејли војс“. Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества...

Собранието ќе распише оглас за избор на членови на ДИК

Пратениците денеска на пленарна седница ќе треба да ја одобрат одлуката за Собранието да распише оглас за избор на членови на Државната изборна комисија. Во составот на Државната изборна комисија, според новиот Изборен законик, треба да има тројца членови од власта, тројца од опозицијата и...

Не Македонец, туку Црногорец бил уапсен од германските власти

Информацијата што синоќа ја објави светскиот сервис на „Би-Би-Си“, дека државјанин на Македонија пред неколку дена бил приведен во Германија со автомобил полн со оружје, денеска експресно беше демантирана од германските власти. Според баварската полиција, уапсениот кој во своето возило, марка „голф“, во скриен бункер превезувал...

Најнов биланс по нападите во Париз: 129 мртви и 352 ранети

Јавниот обвинител на Париз, Франсоа Молан, го соопшти најновиот црн биланс од терористичките напади, според кој 129 лица се мртви и има 352 ранети, од кои најмалку 99 се во критична состојба. Во нападите загинаа и седум терористи. Планот „Вижипират“ за безбедносните мерки од вечерва е засилен...

Иванов за вечерва го свика Советот за безбедност

Поради последните случувања со бегалската криза, претседателот Ѓорге Иванов, по денешната обиколка на јужната гранична линија, најави дека вечерва ќе го свика Советот за безбедност. - Армијата веќе аларамира дека има сè повеќе лица што излегуваат од котата 59 и илегално преминуваат на премини кои не...

Иванов упати писмо со сочувство до францускиот претседател Оланд

По повод терористичките напади во Париз, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати сочувство до претседателот на Франција, Франсоа Оланд. „Со шок, неверување и со чувство на огорченост ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз и длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот...

Убиени двајца терористи во концертната сала „Батакло“

Полицијата упадна во париската концертна сала „Батакло“, каде десетици лица се заложници на засега непознат број терористи, јавуваат француските медиуми. Според последните извештаи, двајца терористи се убиени откако киднаперите одбиле да преговараат со полицијата. Засега не се знае точниот број заложници во концертната сала. Медиумите јавуваат...

Работните групи завршија без договор за медиумите

Средбата на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино завршија без конкретен договор за медиумите. Роберт Поповски од СДСМ вели дека денеска разговарале за агенцијата за медиуми, а дека повторно ќе се сретнат в понеделник. - Денеска на работната група разговаравме за агенцијата за...

Левица – нова политичка партија во Македонија

На политичката сцена во Македонија ќе се формира нова партија, Левица, зад која стојат членови на левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“, Комунистичката партија на Македонија и од поединци левичари. Партијата ќе се залага за работнички права и за социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето...

Банките ќе го стегаат ременот за потрошувачките кредити

Народната банка предлага потенцијални мерки со кои од следната година банките би можеле да го стегнат ременот за издавање потрошувачки кредити. Целта е, како што истакна гувернерот Димитар Богов, банките повеќе да даваат корпоративни и станбени кредити, наспроти потрошувачките кои се во пораст и сочинуваат...

Лекарите се собраа на протест во дворот на Клиничкиот центар

Со мети и со транспаренти на кои пишува „Закон за лекарска дејност“ и „Јас сум Љубомир Огненовиќ“, лекарите се собраа на протест во дворот на Клиничкиот центар, објави „Плусинфо“. На овој начин, сакаат да го искажат својот револт, бидејќи нивниот колега Љубомир Огненовиќ беше застрелан...

Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички

Јавниот обвинител што ја води истрагата за вооружениот инцидент во Клиничкиот центар, во кој беше ранет лекар хирург, побарал да бидат одземени снимки од видеонадзорот, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Во предметот за кој прашувате, јавен обвинител што постапува во предметот има издадено до надлежните служби...

Заев: Новите министри ќе имаат само контролна улога

Денешниот избор на министрите и на замениците-министри е уште еден чекор што ќе придонесе за фер и демократски избори, изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, пред Собранието, по завршувањето на седницата на која пратениците ги аминуваа новите членови на Владата. - Улогата на овие луѓе ќе биде...

Груевски: Будно ќе ги следам новите министри

На првата точка на дневен ред на Собранието на Република Македонија, беа предложени новите министри и заменици-министри од редовите на СДСМ. Премиерот Никола Груевски ја образложи одлуката за избор на нови министри. Тој рече дека во согласност со Договорот од Пржино, како премиер, предлага нови министри...

Денеска Владата ќе добие министри од СДСМ

Денеска напладне почнува собраниската седница на која пратениците треба да ги изгласаат новите министри и заменици-министри од СДСМ, предвидено со Договорот од Пржино. Вчера тројца министри од владата на премиерот Никола Груевски поднесоа оставка на своите функции. Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, министерот за...

Во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишно момче од Свети Николе

Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе,...