Денот на дрвото го одложи рочиштето за случајот „Пуч“

Поради акцијата „Ден на дрвото“, сите судења во Основниот суд Скопје 1, закажани за 2 декември, меѓу нив и рочишето за случајот „Пуч“, се одложени и пезакажани за друг ден, соопштија попладнево од судот. „Заради одржување на акцијата „Ден на дрвото“, на 2 декември 2015...

ВМРО-ДПМНЕ не коментира, на СДСМ им е драго што Јанева почнала со работа

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, вели дека им е драго што и покрај сите опструкции, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, почнала да работи. - Сите бевме свесни за опструкциите што ѝ се правеа на специјалната јавна обвинителка, само за да се одложи почетокот на работата....

Новинарите ги исвиркаа преговарачите

Дел од новинарите денеска протестираат пред Клуб на пратеници за да бидат вклучени во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. На повик на ЗНМ, ССНМ и на МИМ, педесетина новинари половина час го блокираа влезот на Клубот на пратеници и својот револт го...

Премиерот Груевски ја посети компанијата „Хуавеи“

Во рамки на посетата на Кина, премиерот Никола Груевски оставрил повеќе средби со сопственици на компании, а го посетил и седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија „Хуавеи“. Владината делегација, која ја сочинуваат и вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев, остварила средба...

ЗНМ, ССНМ и МИМ денеска на протест пред Клуб на пратеници

Денеска во 11 часот, пред Клубот на пратеници, Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ќе протестираат поради тоа што не се вклучени во преговорите на четирите најголеми политички партии за реформи што треба...

Грција се подготвува за проверка на грчките депозити во странство

Грција од идната недела планира да почне со контрола на сметките во странство на грчки државјани. Според податоците доставени до грчкото Министерство за финансии од германските власти, 10.588 Грци пренеле околу 3,5 милијарди евра. Поконкретно, во 2006 година на странски сметки од грчки државјани биле...

Новинарските здруженија повикаа на протест пред Клубот на пратениците

Здружението на новинари (ЗНМ), Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), како и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), ги повикуваат новинарите, утре во 11 часот, на протест пред Клуб на пратеници за заедно да го изразат незадоволство поради одбивањето на политичките партии да ги...

Јанева и нејзиниот тим се сликаа во новите простории

Специјалното јавно обвинителство на својата фејсбук-страница ја објави адресата и  фото-галерија од просториите во кои Катица Јанева и нејзините 12 помошници-обвинители ќе ја водат истрагата за наводите што произлегуваат од содржината на незаконското прислушување. „Новите простории на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од...

Јанева со дел од тимот на семинар за финансиски истраги во Будва

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, заедно со обвинителите Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева и Бирум Рустеми и со истражителот Атанас Гинев, вчера и завчера учествувала на семинар кој се одржал во Будва, Црна Гора, соопштија од Специјалното обвинителство. Семинарот, кој се одржал под покровителство на Амбасадата на...

Обвинителство за „Мета“: Очигледно беше дека Софески починал од инфаркт

Јавниот обвинител што го водел увидот на местото каде почина поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, не наредил обдукција на телото бидејќи лекарската екипа по прегледот констатирала дека Софески „очигледно“ починал од инфаркт и немало никакви сомнежи околу причините за смртта, велат за „Мета“ од Јавното...

Талески нема да се жали на ослободителната пресуда за новинарката Блажевска

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нема да се жали на пресудата на Основиот суд Скопје, со која тој го изгуби спорот против новинарката Анета Блажевска од Битола. Талески ја тужеше Блажевска за текстот „Колку е богат  Владимир Талески“ објавен во „Утрински весник“ во ноември 2013...

Судот на честа на Лекарската комора отвори постапка за гевгелиските лекари

Судот на честа на Лекарската комора на Македонија отвори постапка за оценување дали има основа за привремено или трајно одземање на лиценците за работа на докторите од гевгелиската болница по интервенцијата во текот на која починаа родилка и нејзиното бебе, односно за одговорноста на...

Поранешен воен разузнавач пронајден мртов

Откако синоќа бил пријавен за исчезнат, поранешниот воен разузнавач Горан Софески утринава е пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево. Во тек е увидот на местото на настанот. Софески последен пати бил виден синоќа, кога излегол од дома...

Македонија ќе ги враќа во Грција бегалците што ќе бидат протерани од ЕУ

Македонија подигнува ограда на границата со Грција за да создаде само еден влез за бегалците и за мигрантите, а не за да ја затвори границата, изјави претседателот Ѓорге Иванов за грчкиот весник „Катимерини“. Весникот наведува дека Македонија пред неколку дена почнала со градежните работи, поради...

Брисел: Степенот на опасност од терористички напади на највисоко ниво

Белгиските власти денеска посочија дека нивото на опасност од терористички напади во регионот на Брисел е на највисоко ниво, предупредувајќи на „особено сериозни“ и „непосредни закани“. Метрото ќе биде затворено до утре, а граѓаните се предупредени дека треба да ги избегнуваат масовните собири, вклучувајќи ги и...

Нова демократија реагира во ЕУ за оградата на македонско-грчката граница

Грчката опозициска партија Нова демократија ја критикуваше македонската одлука за подигнување ограда на границата со Грција на европско ниво. Европратеничката на десничарската партија, Марија Спираки, упати прашање до Европската комисија дали одлуката за кревање ограда е во согласност со насоките на ЕУ за справување...

„Б“ како Буџет 2016 или како „Бушава азбука“

Денеска е во тек петтата расправа за дополнителниот предлог-буџет во Собранието, при што се очекува тој, најдоцна до полноќ, да биде изгласан. И покрај тоа што се носи најважниот стратегиски документ од кој зависи остварувањето на економските политики, планираниот проектиран економски пораст, како тема на...

МВР: Состојбата со мигрантите на јужната и на северната граница е стабилна

Ситуацијата со протекот на мигранти на северната граница, во прифаниот центар Табановце, е мирна, а во последните 24 часа на границата пристигнале и заминале во Србија вкупно 2.715 мигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Од ноќеска на полноќ до 8 часот утринава, како...

Претседателот на Советот на ЕУ, Туск, в недела во Скопје

Претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, претстојниот викенд ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија и ќе се сретне со лидерите на трите земји, информирaат попладнево од Советот на ЕУ. На интернет-страницата на Советот на ЕУ е објавен распоредот на средбите на Туск со...

Анкета на ИРИ: Груевски не заслужува реизбор

Македонските граѓани се несигурни околу подготвеноста на лидерите да го спроведат Договорот од Пржино, постојат услови за спроведување на слободни и фер избори, премиерот Никола Груевски не заслужува реизбор и нема слобода на изразување се главните заклучоци од истражуваењето спроведено од Центарот за анкетни...

Во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје загина 24-годишно момче од Свети Николе

Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе,...