ВМРО-ДПМНЕ бара новинарските здруженија да достават предлози за законот за медиуми

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика ЗНМ, МАН, ССНМ, Агенцијата за медиуми и сите спортски, културни, верски и други организации што се засегнати од законот за медиуми да достават свој предлог до нив за да може оваа партија забелешките да ги стави на маса во Клубот на...

ЕУ ќе ѝ се закани на Грција дека ќе ја исклучи од шенген-зоната

По заканата за напуштање на еврозоната, Грција се соочува со предупредувања и со закани за можен излез од шенгенската зоната. Ова го пренесуваат грчките весници „Катимерини“ и „Прото тема“, коментирајќи дека земјите-членки на Европската унија (ЕУ) веќе почнуваат да испраќаат сериозни предупредувања до Грција...

Богов: Партиите да не ги мешаат банките во своите политички битки

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, апелира политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки. - Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките...

„Коха диторе“: Најмалку седум борци на ИД се кријат околу Скопје

Најмалку седум косовски државјани што се бореле на страната на Исламска држава (ИД) во Сирија пред три недели се вратиле на Балканот и се засолниле во регионот на Скопје, пишува денеска косовскиот весник „Коха диторе“. Повикувајќи се на информации од разузнавачките агенции, вклучувајќи ја и косовската,...

Таки Фити е нов претседател на МАНУ

Академикот Таки Фити денеска е избран за претседател на Македонската академија на науките и на уметностите. За потпретседатели се избрани Луан Старова и Владо Матевски. „Со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на сегашното претседателство на Академијата истекува на 31 декември 2015 година, во согласност...

Ванхауте го претстави предлог-законот за Агенцијата за медиуми

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте на денешната средба со новинарите, на која го презентираше предлогот на меѓународната заедница за Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, рече дека преговорите се одвиваат многу бавно. Ванхауте рече дека овој закон помалку ќе се однесува на рестрикции и на казни,...

„Телма“: Не им се е приклучивме на „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и на „Алсат“ оти уште се преговара

Сметавме дека не треба да се приклучиме на протестот на националните телевизии затоа што официјално сè уште се водат преговори и се надеваме дека измените во законот ќе бидат поволни за медиумите, е одговорот на директорот и главниот и одговорен уредник на телевизија „Телма“,...

Николовски до Спасовски: Или биди министер или биди генерален секретар

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го праша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е истовремено и генерален секретар на СДСМ, дали ќе си поднесе оставка на една од двете функции. - Според член 36, став 2...

Роберт Орданоски не е реизбран за директор на Агенцијата за електронски комуникации

Роберт Орданоски не е повеќе директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Оваа информација, Орданоски ја објави на својот фејсбук-профил, на кој исто така наведува дека не е повеќе директор бидејќи не е реизбран. - Директор во АЕК бев пет години, нема да останам да работам тука...

ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

Предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016 година ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи со 300 набљудувачи, стои во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР објавен на 27 ноември. Во извештајот се наведени наодите од скенирањето на актуелната политичка состојба во земјата и процените за потребите на мисијата при...

Спасовски ги пофали полицајците, Чавков ги искара грчките колеги

Оддавам признание на македонските полицајци кои денеска добро се справија со целата оваа ситуација и покрај повредените колеги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасвоски, кој синоќа заедно со заменикот-министер, Митко Чавков, ги посети полицајците што беа повредени при судирот со група мигранти на границата...

Бејли: Оставките на Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески не се доволни

Оставките на двајцата министри и шефот на контраразузнавачкиот сервис беа важни, но, секако, не беа доволни и затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори, изјави амбасадорот на Соединетите американски држави во Македонија, Џес Бејли...

Специјалната обвинителка на Црна Гора го завршила мандатот без ниту еден процесуиран предмет

Случајот „Маѓар телеком“ беше повод Црна Гора да формира специјално обвинителство. Меѓутоа, назначената специјална обвинителка сè што било политички проблематично го сместувала во фиока. Ова го вели црногорскиот антикорупционер Вук Мараш од Мрежата за афирмација на невладинот сектор во Црна Гора на конференцијата за...

Седницата на Анкетната комисија за прислушување одложена за в понеделник

Седницата на Анкетната комисија за прислушувањето е одложена за в понеделник. Претседателот на комисијата Петре Шилегов, рече дека е постигнат значителен напредок околу ставовите и затоа ќе даде дополнително време членовите целосно да ги усогласат ставовите. - Бидејќи веќе постигнавме некаков напредок во усогласувањето на ставовите,...

СДСМ и ЗНМ во вербална војна околу преговорите за медиумите

Во отворена војна деновиве влегоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и опозициската партија СДСМ, откако еснафското здружение сите партии ги стави во ист кош како виновници зашто не се повикани на преговорите кои за медиумите се одвиваат зад затворени врати во Клубот на...

ЛДП: Пред Јанева да почне истрага, Талески да си поднесе оставка

Пред да почне истрагата на специјалното јавно обвинителство, во општина Битола опозициската ЛДП бара градoнaчалникот Владимир Талески да си поднесе оставка. Повикувајќи се на веста дека специјалната обвинителка Катица Јанева ќе почне со работа на првите пет предмети поврзани со „бомбите“, либерал-демократите од Битола сметаат...

Денот на дрвото го одложи рочиштето за случајот „Пуч“

Поради акцијата „Ден на дрвото“, сите судења во Основниот суд Скопје 1, закажани за 2 декември, меѓу нив и рочишето за случајот „Пуч“, се одложени и пезакажани за друг ден, соопштија попладнево од судот. „Заради одржување на акцијата „Ден на дрвото“, на 2 декември 2015...

ВМРО-ДПМНЕ не коментира, на СДСМ им е драго што Јанева почнала со работа

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, вели дека им е драго што и покрај сите опструкции, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, почнала да работи. - Сите бевме свесни за опструкциите што ѝ се правеа на специјалната јавна обвинителка, само за да се одложи почетокот на работата....

Новинарите ги исвиркаа преговарачите

Дел од новинарите денеска протестираат пред Клуб на пратеници за да бидат вклучени во преговорите на работните групи потписнички на Договорот од Пржино. На повик на ЗНМ, ССНМ и на МИМ, педесетина новинари половина час го блокираа влезот на Клубот на пратеници и својот револт го...

Премиерот Груевски ја посети компанијата „Хуавеи“

Во рамки на посетата на Кина, премиерот Никола Груевски оставрил повеќе средби со сопственици на компании, а го посетил и седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија „Хуавеи“. Владината делегација, која ја сочинуваат и вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев, остварила средба...

АНАЛИЗА: Колкави се трошоците за студентите за зимскиот семестар на шесте државни универзитети?

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје од оваа академска година се соочуваат со зголемени дополнителни давачки покрај партиципацијата, односно школарината за студирање. Па така, од...