fbpx

Дипломатите пред Влада ќе реагираат за преговорите

Претставници на мисијата на Европската унија, придружувани од претставниците на дипломатскиот кор, денеска пред Влада ќе прочитаат соопштение во кое ќе ги изнесат своите ставови за ќор-сокакот во кои влегоа преговорите за имплементирање на Договорот од Пржино. Како што дознава „Мета“, организатор на настанот е...

Котевски: Ванхауте знае кого и колку притиска

„Преговорите се живи и разговорите се во тек, но за тоа најубаво да го прашате посредникот во разговорите, Питер Ванхауте“, вели и денеска директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски. На прашање на „Мета“ дали во билатералните средби што посредникот ги има со партиите,...

Ван Хојте: Работната група се фокусира на билатерални средби за клучните прашања

Земајќи ги предвид последните случувања, работна група се договорила да се фокусира на билатерални средби за да се решат двете клучни прашања, односно изборот на преостанатите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство и именувањето на министри и на заменици-министри во Владата, изјави белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според...

Во Грција тивок оптимизам дека преодна влада би била поволен соговорник за компромис за името

Би можела ли потенцијалната преодна влада во Македонија да помогне да се раздвижат во позитивна насока врските со Грција? Весникот „Етнос“ пренесува оценки од грчкото министерство за надворешни работи дека преодната влада би можела да помогне да се направи чекор напред во преговорите за...

ЕУ бара засилена македонско-грчка гранична соработка

Грција прифати да прими и да згрижи 50.000 бегалци на нејзина територија. Покрај ова, на вчерашниот Самит за бегалската криза во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас го прифати и условот да се почне засилена меѓугранична соработка за подобро справување со бегалците што минуваат низ Балканот...

Митов: Решението за името да не создаде дополнителни проблеми со другите соседи

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Даниел Митов смета дека, потенцијалното решение за името не смее да се дозволи да создава проблеми со другите соседи на Македонија. Според Mитов, Грција има политичка волја за да се најде решение на спорот за името, меѓутоа формулата за решавање...

Лидерите на партиите се договорија да продолжат преговорите

По два и пол часа преговори, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, се договорија разговорите за Договорот од Пржино да продолжат утре со билатерални средби. Белгискиот олеснувач Питер ван Хојте изјави дека очекува наредната недела преговорите да...

Даниел Бер: Неуспехот на Договорот од Пржино ги доведува во прашање изборите

Неуспехот од спроведувањето на потребните реформи го доведува во прашање одржувањето на предвремените парламентарни избори закажни за април следната година, изјави амбасадорот на Соединетите Американски Држави во постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена, Даниел Бер, во своето обраќање пред Советот. Тој истаканува дека САД се загрижени...

МВР купува чоколади за 77.000 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша тендер за набавка на чоколади за сума од околу 77.000 евра. Огласот, како што може да се види на електронскиот систем за јавни набавки, е објавен на 6 октомври, а заинтересираните фирми понудите можат да ги достават најдоцна до...

Рочиштето „Пуч“ одложено за 13 ноември

Судското рочиште за „Пуч“ повторно е одложено, за 13 ноември во 10 часот. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не се појави на рочиштето, но неговиот адвокат Филип Медарски приложи доказ дека тој е на претходно договорен состанок со меѓунареден инвестициски фонд за развој. По завршувањето на...

ЕК: Разочарани сме, Договорот од Пржино е јасен пат кон прогресот

Европската комисија денеска изрази разочарување поради повторното пробивање на роковите од Договорот од Пржино. - Комисијата е разочарана и ги повикува на лидерство и на одговорност сите политички партии и со добра волја да го имплементираат договорот – изјави за „Мета“, Маја Коцијанчич, портпаролката на...

„Средношколски пленум“: Ќе протестираме сè додека не ни ги исполнат барањата

Средношколци денеска се собраа во Градски парк во Скопје, на протест под мотото „Борбата продолжува“. Од „Средношколски пленум“ велат дека барањата им остануваат исти, односно укинување на екстерното тестирање и државната матура да остане иста за веќе запишаните средношколци, а за новите да се...

Стејт департмент: Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза

Американскиот Стејт департмент оцени дека Договорот од Пржино е најдобриот начин за излез од политичката криза во Македонија и ги повика политичките партии да ја продолжат неговата имплементација. - Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот...

Јанева достави барање за комплетирање на тимот обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот на јавни обвинители за избор на преостанатите седум членови од нејзиниот тим, неофицијално дознава „Мета“. Утрово, пак, во 10 часот, почна состанокот на Советот на јавни обвинители на кој, како што вчера најави претседателот, Петар Аневски, ќе...

Политичките партии не постигнаа договор на лидерската средба со Хан

Лидерската средба на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, која вечерва се одржуваше во резиденцијата на ЕУ, заврши без договор. Прв средбата ја напушти лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој не сакаше да даде изјава за медиумите. По него си замина лидерот на...

Ван Хојте: Работиме напорно, мора да постигнеме напредок во оваа земја

Изминатата ноќ била тешка за работните групи, кои ги договараат точките за имплементација на Договорот од Пржино, изјави белгискиот олеснувач, Питер ван Хојте, објави „А1 он“ . Тој пристигна во резиденцијата на ЕУ во Пржино, каде еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ќе има средби со...

Хан: Ќе притиснам за итен напредок на политичкиот договор

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе изврши притисок врз лидерите на политичките партии за да го спроведат Договорот од Пржино. „На пат кон Скопје, ќе се сретнам со сите политички партии за да притиснам за итен напредок на...

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми...

Што го чека Хан во Скопје?

Секогаш кога преговорите на политичките партии ќе отидат во ќор-сокак, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, доаѓа да ја откочи работата. Тој во последните четири месеци трипати беше во Македонија - на 2 јуни, 13 јули и на 18 септември. По бурната недела, Хан в понеделник...

Договорени изборните закони, утре ќе се гласаат во Собрание

По 15 часа преговори, работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, утринава постигнаа договор за изборните закони, дознава „Мета“. Договорени се изборот и начинот на гласање во ДИК, гласањето на дијаспората и прочистување на избирачкиот список. Членовите на ДИК ќе се избираат по формулата „три плус...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...