fbpx

Охридската стрелачка Нина Балабан е прв наш потврден учесник на ЛОИ 2016

Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Женеиро. Како што информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК), тие во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) обезбедиле покана за учество на...

Хајндл се сретна со Заев и со Шекеринска

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик-претседателката на партијата, Радмила Шекеринска, утрово се сретнаа со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл, во германската амбасада во Скопје. На средбата се очекува да се разговара за политичката криза во Македонија и за начините како би можела...

Протест пред домот на Груевски: „Доста беше, ќе се избориме за слободата“

Голем портрет со ликот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска беше обоен во боите на „Шарената револуција“, пред зградата во која се наоѓа домот на поранешниот премиер. Таму и заврши протестот, кој денеска прослави мал јубилеј - еден месец од првиот ваков собир (на овој линк...

Хајндл: Времето е кратко, потребен е заеднички напор од сите партии

Германскиот дипломат Јоханес Хајндл, по пристигнувањето во Македонија, соопшти дека е дојден за да се запознае со ситуацијата во земјата. - Дојдов да се запознаам со ситуацијата и да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД, да резултира со успех. Мојата...

ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе листите за пратеници

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, вечерва во Државната изборна комисија ги достави листите на кандидати за пратеници на партијата. Како што рече Нелоски, на листите има вкупно 123 кандидати, од кои 74 се мажи, а 49 се жени. Во првата изборна...

Хајндл утре пристигнува во Скопје

Специјалниот пратеник на германското министерството за надворешни работи за Македонија, Јоханес Хајндл, утре ќе допатува во дводневна посета на Македонија, соопшти денеска германската амбасада во Скопје. Хајндл, кој воедно е и германски амбасадор во Австрија, за време на посетата ќе има средби со четворицата потписници...

„Мериот“ ги отвори вратите за првите гости

Хотелот „Мериот“, на скопскиот плоштад, денеска ги отвори вратите за првите гости. Објектот се градеше шест години, а инвестицијата чини околу 30 милиони евра. - Во хотелот вложивме многу труд, љубов и финансии. Овој објект го градеа компании од Македонија, а техничка поддршка имавме од брендот...

ДИК: Нема избори ако нема листи со кандидати за прaтеници

Ако до утре на полноќ, последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), не пристигне ниту една кандидатска листа, Комисијата има само една можност - да ја констатира таквата состојбата. Како што велат за „Мета“ од ДИК, тоа е...

Денеска „Шарената револуција“ ќе протестира против задолжувањето

Денеска „Шарената револуција“ продолжува во 13 градови низ Македонија. Протестот во Скопје почнува во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде во знакот на економската состојба на државата и на задолжувањето. „Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна...

Денеска почнува судењето на членовите на Левица

Денеска во Кривичниот суд ќе почне судењето против членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. Двајцата се обвинети за учество во толпа и се наоѓаат во куќен притвор. За нив и за другите осомничени и обвинети, обвинителството процени дека сториле материјална штета од 15.000 евра.

ГДОМ во Штип ѝ забранилo на новинарка на „Канал 77“ да го следи собирот

Реката Отиња стана симбол за поделбата меѓу двете групи граѓани во Штип, кои излегуваат на протести и на контрапротести. И вечерва демонстрантите си довикуваа од двете страни, а реката Отиња физички ги подели. Демонстрантите од „Шарената револуција“ тргнаа од пред Основниот суд, а маршутата ја...

Опозицискиот совет на Албанците на протест побара правда, демократија и достоинство

Со паролите „Али предавник“, „Демократија“, „Смрт за фашизмот“, „Долу ДУИ со Груевски“, „Правда“, неколку илјади граѓани од албанска етичка припадност го почнаа протестот „Ден Д – правда, демократија, достоинство“ во паркот во Чаир. Опозицискиот совет на Албанците го организираше протестот заради поголеми права, почит и...

Чауш направил инцидент на пауза од денешното рочиште за „Фабрика за афери“

Захир Бекири-Чауш на паузата од денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 направил инцидент. Тој пред судницата, со раце врзани со лисици, почнал да извикува „Алаху акбар“ (Алах е голем), а десетина припадници на ЕБР се обидувале да го задржат. Бекири упатил и неколку пцости и навреди до...

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција...

Оер: Како на 5 јуни би имало избори кога нема услови?

Француската амбасадорка, Лоренс Оер, денеска за време на посетата на Битола изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и порача дека мора да се најде решение. - Политичката криза во Македонија нè загрижува сите, особено мене затоа што доаѓам од Франција, една од државите основачи...

ФСП: Груевски нема кредибилитет и легитимитет да ја води државата

Форумот на слободоумни патриоти (ФСП) констатира дека одложувањето на предвремените парламентарни избори е уште еден во низата порази на корумпираната врхушка која го има узурпирано ВМРО-ДПМНЕ. После овој пораз, како што стои во соопштението, врвот на владејачката партија веќе нема кредибилитет и легитимитет да води...

„Шарената револуција“ ја поздрави Петир: Дали во ЕУ аболирате криминалци?

Активистите на „Шарената револуција“ денеска направија герила-акција за европратеничката Маријана Петир која беше на ручек во ресторанот „Пелистер“ со пратеничката и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Поддржувачите на „Шарената револуција“ се појавија со транспарент на кој пишуваше „Дали во ЕУ аболирате...

Обвинителство: Во податоците од СЈО нема докази дека Крпач бил под притисок

Во податоците што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги доставило до Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја истражува смртта на Коста Крпач, немало ниту еден доказ дека тој бил под притисок, тврди ОЈО Скопје. Во денешното соопштение на јавното обвинителство се вели дека околу смртта на...

ДУИ, ДПА и СДСМ не поднесоа листи за членови на избирачките одбори

ДУИ, ДПА и СДСМ не поднесоа листи на кандидати за членови на избирачките одбори, неофицијално информираат од Државната изборна комисија (ДИК). Вчера до полноќ, до кога беше и последниот рок да се поднесат кандидатски листи, тоа го стори само ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува, пак, на...

Британија е загрижена за посветеноста на Груевски на демократските процеси

Британскиот министер во сенка за надворешни работи, Хилари Бен, синоќа побара објаснување од британскиот државен секретар за надворешна политика и за Комонвелт оценка за владеењето на правото во Македонија, откако претседателот прогласи аболиција. Државниот секретар, Филип Хамонд, се повика на изјавата на министерот за Европа,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...