fbpx

Третата „бомба“: Местеле сè живо и диво!

Третата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одекна најсилно и предизвика најсилни реакции. На денешната прес-конференција Заев објави снимки од прислушувани разговори на директорoт на УБК, Сашо Мијалков, на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, сопственикот на...

Бес и гнев на „Твитер“ по објавувањето на третата „бомба“

Социјалната мрежа „Твитер“ денеска експлодира од емоционални статуси. Пред почетокот на прес-конефернцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која се објави третата „бомба“, македонската твитер-заедница почна шеговито да нагаѓа што денеска ќе биде топ-темата. Кладилнициве треба да пуштат типување шо ќе има во следната...

МОН и СОНК уште ги пеглаат разликите

Преговорите помеѓу претставниците на Министерството за образование и наука (МОН) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на социјалниот дијалог на највисоко ниво, се реализираат интензивно и во позитивна насока, информираa штуро и завиено од МОН. Ова е трета средба на...

Европските новинари реагираа на изјавите на Хан за слободата на медиумите

Новинарската бранша остро реагираше на изјавите на комесарот на ЕУ за претпристапни преговори, Јоханес Хан, дадени неколку часа пред неговото заминување во Скопје, во кои тој искажува сомнеж за рангирањата и за методологијата на „Репортери без граници“ за слободата на медиуми. На прашање од новинар од...

Студентскиот и професорскиот пленум ќе одат на средбата на МОН и на УКИМ

„Студентски пленум“ ќе има свои претставници на средбата помеѓу работните групи на Министерството за образование и наука (МОН) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што ќе се одржи денеска во Ректоратот на УКИМ во 16 часот. Претставници на „Студентски пленум“ ќе бидат Ивана Туфегџиќ...

МНР: Нема датум за договорот за добрососедство со Бугарија

Не е прецизиран датум за потпишување на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, соопштија од македонското Министерство за надорешни работи, по пишувањето на бугарските медиуми дека се знае кога двете страни ќе стават параф на овој документ. Од МНР додаваат дека веројатно „станува забуна со...

Бугарија е загрижена поради политичката состојба во Македонија

Бугарија е загрижена поради недостигот на дијалог меѓу власта и опозицијата во Македонија, изјави денеска бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов. Шефот на бугарската дипломатија кон крајот на неделава ќе допатува во Скопје, каде со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, ќе...

„Курир“ му ѕирна во аналитиката на „Плусинфо“

„Плусинфо“ денеска објави текст со наслов „Кај ци бе ти, Курир?“ во кој се вели дека четири интернет-портали, кои се критички настроени кон власта, во јануари годинава се пласираа меѓу првите 20 на листата најпосетувани интернет-медиуми, според истражувањето на „Гемиус“. Бранко Героски, раководител на проектот „Плусинфо“,...

Хан: Барам решение за доброто на вашата држава

Јоханес Хан, еврокомесарот за соседска политика и за преговори за проширување на ЕУ, се сретна со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. По средбата немаше изјави за новинарите, Хан само кусо кажа дека не може ништо да коментира додека не се сретне и со претставници на...

Хан се сретна со Иванов: Тука сум да помогнам за излез од кризата

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Јоханес Хан, комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ. На средбата било разговарано за интеграцискиот процес на Република Македонија во Европска Унија, за унапредувањето на добрососедските односи, како и за актуелните случувања во земјава. Претседателот Иванов истакнал...

Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза. - Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја...

Драма во Грција околу изборот на кандидат за претседател

Изборот за претседател на Грција се претвори во вистинска драма. Откако неуспехот да се избере Ставрос Димас доведе до предвремени избори и до политички земјотрес, сега владата на Алексис Ципрас никако не може да се договори за кандидатот за претседател. По неколкучасовно исчекување на обраќањето...

Протест за Тамара: Кога системот убива дете, што останува како утеха?

Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Секое наше дете е Тамара“ се собраа во Младинскиот парк во Велес за да го изразат револтот и да побараат одговорност за здравствените власти за смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која боледуваше од сколиоза и почина чекајќи одобрение...

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од...

Ахмети: Брисел да делегира политички и експертски тим во земјава

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Амбасадата на Германија во Скопје се сретна со делегацијата на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа при Бундестагот, предводена од пратеникот Петар Вајс, како и со амбасадорката Кристине Алтхаузер. Ахмети на средбата истакнал дека „местото на СДСМ...

Лавот Цезар и тигарот Путин не се соседи на кучињата-бездомници

Нема расфрлано мрши од животни ниту, пак, смет во кафезите на кучињата-бездомници. Оваа е сликата што ја затекнавме денеска во зоолошката грaдина во Битола, наспроти вчершните запрепастувачки фотографии на здружението за заштита на животни „Анима мунди“, на кои се гледаа коски од заклани животни нафрлени...

Студентите денеска ќе решат дали ќе преговараат со Адеми

Трет ден трае окупацијата на факултетите и студентите се во автономната зона, а од Министерството за образование и наука вчера предложија прва средба на работните групи за унапредување на пакетот реформи во високото образование, односно носење нов закон за високо образование да се одржи...

Кучињата и лавовите се први соседи во Битола

Фотографии од битолската зоолошка градина на која се гледаат кучиња затворени во кафези, а веднаш до нив мрши и коски од умрени животи, достави денеска Здружението за заштита на животни „Анима мунди“. Од здружението велат дека зоолошката градина во еден од најубавите градови во...

Утре средба Коѕиас – Ангелов

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, утре ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас. Ангелов е еден од првите амбасадори со кои се среќава Коѕиас по преземањето на функцијата од претходниот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. Средбата Ангелов-Коѕиас ќе биде...

Студентите бараат донации во храна и во опрема и остануваат во автономната зона

Студентите, преку својата страница на социјалната мрежа „Фејсбук“, порачуваат дека ќе останат на Филозофски/Филолошки факултет сè додека не се исполнат сите нивни барања. Тие на својот профил објавија повик до граѓаните, преку донации да им помогнат во нивната борба. Студентите ќе бидат на факултетот секојдневно, така...

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ - македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за...