fbpx

Градоначалничката на Арачиново го осуди нападот на екипата на ТВ 21

По вчерашната осуда од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и барањето до сите институции инцидентот со екипата на ТВ 21 во Арачиново веднаш да биде расветлен, попладнето со реакција се јави градоначалничката на...

Променливо облачно со повремен дожд, на места пороен

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималната температура од 12 до 20 степени. Во Скопје...

Законите донесени, се чека спроведувањето – презентиран извештај за Поглавјето 23

Во изминатиот период беа донесени клучните реформски закони во областа на правосудството и човековите права, но останува да се видат резултатите од практичното спроведување на тие закони, што ќе бидат важни во пристапните преговори за членство во ЕУ во Поглавјето 23. Ова беше истакнато на...

ЗНМ го осуди нападот врз екипата на „ТВ21“ од роднини на градоначалничката на Арачиново

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува нападот врз новинарот и снимателот на „ТВ21“ од страна на блиски роднини на градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими од СДСМ. „Вчера, откако екипата на „ТВ21“ снимила прилог во врска со поплаките на жителите на оваа општина за...

На трката со ролери учествуваа 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје

Лана Нацев од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во женска конкуренција и Алексеј Нелепа од ОУ „Љубен Лапе“ во машка конкуренција се годинешните победници на познатата „Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот Илинден. Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина...

Фазлиу: Ќе се инвестираат 4,7 милиони евра за 43 проекти во планските региони

Mинистерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, информираше дека во осумте плански региони ќе бидат реализирани 43 проекти во вкупна вредност од 290 милиони денари или 4,7 милиони евра. Од нив, 38 се инфраструктурни проекти, а пет се проекти за подготвка на техничка документација. До Министерството...

ДИК утре ќе го дистрибуира изборниот материјал до општинските комисии

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до Општинските изборни комисии (ОИК). Материјалот ќе се дистрибуира од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.

Владата ќе помогне во реставрацијата на катедралата Нотр Дам

Владата на денешната 130. седница донела одлука да се вклучи во поддршката за реставрација на катедралата Нотр Дам. „Владата го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната...

Првиот патнички воз успешно ја тестираше пругата Битола – Кременица

Извор: Facebook page of the Bitola-Kremenica Project
Успешно помина првичното тестирање на пругата од Битола до Кременина на македонско - грчката граница. Патнички воз на Железници на РСМ - Транспорт денеска направи пробно возење на пругата долга 17 километри. Екипите ја тестираа поставената сигнализација долж целата траса, вклучувајќи го и работењето...

Поранешни вработени на „Еурокомпозит“ го блокираа центарот на Прилеп

Дваесетина поранешни вработени во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, кои што од неодамна се прогласени за технолошки вишок, денеска на пладне протестираа на главната крстосница во центарот на Прилеп, во знак на револт, поради неисплатената отпремнина, заостанати плати и придонеси. „Упатуваме уште едно барање до Владата, да...

Неколку сообраќајници низ градот, утре ќе бидат затворени за сообраќај

Министерство за внатрешни работи информира дека утре ќе бидат затворени неколку сообраќајници. „На улицата 1732 (зад Националната фудбалска арена во Градскиот парк) поради однапред најавено снимање во организација на Агенција за маркетинг „Дивисион“, сообраќајот по оваа улица од потегот кај ресторанот „Опатија“ до фудбалскиот терен...

Ципрас ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“ порача дека нема да има предвремени парламентарни избори во Грција, односно ќе бидат одржани според планот, во октомври, пренесе „АНА-МПА“. Ципрас изрази оптимизам дека неговата левичарска коалиција СИРИЗА ќе победи на претстојните избори за Европскиот...

Град Скопје потсетува дека се уште трае повикот за субвенции за печки на пелети

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за набавка на печки на пелети и да надоместат дел од трошоците направени при набавка на печката. „На јавниот повик што Градот Скопје го објави на 31 јануари, а ќе трае до 30 ноември...

Комисијата за заразни болести прогласи епидемија на мали сипаници на целата држава

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство прогласи епидемија на мали сипаници на целата територија, информираше денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Владимир Микиќ. Тој додаде дека прогласувањето на епидемијата е со цел да се спроведат дополнителни мерки за да се спречи натамошното...

Меѓународната финансиска корпорација ќе помага домашните да се поврзат со странските компании

Домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори во ТИР-зоните преку проект кој Министерство за финансии го договорил со Меѓународната финансика корпорација (ИФЦ) за време на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, ИФЦ дале согласност да...

Времето променливо облачно, со сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движеше од 1 до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 9...

СВР во Тетово регистрирал шест, а во Гостивар 22 претоварени автобуси и минибуси

СВР - Тетово потврди дека во петокот, 11 април, полицијата го сопрела автобусот на „Еуро турист“ на линијата Скопје - Гостивар, ги симнала прекубројните патници, го казнила возачот, а подготвува казна и за компанијата. Како што објави „Порталб.мк“ околу 20 прекубројни патници се превезувале од...

Анкета: Пендаровски го зголемил водството на 3,7 отсто пред Сиљановска

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, е во благо водство (27,2%) пред Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ (23,5%), односно разликата е 3,7 процентни поени. Со ова се потврдува ставот дека се работи за изедначена трка, иако Пендаровски во меѓувреме, од претходната...

Волонтери од Германија направија патека за одење боси во Градски парк

Градоначалникот Шилегов денеска оствари средба со групата на волонтери од Бон, СР Германија, кои изминатиов период работеа на креирање ново катче и инсталација во првиот дел од Градскиот парк. „Новото катче во Градскиот парк се состои од кружна патека од различни материјали: парчиња од дрво,...

Германските компании со недостиг на квалификуван кадар и проблем со заштита на животната средина

Премирот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржа средба со Делегација на Германското стопанство, како и со претставници на германски компании кои што работат во земјава. Претставниците на компаниите со германски капитал ги посочиле најкрупните предизвици со кои што...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...