fbpx

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69,5...

Почна асфалтирањето на првите пет километри од експресниот пат Штип – Радовиш

Почна асфалтирањето на експресниот пат Штип – Радовиш, а според најавите, патот во должина од 23 километри, се очекува комплетно да биде завршен до април 2021 година. Асфалтирањето почнува по една и пол година од отпочнувањето на првите работи на овој пат. Директорот на ЈП за државни...

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. „Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019...

Собранието ја разреши Катица Јанева

Собранието денеска со големо мнозинство гласови (102) ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Одлуката треба да биде верификувана од Советот на јавни обвинители кој за попладнево закажа седница. Постапката за разрешување започна поради незаконито, несовесно и нестручно вршење на функцијата, откако Катица Јанева заврши...

Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина

Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово - Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година. - Бидејќи во тек на градба се...

Засега предметите од СЈО ќе останат кај досегашните обвинители

Јавното обвинителство ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, информираат од таму. „По преземањето на предметите, доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети сè до определување...

Остри реакции од еколошките здруженија за спроведувањето на Планот за чист воздух и за Макрадули

Девет месеци откако беше најавен како стратешки приоритет на Владата за справување со аерозагадувањето во државата, Планот за чист воздух влезе во фаза на реализација, проследен со критики од еколошките здруженија. Јани Макрадули, заменик министерот за животна средина задолжен од Владата за спроведување на Планот...

Намалување на бројот на туристи во јули

По минатогодишната рекордна сезона на гости, бројот на туристи и остварени ноќевања изминатово лето се намалува. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во јули 2019 година изнесувал 171.862, кои оствариле 682.854 ноќевања. Бројот на туристите во јули 2019 година,...

Јутјуб ќе престане да прикажува видео реклами за деца

Јутјуб најавува дека ќе престане да ги користи децата како целна група за реклами. aмериканската Федерална комисија за трговија (Federal Trade Commission - FTC) неодамна ја обвини најголемата веб платформа за видеа дека го прекршила законот за заштита на децата до 13 години според...

„Вистиномер.мк“: Химната не е отстранета од образовните програми за основците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски, деновиве во јавноста ја пласираше информацијата дека „Во новата наставна програма химната е отстранета и наместо неа, Власта смета дека поважно за ќерка ми е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori“, која „Вистиномер.мк“...

Охридско Езеро и неговото крајбрежје се чистат од отпад

Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на акцијата за чистење на Охридското Езеро и на неговото крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија,...

Љупчо Палевски – Палчо притворен во Белград по хрватска потерница

Познатиот бизнисмен и политички активист Љупчо Палевски – Палчо, вчера бил притворен во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва. Љупчо Палевски е поранешен функционер на СДСМ, а денес гласен противник на моменталната политика на СДСМ и...

Во рударска населба од 6. век кај Радовиш пронајдени над 1.000 артефакти

На три археолошки локалитети, кои сведочат за постоење на рударска населба старa 5.000-6000 години, на потегот меѓу Штип и Радовиш, се пронајдени бројни артефакти, кои од синоќа се изложени на изложба во галеријата „Безистен“ во Штип. Археолозите, кои работеле интензивно на ископување близу четири години,...

Манчевски: Соочени со штетата од лажните вести, потребни се конкретни мерки за регулација

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, зборуваше на панел сесијата на тема: „Политиките и медиумите“, во рамките на најголемата медиумска конференција „Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан“, во Подгорица. Тој се осврна на реформите, на новиот Закон за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, како...

Во Софија бугарско-македонската комисија ќе расправа за Гоце Делчев

Во Софија на најновиот состанок на заедничката македонско-бугарска експертска комисија, денеска ќе се расправа за ликот и делото на Гоце Делчев и чиј е овој македонски револуционер, кој се борел за автономна Македонија. На вчерашниот дел од дводневниот состанок, експертите во Софија работеле по претходно...

Претежно сончево време, со засилен северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево и ветровито, со засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Температурата во текот на денот ќе се движи од 25 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде сончево, со повремено засилен северен...

Денови на медиумите ЕУ – Западен Балкан: Слободата е суштинска за пристапување во ЕУ

Во организација на Европската комисија (ЕК), во Подгорица, Црна Гора се одржува најголемата медиумска конференција за Западен Балкан. Конференцијата која се одржува по трет пат, ги истакна проблемите со кои се соочуваат медиумите од регионот, предизвиците и можните решенија за да функционираат слободно и...

Владата размислува субвенциите до 3.000 евра за нови автомобили да ги замени со намалување на ДДВ на 5 отсто

Министерството за економија и работната група за субвенциите за автомобили сериозно ја разгледуваат можноста наместо да доделуваат од 2.000 до 3.000 евра за носење на стариот нееколошки автомобил во отпад и набавка на нов автомобил, да го намалат ДДВ-то за увоз на нови или...

Извозот во првите седум месеци бележи пораст од 7,4 отсто

Извозот на стоки од земјава расте побрзо во однос на увозот. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од државата, во периодот јануари – јули 2019 година, изнесувала 4.197.709 илјади американски долари и бележи пораст од 7,4 отсто...

Дончев: Нема земање лек без лична карта, ова го правиме за да имаме контрола

Од први октомври стартуваат новините при издавање и подигање лекови. Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство, денеска на брифинг со новинарите рече дека за половина месец се укинуваат квотите, односно ќе стартува т.н. нулта фаза, која предвидува при потпишување рецепт и при подигање...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...