среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

#Одговорност е да нема диви депонии

ноември 10, 2016

На дел од незаградената површина која порано беше база на „Комунална хигиена – Скопје“ во населбата Дуќанџик, веднаш до улицата на која има многу куќи, и по акциите од кампањата „Македонија без отпад 2016“ има дива депонија, на која е натрупан шут, разни крупни предмети, но и ситен отпад од домаќинства и од работилници. Така […]

#Одговорност е да се оддалечат коцкарниците од училиштата и од населените места

ноември 9, 2016

Сведоци сме на големото распространување на објектите за игри на среќа, при што во последно време тие може да се забележат на секое ќоше во земјава, почнувајќи од обложувалниците, па сè до казината. Овие објекти, освен што го осиромашуваат народот, особено се опасни за малолетните деца бидејќи создаваат зависност. Во приницип, игрите на среќа се […]

#Одговорност е кога властите одговараат на ненарачани новинарски прашања

ноември 8, 2016

Во оваа наша македонска сага, секојдневно имаме ситуции кога некои од новинарите наместо да го штитат јавниот интерес,  со еден сервилен и апологетски пристап ја воспеваат власта. Па, во еден таков целосно изместен вредносен амбиент, јавноста гледа, односно чита славопојки за владејачката партија, наместо коректно интервју со задолжителна професионална дистанца. Сведоци сме како прес-конференциите на експремиерот […]

#Одговорност е Битола да не биде најзагаден град во Македонија

ноември 8, 2016

Почнува грејната сезона, а битолчани ги чекаат информациите за тоа каков воздух дишат и колку често се задушуваат во смог. Чадот, мирисот на изгорено, маглата, стануваат секојденевие. Граѓаните се жалат на тешкотии при дишењето, очите печат, грлото гребе… Има денови кога битолчани се изложени на висока концентрација на честички ПМ10, кои ја надинуваат дозволената концентрација во воздухот дури […]

#Одговорност е јавната администрација да не се третира како гласачка машина

ноември 5, 2016

Дел од „бомбите“ што минатата година ги објави опозицискиот СДСМ, го открија тоа што многумина го знаеја: голем дел од администрацијата, што од послушност, што од немај-каде, од пусти страв да не остане „без парчето леб“, гласа така како што ќе наложи партијата на власт. Небаре сме во времето на еднопартизмот. Само за илустрација, во […]

#Одговорност е канализациска мрежа, а не септичка јама

ноември 4, 2016

Пребарувањето по интернет со зборовите „без канализација“ и слични формулации дава поразителни резултати: освен за значителен број села и помали места во Македонија, фекалната канализација во втората деценија на 21 век е фантазија и за делови од градското јадро на Скопје! Според публикацијата на Државниот завод за статистика, „Статистика на животна средина, 2015“ во која се […]

#Одговорност е да има повеќе логопеди Албанци

ноември 3, 2016

Една говорна мана, по правило, предизвикува тешкотии во учењето, но се одразува и на резултатите на ученикот и на социјалниот живот на детето. Сите овие проблеми се решливи со посета на логопед, кој може да ги дијагностицира маните во говорот и по потреба може да препорача индивидуална или групна терапија за лекување на утврдениот проблем. […]

#Одговорност е градот да не изгледа како голема канта за отпадоци

ноември 2, 2016

Недостигот од канти за отпадоци е голем проблем со кој се соочува скопската општина Чаир. Во нивно отсуство, ѓубрето смрди низ улиците на главниот град. Граѓаните што живеат во овој реон ги обвинуваат Општината и претпријатието за комунална хигиена дека го занемаруваат проблемот, но, исто така, и неодговорните граѓани. На главните улици воопшто нема канти […]

#Одговорност е учебници без грешки, говор на омраза и без навреди

ноември 1, 2016

Многу нелогичности, како и стручни, јазични и дидактички грешки честопати се забележуваат во учебниците за основните и за средните училишта, па дури и во тие што се користат на факултетите. Изминативе години имаше повеќе скандалозни случаи со литература за основци, средношколци, па и за студенти, во која има смешни дефиниции, погрешни равенки, збунувачки материјали и содржини кои […]

#Одговорност е да нема улички на смртта!

октомври 31, 2016

Брзата помош и пожарната не можат да пристапат низ тесните улички во повеќе градски населби, како скопски Чаир, тетовските и кумановските населби. Жалбите на граѓаните кои се во ризик се многубројни затоа што во случај на несреќи, пожари и други ситуации во кои е неопходна итна интервенција, самите жители се оштетени. Возилата за итни интервенции не можат да […]

#Одговорност се рампи за лицата со телесен инвалидитет

октомври 30, 2016

Во Македонија, во 21 век, лицата со физички хендикеп не само што сè уште имаат тешкотии да влезат во некои објекти, туку, да биде иронијата поголема, најголем проблем имаат да пристапат во образовните институции и тоа можат да го сторат само на првиот кат! За непоставени пристапни рампи за лица со посебни потреби, државата може […]

#Одговорност е да не се дозволи труењето на граѓаните

октомври 29, 2016

Канцерогените честички ПМ10 во воздухот во Тетово и понатаму се присутни во големи количества. Од 2009 година, Тетово и околните села дишат загаден воздух, во кој нивото на ПМ-честичките неколкупати ја надминува дозволената граница. Само во 2015 година, во Тетово воздухот беше загаден дури 260 дена. За загадениот воздух во Тетово, граѓаните, меѓу другите, ја […]

#Одговорност е издавање функционални здравствени картички

октомври 28, 2016

Електронските здравствени картички, за џабе потрошени милиони. Огромниот проект за електронските картички имаше цел да ги замени постојните здравствени книшки со електронски картички што би функционирале со посебен електронски систем, меѓутоа тоа не се случи и проектот пропадна. Електронските картички веќе неколку години се користат само наместо сини картони, а Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) неколкупати […]

#Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

октомври 27, 2016

Скопската обиколница во поплавата што ги погоди североисточните делови на Скопската Котлина на 6 август годинава, се претвори во апокалиптичен соучесник на надојдените води. Кај Стајковци таа насобра вода која однесе човечки животи и нанесе огромни штети на објекти и на автомобили и засекогаш го измени животот на илјадници жители на Стајковци и на другите […]

#Одговорност е брзата помош навистина да е брза

октомври 26, 2016

Бројот на повици и на интервенции во Итната медицинска помош во просек е околу 70 дневно, но има денови кога помош бараат и повеќе од 130 лица. Просечното време на пристигнување на екипата за брза помош по повик во Скопје е 38 минути. Ова не важи ако повикот е упатен во време на најголемиот метеж […]

#Одговорност е улици и патишта без дупки

октомври 25, 2016

Дупки на улиците има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да искомуницираат, да се информираат и да се предупредат меѓусебно за некоја нова или некоја стара, ама особено длабока дупка. Колку и да внимаваме, последниве години веќе сè е залудно – улиците во Скопје се кратер до […]

Страна 3 од 3