fbpx

Велес: Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот

Илјада жители од десетина велешки села и во 21 век живеат отсечени од цивилизацијата. Со години бараат да им се асфалтираат полските патишта што се планираат во буџетите на Општината. Тие беа планирани и во годинешниот буџет. Наместо 16.800.000 денари за изградба и за реконструкција на локални...

Битола: Златниот рид стана мрачна населба

И по пет години од најавата на проектот Златен рид, каде требаше да никне најлуксузниот кварт во Битола, со хациенди, згради, градинки и со други институции, таа населба со градот е поврзана само со козји патеки. Како и зошто се потрошени 2,5 милиони евра од парите на...

Тетово: Дводецениска жед за вода

Како градоначалничката Теута Арифи се буди и се мие без вода? За кога ветува дека ќе го реши „еднаш засекогаш“ проблемот со водата? Сите градски власти досега потфрлија во обидите да обезбедат вода, а сега има и друг проблем – тетовската водоводна мрежа се распаѓа. Две...

Василево: Четири години за четири километри

Четири години по ред, локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во општина Василево е во плановите и парите се одвојуваат во буџетот на Општината. Останаа четири километри пат – четири километри секојдневно малтретирање за жителите на овие места, кои никогаш не открија каде и како...

Прилеп: Дом за стари лица како дом за казненици

Замрзнатата и блокирана сметка ги остави без греење, без доволно храна и грижа 128 станари во Домот за стари лица во Прилеп. На штитениците, кои и самите плаќаат за услугите, им се закануваат извршни решенија за наплата на долгови. Анализите покажуваат дека, всушност, Домот за стари...

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...