fbpx

Во превозот доминираат стари возила – за секој нов увезуваме девет стари автобуси (инфографик)

И по неколкуте сообраќајни несреќи во земјава во кои учествуваа автобуси, македонските превозници продолжуваат да увезуваат половни автобуси и минибуси од странство. Според податоците на Царинската управа на РСМ, во првите шест месеци од годинава се увезени 133 автобуси и минибуси, од кои дури...

Три пати зголемен бројот на сообраќајки со возачи под дејство на алкохол (инфографик)

Бројката на возачи што учествувале во сообраќајки под дејство на алкохол нагло растел во последните пет години, покажуваат статистиките на Министерството за внатрешни работи. Од 2014 до 2018, бројката на сообраќајни несреќи во земјава во кои учествувале возачи што управувале возила под дејство на алкохол,...

Охриѓанката Маргарита Каровска – Нили, дел од тимот на опсерваторијата „Чандра“

Охриѓанката Маргарита Каровска - Нили веќе неколку децении работи во Центарот за астрофизика Харвард-Смитсониан при престижниот Универзитет Харвард на голем број проекти од НАСА. Оваа исклучителна жена e астрофизичар и дел од тимот кој работи на еден од најголемите и најзначајни проекти на НАСА,...

Антикорупциска: Комисија која од борец стана творец на корупција (визуелизација)

Државната комисија за спречување на корупцијата беше формирана во 2002 година како клучно тело во спречување и справување со коруптивното однесување на носителите на функции и злоупотреби на јавните пари. Првиот состав на новото тело го оправда ентузијазмот и надежите – покрена неколку капитални случаи...

Хронологија: Како се смени власта во Македонија

Трите години политичка криза за граѓаните на Македонија беа тешки, исцрпувачки и стресни. Кризата не беше само политичка, таа премина и во економска, социјална, морална и етичка. Имаше серија протести и контрапротести, судења и контрасудења, истраги и контраистраги. Потпишан беше Договорот од Пржино, па...

Груевски во фото-илегала – престана да се слика со странците и со дипломатите

Ниту од последната средба на британскиот државен министер сер Ален Данкан, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во јавноста не се појавија фотографии. Груевски од неодамна воопшто не сака да се слика кога разговара со странците. Партијата само издава подолги и детални соопштенија -...

Малтретирањето на дипломатите е редовна разузнавачка забава од Москва до Македонија

Дипломатите на САД, персоналот во амбасадите и нивните семејства во Москва и во уште неколку други европски држави изминатиов период биле цел на малтретирања и на заплашувања, како дел од организирана кампања, оркестрирана и систематски спроведувана од руските разузнавачки и безбедносни служби, пишуваше во...

Спасов, Стамов, Јовановиќ, Урко, Зекиров – сообраќајките и бегањето како неславна навика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, не е единствениот функционер од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ што учествувал во сообраќајна несреќа и побегнал од местото на настанот. Претходно, вакво поведение манифестираа двајца градоначалници на владејачката партија, кои, како и Спасов, побегнаа, еден од местото,...

Датуми и рокови: Визуелизација на договорот од 20 јули

Договорот што вчера го постигнаа претставниците на четирите најголеми политички партии има неколку клучни датуми и неколку рокови кои треба да се исполнат за да можат лидерите на партиите до 31 август да имаат лидерска средба и да договорат датум за избори и формирање преодна влада.

Визуелизација на пишман-аболицијата на Иванов: Датуми, изјави и бројки

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, на 12 април, на прес-конференција, соопшти дека помилувал 56 лица - политичари и нивни соработници - за да стави крај на политичката криза. Наместо тоа, потегот на шефот на државата предизвика жестоки протести и реакции и кај нас и во светот. По...

Визуелна хронологија: Еден месец протести против аболицијата

Точно еден месец помина (12 април) откако претседателот на државата, Ѓорге Иванов, прогласи широка аболиција и помилува 56 лица – политичари и нивни соработници кои се споменуваат во прислушуваните разговори. Таа одлука, донесена пет дена по распуштањето на Собранието, предизвика бура протести низ целата земја...

(Визуелизација) Кои се, што се и колкумина се помилуваните од Иванов?

Одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на сите политичари е објавена во „Службен весник“, каде се наведени имињата на 54 лица помилувани од претседателот. Меѓу нив се и имињата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, поранешниот директор...

Предизборни рокови и обврски: Кој, што и кога треба да направи до 5 јуни

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, пред три дена се договорија да ги одложат предвремените парламентарни избори што беа закажани за 24 април годинава и одредија нов термин – 5 јуни. Еве кои се датумите и термините што треба да се испочитуваат: 7 април (60 дена...

Бегалската криза станува клучна за македонската разврска

Дали Договорот од Пржино и понатаму останува столб за излез од политичката криза или неговата суштинска улога е фрлена под тепих за сметка на кризата со мигрантите, околу која доскорешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе направил некаков договор со Европската унија?...

Сите убави изрази на Груевски: Клоци, стампеда, ангели, ѓаволи, насадени, црпнати…

Со педесетина пати изговорен зборот „народ“ и со повеќекратно повторување на зборовите „будала“ и „глупав“, помина 30-минутниот говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера на 16. конференција на партиската унија на жени. Со низа метафори, поговорки и со измислени фрази, лидерот на владејачката партија го...

Груевски и понатаму се однесува како да е премиер

ВМРО-ДПМНЕ вчера организираше состанок за проектот (на Владата!)  „Купи куќа за млади“, кој се одржа во хотелот „Александар палас“ и на кој присуствуваше претседателот на партијата, Никола Груевски. На средбата присуствуваа градоначалници и министри. Проектот „Купи куќа за млади“ го промовираше Никола Груевски како премиер...

Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?

Денешниот ден беше полн со политички пресврти. Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси ненадејно, донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, во согласност со Договорот од Пржино. „Одлуката на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврдува дека Никола Груевски се плаши и...

Хан го подбраа на социјалните мрежи

По неуспешните преговори на четирите најголеми политички партии потписнички на Договорот од Пржино заедно со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на социјалните мрежи има лавина од негативни критики кон Хан, каде го обвинуваат за неинформираност, пристрасност и непрофесионалност. https://twitter.com/bakraci/status/688369774779326464 https://twitter.com/SPendarovski/status/688369467475259393 https://twitter.com/stefan_duvnjak/status/688363427685883905 https://twitter.com/Sulimanovic/status/688346336052285440 https://twitter.com/pilula12/status/688343848981000192 https://twitter.com/bakraci/status/688338701768912896 https://twitter.com/Mile_Panika/status/688336769436221443 https://twitter.com/razvigorka/status/688332972559314944 https://twitter.com/ArslaJeMeniBog/status/688320332772589568 https://twitter.com/mojokilington/status/688318283293036544 https://twitter.com/Dimitrov_Nikola/status/688313528189607936 https://twitter.com/VidanaDeSign/status/688310936973742080 https://twitter.com/mnogufina/status/688306875226521600 https://twitter.com/janwicki/status/688284260180967425 https://twitter.com/firerot_/status/688381409677979648 https://twitter.com/Pavlovikj/status/688375542341615616 https://twitter.com/firerot_/status/688362981760053249 https://twitter.com/firerot_/status/688362847764631552 https://twitter.com/svekjichka/status/688348240375336960 https://twitter.com/ArslaJeMeniBog/status/688340881666093056 https://twitter.com/vladokrstevski/status/688314671108108289 https://twitter.com/kezhmanprvi/status/688311896219455488 https://twitter.com/ATANASOP/status/688292623669440512 https://twitter.com/firerot_/status/688292368202596353 https://twitter.com/JakovFendu/status/688281416191221760

Твитерџии експресно порачаа: Збогум Никола!

По обраќањето на премиерот Никола Груевски и неговата најава дека утре ќе ја депонира оставката до Собранието како еден од условите од Договорот од Пржино и за да се стави крај на политичката криза, социјалните мрежи се преплавија од реакции и од „оценки“ што,...

СДСМ сака да разговара за одложување на изборите, ама нема со кого

СДСМ сака да разговара за тоа до каде е имплементацијата на Договорот од Пржино и дали има простор изборите да се одложат за извесно време, но нема со кого да разговара, тврдат извори од опозициската партија за „Мета“. - Ние сакаме да зборуваме за тоа што...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...