fbpx

Гори Универзалната сала во центарот на Скопје

Пожар избувна денеска во Универзалната сала во Скопје. Гори куполата која беше поставена пред точно две седмици. Во моментов големи пламени јазици и чад се издигаат над тој дел од градот. Дежурните пожарникари на телефонскиот број 193 потврдија дека се работи за објектот Универзална сала....

Продолжува чистењето на линданот во ОХИС, но нема пари да се доврши малата депонија

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе започне деновиве, по пауза од седум месеци. Ќе треба да се ископаат нови 450 тони на HCH отпад и 250 тони на HCH контаминирана земја од четвртиот лот на депонијата, а работите на терен се...

Македонците во 2023 година потрошиле 650 милиони евра на онлајн пазарење

Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Ова бројка е за 18 отсто повисока во однос на 2022 година. Вкупниот број на трансакции е исто...

Лекарите на Клинички на протест побараа повисоки плати и решавање на хаосот со паркингот

„Егзодус на докторите и на медицинските сестри“, „Дали планирате уште некој генијален преглод закон со кој ќе ги намалите работничките права?“, се само дел од транспарентите со кои денеска, околу 200 доктори и медицински сестри од Клинички центар го искажаа својот револт пред зградата...

Само лани во Струга се затворени 154 бизниси, останатите едвај преживуваат

Зголемувањето на трошоците за живот, доминацијата на пазарот од гигантските компании и пред сè миграцијата на младите предизвикала затворање на многу мали бизниси во Струга, а оние кои продолжуваат да дејствуваат на пазарот велат дека се соочуваат со големи потешкотии. Во текот на 2023...

50 нови случаи на голема кашлица за само една недела, 9 од нив се хоспитализирани

Во периодот од 29 март до 4 април пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица, информира денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најголем број од случаите се пријавени во Скопје (n=34), а пријавени се случаи и во Битола, Тетово и по еден случај...

Во Свети Николе нема да се гори ниту медицински, ниту опасен отпад

Ниту еден вид на отпад нема да се согорува на регионалната депонија во селото Мечкуевци во Општината Свети Николе. Капацитетот, кој треба да биде првата депонија по европски стандарди изградена во земјава, ќе има само објекти за секундарна селекција на хартија, пластика, стакло, дрво...

Ослободен новинарот Фуркан Салиу, негира дека нападнал полицаец, а за пиштолот вели дека поседува дозвола

По приведувањето за време на инциденти на фудбалскиот натпревар БВК Коњаре-Куманово, основачот, уредник и новинар на PortaliX, Фуркан Салиу, доцна вечерта излезе од полициска станица. На рацете имаше траги од лисиците и мали повреди од чинот на апсењето. Салиу беше приведен, како што изјавија од...

Уапсен новинарот Фуркан Салиу на фудбалски натпревар, во автомобилот пронајден пиштол

Денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре" и ФК „Куманово", на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен...

Здравствените работници утре на протест

Здравствените работници утре излегуваат на протест, поради незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор. Протестот е организиран од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот...

Болницата во Тетово не доби Универзитетски клинички центар, ниту нов објект, како што вети ДУИ

Предизборните ветувања во 2020 година на Демократската унија за интеграција (БДИ) за Болницата во Тетово не се реализираа како што беше ветено. На прашањато на Порталб.мк зошто не ги исполниле ветувањата од својата програма, ДУИ молчи, пишува Порталб.мк. Во изборната програма 2020-2024 за последните парламентарни...

Женска трка во поддршка на жените со мултипла склероза

Трета година по ред се одржува женската трка во соработка со Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза. Годинава 3.500 учеснички на Женска трка дадоа поддршка на жените со мултипла склероза, со поставување на портокалова панделка, во знак на солидарност...

Додека копал нива во битолско, нашол 80 гранати од Првата светска војна

Вчера во 11.00 часот во Полициското одделение Новаци, Ж.А. пријавил дека при работа во неговата нива во с.Рибарци, битолско, пронашoл 80 стари гранати. За настанот бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој утврдил дека се работи за минофрлачки гранати од Првата светска...

Притвор за лице кое лажно се претставувало како вработен во АНБ и изнудило 180 илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела изнуда и лажно претставување. Според обвинителството, тој во периодот од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, лажно се претставувал како службено лице – вработен...

Пожар во автокамп во Охрид, нема повредени

Вчера, на 6 април, околу 18 часот во охридската полиција било пријавено дека на плажа на брегот на Охридското езеро, во близина на автокамп, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. „По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на...

Светски ден на здравјето: Пред 20 години имало 18.000 лекари, сега има околу 6.000

Пациентите сè уште немаат пристап до лековите од новата ажурирана позитивна листа, која се најавува веќе две години. Дијабетичарите велат дека ако антидијабетна терапија ги чинела 70 евра месечно, сега за неа мора да плаќаат 120 евра. Пациентките, пак, и натаму мака мачат да...

Контраспин: Репреговарањето секако носи неизвесност и несигурност во однос на ЕУ

Политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на...

(ВИДЕО) Горат автомобили на стариот полигон спроти Градски стадион

Црн чад се издигаше попладнево над стариот полигон спроти Градскиот стадион – Национална арена „Тоше Проески“, под Скопското Кале. Според информации на очевидци, гореле најмалку четири автомобили, а постоела опасност огнените јазици да зафатат и други возила паркирани на локацијата. Екипи на противпожарните служби со неколку...

„Фич“: Инфлацијата и натаму ќе забавува

Соодветната монетарна политика, стабилизирањето на цените на храната на светските берзи, како и временото замрзнување на цените на храната придонесоа за намалување на инфлацијата, се наведува во последниот извештај за земјава на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг „ББ+“...

Извештај на Народниот правобранител: Бројот на претставки за работата на јавните обвинители се намалува

Вкупно 63 претставки се поднесени во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во земјава, покажува Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител. Бројот на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...