среда, 14 октомври, 2026
Meta.mk

Посмртно слово за мерната станица „Битола-2“

ноември 4, 2014

Мерната станица „Битола-2“ е новиот споменик на екологијата во Битола. Откако 800 дена не работи и не го мери аерозагадувањето во градот, Здружението на граѓани „За нас се работи“ на групата „Битола сака чист воздух“, која брои околу 12.000 членови на социјалната мрежа Фејсбук, денеска положи свежо цвеќе пред мерната станица, читајќи посмртно слово за нејзината прерана […]

Ќе се гради затвор само за педофили?

ноември 4, 2014

Затвор во кој казна ќе издржуваат само педофили најверојатно ќе се гради во Македонија. Ова засега е само идеја која се разгледува, но директорката на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска, смета дека ваков затвор е потребен во земјава, известува „Нетпрес“. Таа вели дека се разгледува оваа опција и се утврдува дали е во […]

По породувањето на жената, гинекологот ќе бара да се отвори боледувањето

ноември 4, 2014

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, денеска рече дека ФЗОМ никогаш не размислувал, ниту предлагал надоместокот на плата да биде на товар на фирмите и истакна дека владиниот предлог за „побрза исплата на надоместоците“, мислејќи за породилно отсуство и за боледување, бил по барање на осигурениците. – Мотивот на Фондот за сите проекти […]

Криел дрога под хауба

ноември 4, 2014

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.Н. од Скопје, кого го товари за неовластено производство и продажба на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори и за овозможување употреба на опојни дроги. Пријавениот, на 6 јули годинава, отворајќи ја пред полициските инспектори хаубата од неговото патничко моторно возило „БМВ“, исфрлил најлон кеса со опојна […]

(ФОТОГРАФИИ) Вевчани – село со богат градски живот

ноември 4, 2014

Многувековна културна традиција стои зад населбата Вевчани која, со околу 3.500 жители, денес е една од најмалите, а најафирмираните општини во земјата. За познатиот Вевчански василичарски карневал велат дека е со традиција подолга од еден милениум. Основно училиште на мајчин македонски јазик имаат уште од 1835 година (од годинава тамошните деца први во Македонија  учат на тач-табли), библиотеката […]

Граѓанските здруженија од Тетово загрижени поради „Југохром“

ноември 4, 2014

Граѓанските здруженија од Тетово се загрижени поради продолжувањето на законскиот рок за имплементирање на еколошките стандарди за работа на еден од најголемите загадувачи на воздухот во полошкиот регион, комбинатот „Југохром“, пренесе радио МОФ. Граѓаните од тетовскиот регион ја коментираат различно одлуката за продолжување на рокот за уште две години, која, според надлежните, е донесена од […]

СДСМ Крива Паланка: Кој и зошто ги штити фирмите што ги прекршуваат работничките права

ноември 4, 2014

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски толерираат грубо кршење на работничките права во конфекционерската и во чевларската индустрија во Крива Паланка, реагираат од СДСМ Крива Паланка. „Според информациите што се доставени до нас, вработените во текстилната индустрија, наместо пријавените 40 часа неделно, работат по 9 или 10 часа на ден, и тоа пред очите на трудовата […]

Македонија е на 69. место во светот по просперитет

ноември 4, 2014

Македонија е на 69. место во светот од рангирани 142 земји  според индексот на просперитет на британскиот научен институт „Легатум“. Станува збор за годишна процена на богатството и на благосостојбата на земјите, а индексот на просперитет се пресметува врз основа на осум категории: економија, образование, претприемништво и можности, управување, здравје, лична слобода и безбедност и социјална […]

Стружани бараат реконструкција на плоштадот и на Споменикот на револуцијата

ноември 4, 2014

Стружани бараат санирање на Градски плоштад и на Споменикот на револуцијата, на кејот на реката Црн Дрим. Спомен-обележјето е изградено пред повеќе децении, во чест на повеќе од 3.000 учесници во НОВ и во ПОМ на Македонија (1941 – 1945) и ги симболизира заедништвото и саможртвата на загинатите 335 борци и жртви на фашистичкиот терор од Струга […]

Предложените законски измени ги раскараа нотарите и адвокатите

ноември 4, 2014

Додека трае подготовката на измените на Законот за нотаријат, нотарите и адвокатите се поделија околу предлогот да се воведе законска обрска за ангажирање правен застапник при склучување договор. Според нотарите, адвокатите и сега се чести гости во нивните канцеларии и немаат ништо против нив, но од принципилени причини не сакаат да го прифатат новото законско решение. […]

Форум за климатски промени во Тетово

ноември 4, 2014

Научен форум, насловен „Климатските промени и Македонија“, во организација на Институтот за животна средина и здравје, ќе се одржи денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На форумот ќе присустува и ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири.

Битолската поп-дива Билјана Дамјановска стана почесен конзул на БИХ

ноември 4, 2014

Битолската дива Билјана Дамјановска-Јанчевска е именувана за почесен конзул на Босна и Херцеговина во Република Македонија. Додека конзулатите на Велика Британија, Словенија и Хрватска отидоа под клуч, Босна и Херцеговина, на изненадување на поголем дел од јавноста, отвори свое претставништво на Широк сокак. Целта на новоотвореното конзуларно преставништо е продлабочување на економската и на културната […]

Средба на Заев со Жерновски и со Петковски

ноември 4, 2014

Тито Петковски и Андреј Жерновски денеска треба да се сретнат со лидрот на СДСМ, Зоран Заев, а се очекува да присуствуваат и пратеници од НСДП и од ЛДП. Според најавите, главни теми на состанокот се очекува да бидат стратегијата за натамошно дејствување на опозицијата и бојкотот на парламентот.

Саем за вработување во Штип

ноември 4, 2014

На саемот за вработување, што денеска ќе се одржи во Штип, 32 компании ќе ги престават потребите за работна сила  во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија. На саемот ќе се обрати директорот на АВРМ, Влатко Поповски, а предвидено е одржување на панел-дискусија за работодавци, како и информативна средба за млади.

Магла по котлините, сонце преку ден

ноември 4, 2014

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност, која некаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, со локална облачност и со слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од […]

СДСМ: Долго време требаше ВМРО-ДПМНЕ да го признае загадувањето во Битола

ноември 3, 2014

ВМРО-ДПМНЕ го призна загадувањето на воздухот во Битола, по многу алармирања од  СДСМ, изјави денеска претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски. Тој посочи дека освен признанието, не е преземена сериозна мерка, туку само комичен обид. – ВМРО-ДПМНЕ го призна проблемот со загадувањето на воздухот во Битола. Но, наместо да преземе […]

СДСМ Штип: Од ЈП „Исар“ прво сечат, потоа мерат

ноември 3, 2014

Локалната власт и ЈП „Исар“ прво сечат, а потоа мерат, обвинија денеска на прес-конференција штипските социјалдемократи. Пример за ова, според нив, е зоолошката градина во Штип, каде прво се почнало со работа, а потоа се донела одлуката за градба. Реагираа и од ЈП „Исар“, од каде тврдат дека претпријатието е регистрирано за хортикултурно уредување на простор, […]

Наставници ќе бараат укинување на казните од екстерното тестирање

ноември 3, 2014

Седумдесет наставници од источниот регион поднеле приговори до училишните одбори заради казните од екстерното тестирање. Најмногу ги има во Штип. Во основното училиште „Ванчо Прќе“, од 34 приговори, прифатени се тие на 32 наставници, информира претседателот на регионалниот синдикат Марјан Костадиновски, пренесе телевизија „Ирис“. За останатите училишта се чека изјаснување од училишните одбори. Во регионалниот […]

Утре во Битола протестен марш поради загадениот воздух

ноември 3, 2014

Во Битола ќе се протестира и маршира поради загадениот воздух и тоа во очи на доделувањето на четвртоноемвриските награди на Општината. Здружението на граѓани „За нас се работи“, за утре (04 ноември) најави голем протестен марш на Широк сокак. Протестот ќе почне во 18 часот и 45 минути. Според Горан Пинза, претставник на Здружението, целта на овој марш […]

Цеден сок од портокал со вода зачинета со арсен

ноември 3, 2014

„Здравјето е избор“ е насловот на кампањата на Владата што веќе половина месец се спроведува и треба да ги мотивира граѓаните да се хранат здраво, но со ова не се согласуваат жителите на Гевгелија, кои сè уште пијат вода загадена со арсен.  Граѓанската иницијатива „Арсена“, која постојано апелира за опасноста од присуството на арсен во градскиот […]

Страна 2283 од 2286