сабота, 7 ноември, 2026
Meta.mk

Куманово го одбележа денот на ослободувањето

11 ноември 2014

Општина Куманово денеска го одбележа денот на ослободувањето на градот, а по тој повод, делегации од Сојузот на борците, локалната самоуправа, АРМ, МВР, амбасадите на Хрватска и на Унгарија, како и од невладиниот сектор и од политичките партии положија цвеќе пред Спомен-костурницата. Општина Куманово организираше свечен прием за градоначалниците од збратимените градови Кампина, Чорлу, Бјелина, […]

Собранието денеска расправаше за два закона

11 ноември 2014

Во рамки на првото продолжениe од 21. седница, Собранието на Република Македонија денеска го поддржа во прво читање предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија врз основа на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП МЖ „Инфраструктура“ – Скопје и ја заврши расправата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси […]

Отворена адвокатска канцеларија во Апелацискиот суд Скопје

11 ноември 2014

Kанцеларија наменета за адвокати во зградата на Апелацискиот суд Скопје денеска отвори Адвокатската комора на Република Македонија. Претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски, рече дека ова е дел од заложбите на комората за враќање на адвокатурата на вистинското место, каде што припаѓа.

ЛДП: Премиерот си поигра со граѓаните

11 ноември 2014

ЛДП изразува жалење поради огромното фијаско на проектот „Субрата“, со кој премиерот и нeговите министри, на крајно несериозен начин, си поиграа со граѓаните, сервирајќи им успешна приказна на еден од најпримитивните начини, потикнувајќи ја лажната надеж во оваа сериозно осиромашена земја. – Ниту 8.000 грла крави, а за три години 20.000 крави. Ниту млекарница, со […]

СДСМ: Трајановски да изгради водовод наместо плоштад на ВМРО-ДПМНЕ

11 ноември 2014

Наместо уредување на околината на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, еден милион и 377 илјади евра да се пренаменат за изградба на водовод во општината Шуто Оризари и да се воведе секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите, предлагаат советниците на СДСМ од Град Скопје. – Недозволиво е некои од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста […]

Шилегов: Не се враќаме во Собранието, сè друго е манипулација

11 ноември 2014

Не се враќаме во Собранието, а сето друго е дрска манипулација, одговори Петре Шилегов на новинарско прашање за тврдењето на телевизија „Алфа“ дека пратениците му поставиле ултиматум на Заев оти доколку за три дена не ја активира „бомбата“, тие ќе ги повлечат оставките. – И вчера кажавме дека не се враќаме во Собранието. Сè друго што […]

СДСМ: Груевски и Ставрески да ја платат штетата од наводниот индиски инвеститор

11 ноември 2014

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, скриени зад соопштение, синиќа се охрабрија и признаа дека инвеститорот и милијаредерот Субрата Рој бил наводен, истакна Петре Шилегов, портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција. Тој истакна дека вчера од ВМРО-ДПМНЕ „соопштија дека премиерот никогаш не рекол дека индискиот пратнер, кој им заврши во затвор поради криминал, ќе инвесира во Македонија“. – Еве документи […]

Милошоски: Заслужуваме да бидеме рамноправна членка на НАТО

11 ноември 2014

Во бесмислената војна, пред 100 години, загинаа многу млади војници, но најголемата жртва на ова поднебје беше Македонија, истакна потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски, на Француските воени гробишта во Битола, каде што денеска беше одбележан денот кога во 1918 година беше потпишано примирјето меѓу завојуваните страни. – Пред 100 години многу млади […]

Норвешките невладини организации бараат Груевски да ги осуди нападите на ЛБГТ-заедницата

11 ноември 2014

Норвешкиот хелсиншки комитет (НХЦ), норвешката ЛГБТ-организација (ЛЛХ) и „Амнести интенејшнел – Норвешка“, испратија писмо до премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, во кое ја изразија својата загриженост за состојбата со ЛГБТ-лицата во Македонија, објави „Нова ТВ“. „Две лица добија повреди по телото и на главата по […]

Одбележување на 71-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада

11 ноември 2014

Со пригодна свеченост, борците од НОВ од Охрид и од Дебрца денеска ќе ја одбележат 71-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во селото Сливово. Самиот настан секоја година традиционално се одбележува во селата Сливово и Белчишта, а предвидено е цвеќе да биде положено пред споменикот на паднатите борци од Илинден – 1903 и […]

Бесплатни проекти за изградба на семејни куќи во општина Илинден

11 ноември 2014

За да им помогне на граѓаните во делот на локалниот економски развој, Општина Илинден продолжува со примена на иновативен пристап во јавниот сектор во реализирањето на проектите во повеќе области. „Речиси една година Општина Илинден го реализира проектот „Бесплатни проекти за изградба на семејни куќи“, во рамките на кој на граѓаните бесплатно им се нудат проекти […]

СДСМ во посета на борците од НОБ

11 ноември 2014

Делегација предводена од претседателката на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска, ја посети скопската организација на Сојузот на борци. – Негирањето на улогата на НОБ е опасно. Многу грешат оние кои денес сакаат да ја минимизираат улогата на НОБ, како еден од темелите на државноста – рече претседателот на градската организација на борците од НОБ, Трајко Стаматовски. […]

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу АМС и МЦКР

11 ноември 2014

Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот центар за култура и развој (МЦКР) денеска потпишаа Меморандум за соработка. Документот го потпишаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, и претседателот на Македонскиот центар за култура и развој, Нелко Нелковски. „Со потпишувањето на Меморандумот ќе се овозможи реализација на проектите „Граѓанска превенција“„ и „Здрав спорт […]

Споменик на Кемал Ататурк во Центар Жупа

11 ноември 2014

Основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, доби споменик во општина Центар Жупа. На откривањето на споменикот присуствуваа и претставници на турската општина Муратли, област Теркидак, која е и донатор на споменикот, претставници на амбасадата на Република Турција во Скопје, како и други гости. Заедно со постаментот, споменикот е висок три метри и дваесет сантиметри. Таткото […]

МВР го истражува пукањето на Владата, црни униформи засега нема

11 ноември 2014

Ние како МВР, од професионални причини не би можеле да ги кажеме сите мерки и активности што ги преземаме, но можам да ве уверам дека сите мерки што се во рамките на нашите законски надлежности и сè што ни стои како алатка за откривање на какви било состојби во општестово, а кои се од интерес […]

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема за возилата

11 ноември 2014

Од 15 ноември почнува да важи обврската за носење зимска опрема во возилата. За возачите на автомобили, џипови и на лесни камиони е задолжително носењето зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони, и лопата, ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег. Санкционирањето во претстојната […]

Јанкулоска: Даваат изјави, а не ги знаат прописите

11 ноември 2014

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска одби да ги коментира изјавите во врска со контрадикторностите околу учеството на полицијата во минатонеделната акција на УЈП и на Пазарната инспекција во Скопје, Куманово и во Тетово. Забуната што се сoздаде во јавноста, дојде по спротивставените изјави на заменик директорот на УЈП и заменик министерот за внатрешни работи околу дали […]

Murderer from Kavadarci arrested

11 ноември 2014

Triple murderer from Kavadarci is arrested, confirmed the Minister of Interior Gordana Jankulovska. Two days ago, he killed the mother, father and sister of his divorcing wife. Murder was reported by his wife.

Нимиц на Македонија ѝ предложил „Горна Република Македонија“

11 ноември 2014

Последниот официјален предлог за името што посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, минатата година, го понудил до Македонија и на Грција, го објави денеска БИРН. На документот до кој дојде БИРН, стои датумот 9 април 2013 година, што се совпаѓа со датумот на заедничката средба на посредникот со претставниците на Македонија и на Грција во седиштето […]

„Гардијан“: Како Александар Македонски влијае на спорот за името

11 ноември 2014

Интерент-изданието на „Гардијан“ анализира како проектот „Скопје 2014“ влијае врз односите помеѓу Македонија и Грција, пренесувајќи дека восочната фигура на Александар Велики има почесно место во македонскиот музеј, што е најновиот пример на симболичното добивање поени во спорот за името. „Љубовната врска на Никола Груевски со спомениците почна со Александар Велики. Во 2011 година, на големо […]

Страна 2281 од 2291