сабота, 14 ноември, 2026
Meta.mk

МВР проверува дали покрај „Скопје 2014“ се местеле и други фестивали

13 ноември 2014

Сопственик на продукциска куќа, автор и композитор на песни, сопственик и управител на фирма која го организираше телефонското гласање на музичкиот фестивал „Скопје 2014“ и уште едно лице, се осомничени како организатори на групата што планирала местење на резултатите од гласањето на фестивалот, на кој, меѓу другото, се избираше и песна која догодина ќе ја […]

Собраниска делегација положи цвеќе

13 ноември 2014

По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје, собраниска делегација положи цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алеата на заслужните граѓани на градските гробишта Бутел и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.

Зип-институт: Општините вработуваат само активни партиски членови

13 ноември 2014

Вработувањата во општините се партиски, огласите за врабортување се објавуваат откако веќе се знае кој ќе биде вработен, интервјуата за работа се субјективни, не се запазува системот на заслуга, а жалбата како инструмент не функционира. Ова се дел од заклучците од истражувањето „Бива ли без книшка: вработувања во локалната администрација во Македонија“ коа го спорведе […]

СДСМ: Власта не ни дозволи да направиме трибина во Дом на АРМ

13 ноември 2014

Смрт или слобода е идејата-водилка на секоја генерација којашто се обидувала низ историјата да ја оствари слободата на Македонија. Единствен пример кога слободата е извојувана е Народно-ослободителната борба и денес сме среќни што можеме да го прославиме 70-годишниот јубилеј од ослободувањето на Скопје. Фашизмот е победен пред 70 години, но наша задача, наша должност, наша […]

Заев: Груевски го нема никаде затоа што знае колку му е валкано владеењето

13 ноември 2014

Убеденоста во овие докази и аргументи што потврдуваат дека не постои слобода и демократија во Македонија, дека не постои слободно изразена волја на граѓаните за време на избори, е толку силна, што секако ни дава право да го ставиме во залог нашиот политички кредибилитет како политичари, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешната трибина […]

ЛГБТ: Ќе протестираме додека не се фатат напаѓачите

13 ноември 2014

„Истрагата е во тек, до кога?“, повторно денеска  прашаа припадниците на ЛГБТ-заедницата кои излегоа на мирен протест пред објектот на Јавно обвинителство. Околу триесетина протестанти, со фотографии од нападите на ЛГБТ и со списоци на кои беа набројани досегашните напади на ЛГБТ-заедницата, го блокираа влезот пред објектот во знак на револт од, како што велат, […]

Дебата за измена на Законот за вработување на лица со инвалидност

13 ноември 2014

Сите приватни комапнии и јавни институции што имаат повеќе од 35 вработени, ќе имаат законска обврска да вработат по едно лице со инвалидитет. Воведувањето на квотниот систем е новина во предлог-законот за вработување на лица со инвалидност, што треба да ја подобри стапката на вработеност на овие лица, да ја зголеми нивната општествена инклузија и, пред […]

Во петок, четврти саем за вработување во Охрид

13 ноември 2014

Во петок, 14 ноември, во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ќе биде одржан четвртиот Саем за вработување. Тој е дел од серијата саеми во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, кои имаат цел да ги приближат понудата и побарувачката на труд, како и да овозможат увид во слободните работни места за тие што се активни баратели на работа. Официјалното отворање […]

Кривична пријава за тројца шумски полицајци од Охрид

13 ноември 2014

Тројца шумски полицајци од Шумската полициска во станицата од Охрид, А.Т. (49), И.С. (36) и Т.П. (34), заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања. СВР од Охрид ги товари дека на 10 август 2014 година, во Охрид, кај месноста Видобишта, сопреле патничко возило, џип „мицибуши пајеро“, без регистерски таблички, управувано од лице од селото Велгошти, Охридско. Возилото […]

Средба на раководството на СДСМ со Едвард Ауер

13 ноември 2014

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и претседателката на Комисијата за европски прашања Лидија Димова, денеска во седиштето на партијата се сретнаа со Едвард Ауер, директор на Директоратот на ЕУ за Западен Балкан. Тема на разговорот била актуелната политичка криза во Република Македонија. Според партиското соопштение, дипломатот од ЕУ се интересирал за […]

Положени цвеќиња на Партизанските гробишта „Бутел“

13 ноември 2014

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и од претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“. На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација […]

Членови на ЛГБТ-заедницата го блокираа влезот на Јавно обвинителство

13 ноември 2014

Околу 30 луѓе од ЛГБТ-заедницата денеска го блокираа влезот на Јавно обвинителството, во знак на револт затоа што досега нема заврница за ниту еден случај кога оваа заедница била мета на напади. Тие, со транспаренти, побараа да се решат овие случаи, како и последниот кога беше нападнато кафулето „Дамар“, на годишнината од формирањето на ЛГБТ-заедницата.  

Трајановски се сретна со борците од НОБ

13 ноември 2014

Во чест на 70 години од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, утрово се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојуз на борци од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија. Борците на средбата во кабинетот на градоначалникот евоцираа спомени од ослободувањето на Скопје, на овој ден пред 70 години, а […]

Бошкоски не сакаше да даде завршен збор во случајот „Ровер“

13 ноември 2014

Љубе Бошкоски на денешното судење за случјот „Ровер“  не сакаше даде завршен збор поради „монтираниот и трагичен судски процес“. – Ни на крајот од мојот ум не мислам да барам ослободителна пресуда од вака дерогиран суд, кој не го признавам. Тоа би било премногу комично – рече Бошкоски.  

Акција на УЈП во Боговиње, Камењане и во Челопек

13 ноември 2014

Управата за јавни приходи синоќа изврши контрола  во Боговиње, Камењане и во Челопек. Инспекторите, заедно со полициска придружба, ги проверуваа трговските објекти. Се проверува дали тие издаваат фискални сметки и дали ги почитуваат законите.

УКИМ и „Нова“ ќе потпишат меморандум за соработка

13 ноември 2014

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународните училишта „Нова“ денеска ќе потпишат меморандум за соработка. Со потпишувањето на овој меморандум се предвидува да почне соработката преку организација на настава по кинески јазик во училиштето „Нова“, а со тоа кинескиот јазик ќе се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и на шпанскиот, коишто моментно се […]

Две нови автопатски делници во Охрид и во Струга

13 ноември 2014

Со вкупно 86 милиони евра, средства од Европската банка за обнова и развој, одобрени како поддршка на јавните инвестиции во инфраструктурни објекти во Република Македонија, ќе се гради нов, експресен пат од Охрид до туристичката населба Пештани. Сообраќајницата е и дел од меѓународниот пат до Свети Наум и оттаму за Република Албанија. Новиот експресен пат […]

В недела, изложба на шарпланинци во Аеродром

13 ноември 2014

В недела, 16 ноември 2014 година, во паркот Аеродром, со почеток во 10 часот, ќе се одржи изложба на единствената македонска раса на куче, шарпланинец. Станува збор за Државно првенство, кое се одржува 16. пат, а го организира Македонскиот клуб на овчарско куче „Шарпланинец“, каде што може да се пријават за учество заинтересираните сопственици на шарпланинци. Изложбата […]

Денеска е ден на жалост во Кавадарци

13 ноември 2014

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, донесе одлука денешниот ден да биде прогласен за ден на жалост во градот, поради трикратното убиство што се случи во неделата. На денот на жалоста, знамињата во општина Кавадарци ќе бидат истакнати на половина копје, а сите закажани културни и спортски манифестации се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на […]

Децата од градинката „Срничка“ градеа град од коцки

13 ноември 2014

Дечињата од градинката „Срничка“, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Скопје, беа во посета на Детскиот културен центар – Карпош,  каде под мотото „Да го изградиме нашиот град“, се приклучија во изградбата на импровизиран град од коцки.  

Страна 2280 од 2293