петок, 11 септември, 2026
Meta.mk

Фонтана и релјефен столб ќе се градат на плоштадот ВМРО

ноември 5, 2014

На плоштадот ВМРО, пред седиштетото на владејачката партија, ќе се издигне столб со релјефи на кои ќе бидат прикажани ликови и настани што се значајни за Внатрешната македонска револуционерна организација. Столбот ќе се наоѓа на средина од планираната фонтана, а на врвот ќе биде поставена фигура. Одлуката за изградбата на фонтаната ќе се најде пред советниците […]

Трајановски и Латиновски ќе се сретнат со жителите на Бутел

ноември 5, 2014

Утре, во 13 часот, на улица Бутелска, во близина на расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, ќе присуствуваат на акцијата за чистење што ќе се спроведува во оваа општина. По акцијата, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со жителите на општината Бутел.

Телото на Дениса сепак не стигна во Македонија

ноември 5, 2014

Иако се очекуваше да биде донесено во земјава, телото на 23-годишната Дениса Маркоска од Прилеп, чиј живот трагично згасна кај островот Родос, сè уште е во Грција. Настанал уште еден процедурален проблем, поради што ќе задоцни транспортот на нејзиниот труп во Македонија. Од Министерството за надворешни работи, кое го координира транспортот преку Канцеларијата за врски на […]

Град Скопје ќе формира совет на млади

ноември 5, 2014

Советот на Град Скопје ќе формира совет на млади, кој ќе има задача да го поттикнува и овозможува активното учество на младите во јавниот живот. Одлуката за формирање совет на млади ќе се најде пред градските советници на наредната седница на Град Скопје, што ќе одржи во вторник. Во предлог-одлуката пишува дека советот ќе има 11 претставници, […]

80 настани за прославата на 13 Ноември

ноември 5, 2014

Симон Беличанец, Стојан Тарапуза, Славица Петровска-Галиќ, Дејан Пројковски, Бранислав Давитковски, Ѓулумер Касапи, Африм Османи, Илија Велев, Маја Бошковска и Вејчеслав Поповски се добитниците на годинешните награди на Град Скопје „13 Ноември“. Наградите ќе им бидат врачени на 13 Ноември, во Македонскиот народен театар во 19.30 часот. По доделувањето, ќе се одржи музичко- сценска изведба „Скопје слободно чекори […]

СДСМ: Во 21 век, во училиштата нема греење

ноември 5, 2014

Кога се доведува во прашање здравјето на учениците, никој не го интересира дали за тоа е виновна централната власт на ВМРО-ДПМНЕ или локалната на Зијадин Села. Надлежните институции да не си ја префрлуваат одговорноста еден на друг, туку веднаш да го решат овој проблем, побара денеска СДСМ. „Во неколку основни училишта во Струга е прекината […]

Почина новинарот Драги Јанковски

ноември 5, 2014

Во несреќен случај, животот го загуби поранешниот новинар на весникот „Дневник“, Драги Јанковски (1975-2014). Несреќата се случила во Лондон, каде што тој живееше последните неколку години. Јанковски повеќе од 10 години беше дел од редакцијата на „Дневник“, а колегите со кои соработуваше имаат само убави зборови за момчето кое беше многу посветено на професијата. Колегите […]

СДСМ: Да се објават резултатите од конкурсот за превод на македонски книги

ноември 5, 2014

СДСМ бара Министерството за култура да ги објави резултатите од конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици. Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, вели дека, според нивните информации, дел од грантовите биле со понижувачки мал износ. – Со обајавување на имињата на авторите, ќе се открие дали е исполнет критериум […]

СДСМ Крива Паланка: Поради непрофесионално однесување, оштетени 15 наставници

ноември 5, 2014

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го спроведуваат екстерното тестирање хаотично и непрофесионално, на сметка на учениците, родителите и на наставниците во училиштата, тврдат од СДСМ Крива Паланка. – Во ООУ „Илинден“ во Крива Паланка, наставникот којшто од директорот на училиштето бил назначен да го спроведе интерното оценување кај своите колеги-наставници од прво до трето одделение, од […]

Конференција за „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ во Скопје

ноември 5, 2014

Конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје. Конференцијата е во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер„ (КАС), во соработка со својот партнер „Аналитика“. Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на мислења и искуства поврзани со енергетската безбедност во Западен Балкан, вклучувајќи го мислењето […]

На „Фејсбук“ се враќаат во парламентот, на јаве се пишманат!

ноември 5, 2014

Лидерите на трите големи опозициски партии, СДСМ, ЛДП и НСДП, Зоран Заев, Андреј Жерновски и Тито Петковски, во седиштето на СДСМ на Бихаќка, вчера одлучија да продолжат со бојкотот на парламентот. Сепак, деновие сè погласни се информациите дека неколкумина пратеници од опозицијата имаат намера да се вратат во Собранието и покрај цврстиот став за бојкот, […]

Одложено судењето на Канческа-Милевска против Шилегов, судијата бил на обука

ноември 5, 2014

Судското рочиште за тужбата на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска повторно, тртпат, беше одложено, поради тоа што судијата бил на обука. На рочиштето дојде само Шилегов, а следното соочување во Основниот суд Скопје 1 е закажано за 21 јануари наредната година. Министерката за култура го тужи портпаролот на СДСМ […]

Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

ноември 5, 2014

Стотина студенти синоќа се собраа пред Архитектонски факултет во Скопје, на третиот Студентски пленум, на кој се разговараше за најавата од Министерството за образование да воведе екстерно тестирање во високото образование, пренесе „Радио МОФ“. Под мотото „Не ведни глава, придружи се!“, студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите. Дискусијата […]

Седници на две собраниски комисии

ноември 5, 2014

Седници на комисиите за еднакви можности на жените и на мажите и за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржат денеска во Собранието на Република Македонија. Комисијата за еднакви можности на жените и на мажите ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за еднакви можности на жените и на мажите, во второ читање. На […]

Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

ноември 5, 2014

Денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование“, која е во организација на проектот на УСАИД за електронски пристапно образование. Проектот го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“. На тркалезната маса се поканети и претставници на локалните образовни институции, на граѓански организации и родители […]

Попоски на конференција за Југоисточна Европа во Берлин

ноември 5, 2014

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, на покана од германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, и од британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд,  денеска ќе учествува на шестата Конференција на министри за надворешни работи од Југоисточна Европа, која се одржува во организација на реномираниот германско-американски Институт „Аспен“ во Берлин. Се очекува да се дискутира и […]

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

ноември 5, 2014

Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“. Одборот упати апел до сите жители и иселени […]

Опозицијата почнува со трибини низ Македонија

ноември 5, 2014

Опозицијата денеска треба да ги почне трибините низ Македонија, на кои со граѓаните ќе се разговара за актуелните политички случувања. Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваат од Битола. По вчерашната средба со Андреј Жерновски од ЛДП и со лидерот на НСДП, Тито Петковски, Заев изјави дека ги потврдиле ставовите дека опозицијата не се […]

Денеска продолжува судскиот процес Канческа-Милевска против Шилегов

ноември 5, 2014

Денеска со распит на странки во Основниот суд Скопје 2, треба да продолжи судењето по тужбата на министерката Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Последното рочиште за ова судење беше откажано поради отсутност од здравствени проблеми на судијката што го води процесот. Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот […]

Признај ја вината и куртули од голема казна

ноември 5, 2014

Признај ја вината, спогоди се со Јавното обивнителство и на тој начин ублажи си ја санкцијата за извршеното кривично дело и времето на престој во казнето-поправна установа. Вака накусо може да се интерпретира одредбата во новиот Закон за кривична постапка (ЗКП), која овозможува случаите што се во надлежност на обвинителството да имаат брза разрешница, без […]

Страна 2275 од 2279