вторник, 18 август, 2026
Meta.mk

Променливо облачно со магла во котлините

ноември 5, 2014

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер и со појава на магла во котлините и во речните долини. Утринската температура ќе се движи од еден од девет Целзиусови степени, а максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени. Во Скопје и во околината се очекува претежно облачно […]

Повеќе од 1.000 битолчани маршираа за чист воздух

ноември 4, 2014

„Воздухот е живот, воздухот е право“ и „Ставете ги маските“ се само дел од пораките што ги скандираа битолчани на вечерашниот протест на кој побараа здрава животна средина и чист воздух. На Широк сокак се собраа повеќе од 1.000 граѓани, а меѓу нив и мали деца и старци, упатувајќи силна порака до надлежните дека „Битола сака чист воздух“. […]

Вработените во делчевската гимназија се без плата – нема кој да потпише

ноември 4, 2014

Училишниот одбор на делчевската гимназијата „Методи Митевски – Брицо“ синоќа не успеа да го реши проблемот со разрешувањето на претходниот директор и со назначувањето нов в.д. директор. Вработените во гимназијата, поради овој проблем, сè уште ја немаат примено септемвриската плата. Училишниот одбор вчера ја завршил седницата без да постигне договор. Според Ванчо Новоселски, член на […]

Во 107 држави породилното го покрива државата, а во 30 работодавците

ноември 4, 2014

Во 107 држави во светот надоместокот за породилното отсуство на трудниците и на мајките го плаќа државата, во 45 тоа го прават работодавците, додека во 30 држави трошоците се поделени меѓу државата и работодавците. Во Словенија, примерот по кој најверојатно ќе се спроведува проектот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија „Побрза исплата на надоместоците“, […]

Секој втор Македонец троши по едно пакување седативи годишно

ноември 4, 2014

Напнатост, вознемиреност, нарушено спиење, страв, нервоза- сè поголем број граѓани имаат дијагностицирано депресија. „Дијазепам“, „лексилиум“, „хелекс“ – просечно, секој втор Македонец во годината употребил по едно пакување седативи. Лани се издадени повеќе од 1,6 милион рецепти. „Дијазепамот“ е најбаран, а најмногу го купувале во Берово. – Тука влегуваат само оние лекови кои се подигнати од аптека на товар на […]

(ФОТОГРАФИИ) Одржан Саем за вработување во Штип

ноември 4, 2014

Повеќе од 10.000 заинтересирани посетители присуствуваа на третиот Саем за вработување кој се оддржа во Безистенот во Штип, во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. На саемот се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор.  

Обука за лекарите кои праќаат многу пациенти на томографија

ноември 4, 2014

Лекарите што упатиле премногу пациенти на компјутерска томографија или на магнентна резонанца, а по снимањето излегло дека тие немаат болест или повреда, ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и за протоколите за медицина базирана на докази, како и за штетните последици од неоснованото и прекумерно користење на медицинската опрема. […]

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

ноември 4, 2014

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната станица кај Градско преку општина Росоман и Кавадарци до општина Прилеп. […]

Тодоров одобри да се направи нова обдукција на телото на Дениса

ноември 4, 2014

Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство, Никола Тодоров, да направи обдукција и ДНК-анализа на телото на Дениса Маркоска. Директорот на Институтот, Алексеј Дума, изјави дека министерот нагласил дека треба да им излезе во пресрет на барањата на семејството Маркоски. Во изминативе 24 часа, нејзиното семејство побара помош од премиерот Никола Груевски. […]

Опозицијата не се враќа во Собранието

ноември 4, 2014

Опозицијата не се враќа во Собранието, одлучија на денешната средба лидерите на опозицискиот блок, Зоран Заев, Тито Петоквски и Андреј Жерновски. Тројцата лидери се договорија да продолжат со блокирање на државните институции. – Темите за кои сакаме да разговараме со власта се познати. Ако таа сака, може да почнеме преговори – рече Заев. Тој истакна […]

Потпишана Декларација за остварување на уставно загарантираната слобода на медиуми

ноември 4, 2014

Новинари, уредници и невладини организации ја потпишаа Декларацијата за промовирање принципиелни ставови за остварување на уставно и законски гарантираната слобода на медиумите во Република Македонија. Принципиелните ставови на Декларацијата се групирани во четири сегменти: политичка волја за слобода на медиумите, реформи на законодавството, финансиски услови и професинална работа на медиумите и на новинарите. Според претседателот […]

Отворена градинка во Кривогаштани

ноември 4, 2014

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во Кривогаштани, заедно со градоначалникот Тони Заткоски, ја пушти во употреба новата и прва градинка во општината. Спасов нагласи дека се работи за комплетно нов, современ објект со најнова и најсовремена опрема за оваа прва детска градинка во Кривогаштани. – Ова е заеднички успех зашто изнајдовме начин […]

Прилеп, домаќин на светската автомобилска и авионска индустрија

ноември 4, 2014

Институтот за современи композити и роботика Прилеп (СКР), од 4 до 6 ноември e домаќин на вториот меѓународен семинар на тема „Автоматизација во композитното производство“. На семинарот, теорискиот аспект ќе биде претставен од врвни предавачи кои ги следат светските трендови во композитната индустрија и роботиката, а практичниот дел, пак, ќе вклучи демонстрација на најсовремените технологии […]

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси забележа рекордни приноси на пченка

ноември 4, 2014

Петнаесетте производители на пченка од регионот, кои годинава првпат наводнуваа со системи „капка по капка“ донирани од УСАИД, успеаја да ги зголемат своите приноси за трипати (од 4 тони од еден хектар на 12 тони од еден хектар), додека земјоделецот Глигорче Алексов постигна рекорден принос во вардарскиот регион од 17 тони од еден хектар, информираат од УСАИД – Македонија. Поради ова […]

Посмртно слово за мерната станица „Битола-2“

ноември 4, 2014

Мерната станица „Битола-2“ е новиот споменик на екологијата во Битола. Откако 800 дена не работи и не го мери аерозагадувањето во градот, Здружението на граѓани „За нас се работи“ на групата „Битола сака чист воздух“, која брои околу 12.000 членови на социјалната мрежа Фејсбук, денеска положи свежо цвеќе пред мерната станица, читајќи посмртно слово за нејзината прерана […]

Ќе се гради затвор само за педофили?

ноември 4, 2014

Затвор во кој казна ќе издржуваат само педофили најверојатно ќе се гради во Македонија. Ова засега е само идеја која се разгледува, но директорката на Управата за извршување на санкции, Лидија Гавриловска, смета дека ваков затвор е потребен во земјава, известува „Нетпрес“. Таа вели дека се разгледува оваа опција и се утврдува дали е во […]

По породувањето на жената, гинекологот ќе бара да се отвори боледувањето

ноември 4, 2014

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, денеска рече дека ФЗОМ никогаш не размислувал, ниту предлагал надоместокот на плата да биде на товар на фирмите и истакна дека владиниот предлог за „побрза исплата на надоместоците“, мислејќи за породилно отсуство и за боледување, бил по барање на осигурениците. – Мотивот на Фондот за сите проекти […]

Криел дрога под хауба

ноември 4, 2014

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 25-годишниот И.Н. од Скопје, кого го товари за неовластено производство и продажба на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори и за овозможување употреба на опојни дроги. Пријавениот, на 6 јули годинава, отворајќи ја пред полициските инспектори хаубата од неговото патничко моторно возило „БМВ“, исфрлил најлон кеса со опојна […]

(ФОТОГРАФИИ) Вевчани – село со богат градски живот

ноември 4, 2014

Многувековна културна традиција стои зад населбата Вевчани која, со околу 3.500 жители, денес е една од најмалите, а најафирмираните општини во земјата. За познатиот Вевчански василичарски карневал велат дека е со традиција подолга од еден милениум. Основно училиште на мајчин македонски јазик имаат уште од 1835 година (од годинава тамошните деца први во Македонија  учат на тач-табли), библиотеката […]

Граѓанските здруженија од Тетово загрижени поради „Југохром“

ноември 4, 2014

Граѓанските здруженија од Тетово се загрижени поради продолжувањето на законскиот рок за имплементирање на еколошките стандарди за работа на еден од најголемите загадувачи на воздухот во полошкиот регион, комбинатот „Југохром“, пренесе радио МОФ. Граѓаните од тетовскиот регион ја коментираат различно одлуката за продолжување на рокот за уште две години, која, според надлежните, е донесена од […]

Страна 2272 од 2275