понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

„Југохром“ ќе нè труе уште две години

ноември 3, 2014

„Југохром“ доби нов рок од две години и ќе продолжи да работи без обезбедена А-интегрирана еколошка дозвола. „Макстил“ соопшти дека донеле одлука за прекин на производството во погонот „Челичарница“ сè додека не ја инсталираат опремата. Партијата на зелените ДОМ е разочарана од одлуката на Владата да му дозволи на „Југохром“ да работи без да ги […]

Работодавците се сомневаат во искреноста на ФЗОМ за породилното

ноември 3, 2014

Грижа за родилките, бескаматно кредитирање на Владата или, пак, ублажување на негативната слика што Фондот за здравствено осигурување ја остава со задоцнетото исплаќање на породилното кај жените е заднината на новиот проект „Побрза исплата на надоместокот за породилно отсуство и боледувања“? Оваа предлог-мерка на ФЗОМ која допрва треба да влезе во владина процедура, а ако се прифати […]

(ВИДЕО) СДСМ: „Мој термин“ постојано откажува

ноември 3, 2014

Проектот „Мој термин“ постојано откажува. Редовно продуцира проблеми на штета на граѓаните и на лекарите. Проектот стана ничиј термин. Низ клиничките ходници се создаваат редици од нервозни граѓани и лекари. Медицинскиот персонал не може да прегледува нормално. Лекарите не можат да издадат електричен упат поради блокада на системот. Наместо електронски, се пишуваат рецепти и упати […]

Агенција за храна: Турските лимони се безбедни!

ноември 3, 2014

Немаме добиено известување дека се увезени небезбедни лимони од Турција преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европска Унија, соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). „Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје што се увезуваат во […]

Филе му пиша на Тачи

ноември 3, 2014

На моето заминување, јас сè уште гледам значајни предизвици, вклучувајќи голем број клучни реформи, пред вас. Политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата треба да се врати во парламентот. Сите партии мора да го сносат својот дел од одговорноста за иднината на земјата. Прашањето за името треба да се реши со нова енергија и конечно блокадата […]

(ВИДЕО) СДСМ: Владата е виновна за големото загадување

ноември 3, 2014

Македонската влада дозволи енормно повисоко загадување на воздухот, над максимално дозволените граници, со години. И покрај бројните апели за ризични последици, Владата не спроведе никаква заштита за здравјето на граѓаните и е директно одговорна затоа што секоја година се регистрираат нови 4.500 заболени од рак, од кои најголемиот број се од Скопје и од Полог, вели […]

(ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“ во Свети Николе

ноември 3, 2014

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска присуствуваше на спортско-културната манифестација „Традиционални спортски игри – Спортски бон-тон“ што се одржа во Свети Николе. Целта на проектот е промовирање на „Спортски бон-тон“ како модел на интегрирање на децата од училишна возраст, во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавaњe на традицијата, културата и обичаите.

Оглас за економски промотори во САД

ноември 3, 2014

Македонската влада отвори јавен повик за пројавување интерес за економски промотори. Се бараат високо-образовани и способни кадри, со релевантно искуство. Потребни се економски промотори во Њу Џерси, Конектикат, Далас и во Хјустон и еден во Минеаполис. Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија активно учествува во енергичната кампања на Владата која […]

Меѓународната унија на нотарите е против владините измени

ноември 3, 2014

Меѓународната унија на нотарите со седиште во Рим е против предлогот за измена на Законот за нотаријат и официјално со писмо реагира до премиерот Никола Груевски и до министерот за правда, Аднан Јашари. Во реакцијата е наведено дека од унијата се загрижени за најавените измени во нотаријатот и поставаат неколку дилеми, објави „Телма“. Тие се […]

Наскоро директни летови од Охрид кон европски метрополи

ноември 3, 2014

Еден милион услужени патници за 9 месеци е успех на сите учесници во авиосообраќајот, посочи денеска Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Од концесионирањето во 2010 година бројот на патници е зголемен за 66 проценти. Министерот Јанакиески најави дека наскоро ќе биде објавен повик за нова нискобуџетна авиокомпанија со летови до Шпанија и до Норвешка, а […]

Жерновски: Не може неколку поединци да ја држат во заложништво целата опозиција

ноември 3, 2014

На средбата со американскиот амбасадор Пол Волерс, градоначалникот на Општина Центар и лидер на ЛДП, Андреј Жерновски, денеска изразил загриженост за стратегијата на Владата секогаш да нуди настани што ќе го одвлечат вниманието на јавноста од она што нејзе ù се случува. – Јас ја кажав мојата загриженост за стратегијата на Владата која секогаш кога ќе се […]

Германски подарок за Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

ноември 3, 2014

Германската фирма „Киблер“ и Германското сојузно министерство за економска и развојна соработка од Бон, на Одделот за конфекциска техника на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе му подарат единаесет индустриски машини за шиење и додатен прибор. Донацијата е во вредност од 7.500 евра, а ќе биде предадена в среда, во присуство на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Фирмата „Киблер“ […]

Ибраимоски: Секој невработен до 29 години да добива по 100 евра

ноември 3, 2014

На секое невработено лице, или, како што вели власта, на секое лице кое активно бара работа, до наполнување на 29 години, да му се исплаќа по 100 евра во денарска противвредност секој месец сè до неговото вработување, односно до наполнување 29 години, предлага Самка Ибраимоски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите. – Тоа […]

Венизелос: Да не ни вршат притисок за името поради економската криза

ноември 3, 2014

Стратегиски приоритет на грчката надворешна и одбранбена политика е да не се искористи економската криза за да се изврши притисок врз Грција за националните прашања, меѓу кои и спорот за името, пишува министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос, во авторски текст за неделното издание на весникот „Катимерини“. Венизелос пишува дека грчката криза коинцидирала […]

МЗД: ФЗОМ да го повлече новиот предлог за породилното боледување

ноември 3, 2014

ФЗОМ да го повлече предлогот исплатата на породилното боледување да ја врши фирмата и да преземе мерки преку кои на жените ќе им го обезбеди правото на надомест поради бременост и раѓање од државата, без досегашните доцнења, бараат од Мрежата за заштита од дискриминација. Тие инсистираат, доколку предложените мерки од овој проект бидат вклучени во […]

Нови намалени цени на горивата

ноември 3, 2014

Малопродажните цени на „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за 1 денар, а дизелот поевтинува за половина денар. Од полноќ, новата цени на „еуросупер БС“ изнесува 73 денари за еден литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 75 денари за еден литар. Дизелот ќе се точи за 62,5 денари по литар. Новата цена […]

Судски експерти од Велика Британија во посета на Македонија

ноември 3, 2014

Гости од Фондацијата „Слин“ од Лондон и од Комисијата за назначување судии во Англија и во Велс, престојуваат во дводневна официјална посета на Академијата за судии и за јавни обвинители „Павел Шатев“. Во текот на посетата, ќе се реализира советување, што ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и за јавни обвинители, на […]

Претседателот Иванов на „Спортски бон-тон“

ноември 3, 2014

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општина Свети Николе, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“. Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“ се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе. Во 2013 година проектот „Социјална и етничка […]

Промоција на „Еко-пакет Македонија“

ноември 3, 2014

Промотивен ден на проектот „Еко-пакет Македонија“, денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација ОХО. Проектот се реализира веќе девет години во мрежата на еко-училишта во Словенија, Хрватска и во Србија. Од учебната 2014/2015 година првпат проектот „Еко-пакет“ ќе се реализира и во Македонија, првично како проект за основните […]

Страна 2246 од 2247