среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Македонските амбасадори под притисок за случајот „Кежаровски“

ноември 8, 2014

По повикот на Меѓународната федерација на новинари, новинарските здруженија и синдикати низ светот пишуваат писма до македонските амбасадори во нивните земји. „Ако новинарите од Македонија ја оценат одлуката на Апелацискиот суд за случајот „Кежаровски“ како неправедна или дека се прекршени човекови права, Норвешкиот синдикат ќе побара од норвешката дипломатија да се вклучи и да го […]

СКУП: Секоја година, нови 4.500 случаи на заболени од рак

ноември 8, 2014

Во Македонија секоја година се појавуваат нови 4.500 случаи на карцином од различен вид, иако светските стручњаци тврдат дека оваа бројка е многу поголема, односно дека се работи за дури 7.000 случаи, објави во истражување СКУП-Македонија. Сепак, во моментов, државните институции не водат евиденција дали карциномот го добиваат претежно пациенти кои живеат покрај фабрики и топлани, […]

Хоџа: Илирида е алиби за Мијалков да ги нападне Албанците

ноември 8, 2014

Џезаир Шаќири – Хоџа, поранешниот командантот на ОНА, во изјава за весникот на албански јазик „Лајм“ ја критикува т.н. гарда на Илирида. Според него, ова претставување на гардата на Илирида на социјалните мрежи е мало провоцирање и давање алиби на антиалбанските настроени страни за уште повеќе да ги нападнат албанските жители во Македонија. – Албанците […]

Јоханес Хан в среда на средба со Поповски во Брисел

ноември 8, 2014

Новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседската политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан, на 20 ноември ќе ги посети Белград и Подгорица, а претходно, в среда, ќе го прими македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Ова е прва посета на еврокомесарот Хан на регионот и е дел од планот на почеток […]

Застреланиот полицаец пуштен на домашно лекување

ноември 8, 2014

Полицаецот што синоќа беше застрелан во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје и притоа доби повреда на левото рамо, е пуштен на домашно лекување. Според неофицијални информации, настанот се случил кога полицаецот, кој бил без униформа и не бил на работно место, тргнал кон Старата скопска чаршија. На улицата Стив Наумов, тој бил нападнат од […]

Дождлива сабота

ноември 8, 2014

Саботата ќе почне со дожд, но со послаб интензитет. Во југоисточниот крај, во текот на раните утрински часови, се очекуваат нешто поинтензивни врнежи. Во втората половина од денот, врнежите генерално ќе престануваат. Облачноста, сепак, ќе трае и во текот на вечерта. Утрото ќе биде топло. Минималната температура ќе биде во границите од 8 Целзиусови степени до 12 степени. Максимална […]

Полицаец застрелан кај „Мавровка“

ноември 8, 2014

Во престрелка кај трговскиот центар „Мавровка“ доцна синоќа, еден полицаец е повреден. Според неофицијалните информации, во полицаецот стрелале две лица кои се дале во бегство. Полицаецот од Бит Пазар бил префрлен во болница и не се даваат информации колку се сериозни повредите. Полицијата најавува повеќе детали за денеска.

Груевски се сретна со челните луѓе на „Ворнер брос“ и на „Волт Дизни“

ноември 7, 2014

Претставници од филмските компании „Ворнер брос“ и „Волт Дизни“ се интересираат за бизнис-климата во Македонија. Премиерот Никола Груевски остварил контакти со Стив Папазиан, директор на „Фисикал продакшн“, „Ворнер брос“ и со Пол Стеинке од компанијата „Волт Дизни“. Овие две американски филмски компании се едни од најзначајните во производство и во дистрибуција на филмови.

Велес го прослави патронатот со отворање кружен тек

ноември 7, 2014

Деветти Ноември, денот на Општина Велес, беше одбележан со празнична програма која почна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. Денеска на оваа регионална сообраќајница во употреба беше пуштен новиот кружен тек со значително проширување на просторот и со зголемување на безбедноста. На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на […]

СДСМ вечерва на трибина во Штип

ноември 7, 2014

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Штип, со почеток во 19 часот, во Големата сала на Собранието на Општина Штип. „Целта е да разговараме со граѓаните за проблемите во државата, изворно да слушнеме што мислат граѓаните и да ги соопштиме нашите решенија, како да ја вратиме Македонија во нормален колосек. Ги покануваме […]

(ВИДЕО+ФОТОГРАФИИ) Тетово бара воздух!

ноември 7, 2014

Жени, мажи и деца денеска во Тетово се собраа да го изразат својот револт против загадувањето на воздухот во и околу градот, пренесе порталот на албански јазик „Портлаб“. Два дена по ред, Тетово е најзагадениот град во Македонија. За оваа состојба, како што велат граѓаните, најголем виновник е „Југохром“, фабрика која работи без филтри. Тие реагираат […]

ВМРО-ДПМНЕ: Со Кембриџ-програмата сме лидери во регионот

ноември 7, 2014

Од оваа година нови наставни програми и учебници добија учениците од прво до трето одделение, за што, многупати информиравме дека вложени се 148 милиони денари, или околу 2,4 милиони евра, а не 12 милиони евра, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Од 1 септември 2014 година, Република Македонија стана единствената земја во регионот […]

За три месеци 44 судски случаи за навреда и за клевета

ноември 7, 2014

Околу 50 судски случаи за навреда и клевета мониторирал Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) во периодот од 14 јуни до 15 октомври оваа година. Во извештајот кој беше презентиран на денешната дебата „Навреда и клевета – јамка за слободното изразување“, која се одржа во Клуб на новинари, пишува дека во рок од три месеци […]

Работилница на УНФПА за млади во Гевгелија

ноември 7, 2014

Вчеравечер во Гевгелија се одржа првата работилница од караванот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“. Младите дебатираа, изнесуваа факти и зборуваа за приоритетите на кои треба да се работи за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации. Квалитетни работни места, подобро образование, подобри […]

СДСМ: Јавно да се објави договорот за Кембриџ-програмата во училиштата

ноември 7, 2014

Јавно да се објави договорот за Кембриџ-програмата, јавно да се обелодени за што МОН потроши 12 милиони евра и јавно да се покаже извештајот од комисијата при Министерството за образование што ја одобрила програмата, побара денеска најголемата опозициска партија СДСМ. Сашо Тодоровски од комисијата за образование и наука на СДСМ, рече дека дека до нив пристигнале […]

Заклетва дадоа 226 војници за доброволно служење во АРМ

ноември 7, 2014

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, 226 војници дадоа свечена заклетва, а меѓу нив и 14 девојки. Оваа 24. генерација војници на доброволно служење во Армијата на Република Македонија ќе има интензивна тримесечна обука. На свеченоста беше присутен и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, кој посочи дека вработените во Министерството и припадниците на Армијата ќе сторат […]

Министерот Незири ќе бара одговорност за акцијата на УЈП и на МВР

ноември 7, 2014

Министерот за економија Бекир Незири денеска се огласи со остра критика на синоќешната акција на УЈП и на МВР во Скопје, Куманово и во Полошко и најави дека на првата наредна седница на Владата, ќе побара одговорност од организаторите на акцијата. – Министерството за економија, но и јас како министер, сме категорично против овие акции […]

Нема да се казнува ако соседот ви го поправа казанчето

ноември 7, 2014

Предлог-законот за забрана за вршење нерегистрирана дејност предвидува дека нема да се казнува ако повикате мајстор, роднина, сосед или чистачка за ситни поправки и за чистење дома. Како што вели министерот за труд и социјална политика, Диме Спадов, законот треба да го спречи вршењето нерегистрирани дејности од поголем обем, а не ги опфаќа пазарџиите, работата […]

ЗНМ: Владата против препораките на ЕУ за рекламирањето во медиумите

ноември 7, 2014

Скандалозни се измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, во кои јавните институции немаат обврска да распишуваат тендери за рекламирање во медиумите, регираат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Според нив, тоа е во спротивност со препораките на Европската комисија и дополнително ќе ја зголеми нетранспарентноста на трошењето јавни пари, но претставува и обид […]

Македонија ќе добие специјализирани продавници за органска храна

ноември 7, 2014

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство планира да распише оглас за отворање специјализирани продавници за органска храна. Проектот би се реализирал во 2015 година. Во Македонија има 400 оператори кои се занимаваат со производство на органска храна и тоа на површина од околу 3.500 хектари. Сертифицирани се 64.000 овци, 3.000 кози, 2.700 млечни крави, но, сепак, […]

Страна 2241 од 2248