недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Почна исплатата за избирачките одбори од минатите избори

ноември 11, 2014

Државната изборна комисија од вчера почна со исплатата на парите за предвремените парламентарни избори кои се одржаа во април годинава, дознава агенцијата „Мета“. Оваа информација ја потврдија и од Државата изборна комисија. – Од вчера попладне почнавме со исплата на парите за избирачките одбори за претходните избори. Исплатата треба да заврши до крајот на неделата […]

Јанкулоска ќе одржи предавање во гимназијата „Јосип Броз Тито“

ноември 11, 2014

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, ќе присуствува на предавање во рамки на заедничкиот проект на министерствата за внатрешни работи и за здравство, посветен на младите. Предавањето е за влијанието на алкохолот, дрогата и на психотропните супстанции кај младите, од безбедносен и од здравствен аспект.

Волерс: Проблемите се решаваат преку дијалог

ноември 11, 2014

Проблемите во секое општетство можат да се решаваат само преку соочување со нив и со дијалог, а не со насилства или со игнорирање, порача вчера американскиот амбасадор, Пол Волерс, говорејќи во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје. – Пред неколку недели, беа нападнати поддржувачите на ЛГБТ-центар во Скопје. Ги охрабруваме властите да спроведат истрага, да ги […]

Кампања: „Сакаш ли и ти да помогнеш?“

ноември 11, 2014

Здружението за борба против ракот „Борка“ и „Рамстор мол“ од денеска ќе почнат хуманитарна кампања под слоганот „Сакаш ли и ти да помогнеш?“ Оваа акција има цел да ја зголеми свесноста за ракот и за превентивното и навремено дејствување против него. Секој вторник во наредните три недели, во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и […]

Време: Облачно со магла

ноември 11, 2014

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, со магла по котлините и во речните долини во утринските часови. Во текот на денот, маглата ќе се намалува, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температурата преку денот ќе се движи од 12 до 17 степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до […]

СДСМ бара да се обезбедат подобри услови во училиштата

ноември 10, 2014

Алармантна е финансиската ситуација во основното и во средното образование. Училиштата во Карпош должат повеќе од еден милион евра, во Струга и во Кичево нема пари за нафта и за греење, во селата во Велес родителите не ги пуштаат учениците на настава поради нехигиена, Битола има проблеми со превозот на ученици, обвинува СДСМ. Според партијата, има […]

Собранието не ги констатираше оставките, оставена можност за дијалог

ноември 10, 2014

Собранието ја почна процедурата за одземање на пратеничките мандати на 31 пратеник на опозицискиот СДСМ, кои во рок од шест месеци ниту еднаш не седнаа во пратеничките клупи. На претпладневната средба на координаторите на пратеничките групи, договорено е да се овласти Генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, во рок од седум дена да подготви извештај за […]

„Студентски пленум“ в среда пред платото на УКИМ

ноември 10, 2014

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница објави дека четвртиот по ред собир на студентите ќе се одржи в среда, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, пренесува „Радио МОФ“. Студентите почнаа да организираат собири пред повеќе од две недели по најавите од Министерството за образование за воведување на екстерно тестирање во […]

ВМРО-ДПМНЕ: „Сахара груп“ не оштети никого

ноември 10, 2014

Во случајот со индиската компанија „Сахара груп“, граѓаните не се оштетени од ниту еден аспект и државата постапи одговорно, заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. Како што тврдат од владејачката партија, Владата и премиерот Груевски никогаш не рекле дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. – […]

Доделени 20 стипендии за Универзитетот „Шефилд“

ноември 10, 2014

Стипендии за постдипломски студии на „Сити-колеџ“ во Солун, кој е дел од Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, денеска добија 20 најдобри студенти. Стипендиите, кои го носат името на поранешниот претседател Борис Трајковски, се доделуваат традиционално веќе петта година по ред. Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на „Сити-колеџ“ и изнесува 14.890 евра, од кои […]

Спој во електричната инсталација, причина за пожарот во зградата на Владата!?

ноември 10, 2014

Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР. Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот. Од огнот, […]

На телото на Дениса не можат да се прават токсиколошки анализи

ноември 10, 2014

На Иститутот за судска медицина, чиј тим вештаци треба да го утврди идентитетот и, евентулано, причините за смртта на девојката, за која нивни колеги во Грција констатираа дека е Дениса Маркоска, најверојатно нема да се прави токсиколошка анализа бидејќи кадаверот е оштетен од морската вода и од формалинот со кој бил заштитен по обдукцијата во Грција. […]

Графити со содржина „Албанска национална Илирида“ и „УЧК“ испишани на споменик од НОБ во Гостивар

ноември 10, 2014

На споменикот на загинатите борци од НОБ во Гостивар, непознати лица испишале графити со етинички пароли на албански јазик, информира полицијата. Графити со содржина, „Албанска национална Илирида“ (Ilirida shqipri etnike), „Илирида на кастриотите“ (Ilirida kastriotet), „УЧК“, „Гаши, Фатон, Исен, Вулнет“ (Gaxi Faton Isen Vulnet), освен на споменикот на загинати борци од НОБ, биле испишани и на влезната врата […]

Собранието ќе подготви извештај за присуство на пратениците на СДСМ

ноември 10, 2014

На координацијата на координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија, претсдеталот Трајко Вељаноски го задолжи собранискиот секретар до понеделник да подготви извештај за присуството на седниците на сите 23 пратеници. На координацијата присуствувале координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА. Овој чекор е почеток на постапката за одземање на мандатите на пратениците на […]

(ФОТОГРАФИИ) Се запали новата фасада на Владата, штетата незначителна

ноември 10, 2014

Екипите на скопската протипожарна бригада го изгасија пожарот што утрово избувна во источната зграда на Владата, на делот од фасадата свртен кон булеварот Партизански одреди. Како што изјави командирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски, пожарот ја зафатил фасадата на зградата и дел од електричната инсталација, внатре во објектот, но не е причинета голема материјална штета. – […]

Ќе се доделуваат стипендии „Борис Трајковски“

ноември 10, 2014

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска во Вила „Водно“, ќе се обрати на свеченоста по повод доделувањето на стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2014/2015 година. Стипендиите се доделуваат за студии од втор циклус на извршната програма за бизнис и администрација при „Сити-колеџ“ – Меѓународен факултет во состав на Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија, […]

Пожар во зградата на Владата

ноември 10, 2014

Утрово пожар ја зафати зградата на Владатa. Пожарот избувнал во подрумските простории на објектот. Граѓаните кои поминувале покрај него, велат дека прво се видел бел дим, а потоа и пламени јазици. На терен се шест противпожарни возила, а вработените се евакуирани.

Денеска треба да почне процедурата за одземање на мандатите на пратениците од СДСМ

ноември 10, 2014

Денеска истекува рокот од шест месеци откако беа верификувани мандатите на опозициската коалиција на чело со СДСМ, но 31 пратеник, од вкупно 34 освоени, ниту еднаш не седнаа во собраниските клупи. Според собраниската процедура, Трајко Вељаноски, претседателот на Собранието, на денешната координација на пратенички групи ќе побара од генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски, да […]

Дефект на електричната инсталација, причина за малиот пожар во владата?

ноември 10, 2014

Малиот пожар кој утрово избувнал во зградата на Владата, на Илинденска во Скопје, е локализиран, а причинета е само мала материјална штета, извести репортерот на агенцијата „Мета“. Според нашите информации, пламенот избувнал од источниот блок од објектот на Владата. Три противпожарни единици веднаш се упатиле на самото место, иако немало потреба од поголема интервенција. Во […]

Страна 2230 од 2239