понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Јанкулоска, Ставрески: Смачено ни е од изборите во Центар

март 10, 2015

Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, според вечерва објавените аудиоснимки на трибината на СДСМ, не се согласувале со сите постапки што биле преземени од владејачката партија во текот на изборните процеси. На една од снимките со нивен меѓусебен разговор, тие зборуваат за тоа како и ним им е смачено од изборите во општина Центар. Ставрески вели […]

Јанакиески: Имаме клуч од собата со избирачки списоци

март 10, 2015

Во вториот блок аудиоснимки што вечерва беа презентирани на трибината на СДСМ во „Универзална сала“, во првиот објавен разговор, министерот Миле Јанакиески со соговорник се договара за избирачките списоци. Соговорникот му вели дека од вреќите со избирачки материјали, успеал да извади четири-пет избирачки списоци. Јанакиески го кани веднаш кај него во канцеларија за да му […]

Трибина на СДСМ: Се нарачувале стотици лични карти за изборите

март 10, 2015

Со извиците „Зоки“, „Стево“, „Рада“, почна трибината на СДСМ во „Универзална сала“. Во првиот блок беа објавени три аудиоснимки, кои според Владимир Лазовски, модераторот на трибината, ги илустрираат малверзациите со лични карти во текот на изборните процеси. Министрите Гордана Јанкулоска, Спире Ристески и Миле Јанакиески, според модераторот, нарачуваат лични карти за изборите во Струмица и во Ресен. […]

„Дојче телеком“ за прислушувањето: Тоа е локално прашање

март 10, 2015

„Дали „Дојче Телеком“ е свесна дека нејзината експозитура во Македонија „Т Мобиле МК“ е инволвирана во злоупотреба во валкана политичка игра“, е прашањето што преку својот профил му го поставува твитерџијата Бени на германскиот телекомуникациски гигант. Одговорот кој го доби на официјалниот твитер-профил на „Дојче телеком“ е: „Тоа е локално прашање. Ве молиме контактирајте со […]

Обвинителството бара да го остават на мира

март 10, 2015

Јавното обвинителство денеска преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, притисоците и нагласените повици за конечни одговори во врска со аферата „Прислушување“ и со случајот „Пуч“, како и повиците за лична и за колективна одговорност. „Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење на јавните обвинители, како одговорни за гонење на сторителите на […]

Домашни ИТ-компани ќе работат на софтверот за таблетите во училиштата

март 10, 2015

Домашните ИТ-компании ќе бидат вклучени во новите владини проекти за развој на информатичкото општество. Ќе можат да креираат електронски услуги за граѓаните од институциите, со ИПА-финансии, како и софтвер за најавените 300.000 таблети за образованието. Пред членките на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска плановите ги претставија министерот за информатичко општество и […]

Уште 1.000 здравствени работници на едукација во странство, воведени нови методи во ЈЗУ

март 10, 2015

Повеќе од 1.100 доктори и медицински персонал од 44 јавни здравствени установи во Македонија, од 2012 година досега, беа на едукација во реномирани медицински центри во САД, Европа и во Австралија, каде стекнаа нови знаења и веќе ги применуваат најсовремените методи и техники во лекувањето и во третманот на пациентите во земјава. Годинава 1.000 доктори и […]

Најавена реконструкција на градскиот стадион во Тетово

март 10, 2015

Преку „Хет-трик 4“ програмата на УЕФА, градскиот стадион во Тетово ќе добие нов лик. Реконструкцијата ќе почне од крајот на месецов, а ќе заврши во јуни годинава. – Тетово е еден од поголемите фудбалски центри во Македонија. По Битола, ова е втората општина со која потпишавме договор, со кој се предвидува реновирање на стадионот, што […]

Владатa даде 36.500 евра за фитнес-опрема

март 10, 2015

Службата за општи и заеднички работи на Владата денеска потпиша договор за набавка на фитнес-опрема со фримата „Соникс“. Во договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки пишува дека се набавуваат два фитнес-велосипеди со потпирач за грб, три статични велосипеди, четири парчиња опрема за кревање тегови и пет тега за прачка. За набавката на оваа опрема Владата […]

Ден за сеќавање на депортираните Евреи

март 10, 2015

535 Евреи од Штип пред 72 години биле транспортирани во злогласниот нацистички логор Треблинка во Полска. Во пресрет на утрешното одбележување на годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија, во Штип денеска на овој настан потсети Пепо Леви од Еврејската заедница во Македонија. Во Штип пред Втората Светска војна живееле околу 550 Евреи, кои имале […]

За кочанските средношколци екстерното тестирање е бинго

март 10, 2015

Стотина средношколци од Кочани излегоа на првиот протест против полагањето на предметот математика и екстерното тестирање. Со трансапаренти и со свирчиња, средношколците го искористија периодот меѓу двете смени, за низ протест да го потсетат Министерството за образование и наука дека очекуваат одговори на нивните барања. Претседателот на младинската организација на гиманзијата „Љупчо Сантов“, Иван Коцев, […]

Фазлиу: Заев сака да направи раздор помеѓу Албанците

март 10, 2015

Пратеникот од ДПА, Беким Фазлиу тврди дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој, според него, е политички наследник на Глигоров и на Црвенковски, како политички шарлатан на хистеричен начин ја искажал големата омраза што ја има кон Албанците не само овде во Македонија, туку и за Албанците во Албанија и во Косово. – Верните слуги […]

Груевски утре во Брисел ќе се сретне со првиот човек на НАТО, Столтенберг

март 10, 2015

Премиерот Никола Груевски, утре во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.ж До средбата доаѓа на барање македонскиот премиер, поднесено пред два месеци. Груевски и Столтенберг во 13.30 часот заедно ќе дадат изјава за медиумите. Изјавите ќе се пренесуваат директно на интернет-страницата на НАТО.

ПЦЕР ќе поднесе кривична пријава за дискриминација против владини функционери

март 10, 2015

По објавените аудиоснимки во кои се навредува ромската популација, Партијата за целосна еманципација на Ромите најавува кривична пријава против министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски. Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, бара другите партии на Ромите кои се во Владата да дадат согласност за кривичната пријава. – Јавно ги […]

На Француските гробишта во Битола се гради музеј за жртвите од Солунскиот фронт

март 10, 2015

Нов музеј посветен на жртвите од Првата светска војна, односно Солунскиот фронт, се гради на Француските гробишта во Битола. Камен-темелникот го постави државниот секретар за поранешни борци и историски настани на Француската Република, Жан-Марк Тодешини. – Населението што страдаше во војната, особено жителите на Битола, но и сите жители на Македонија заслужуваат посебна почит. Битола, за […]

Лани имало двојно повеќе случаи на шверц на мигранти од 2013 година

март 10, 2015

Минатата година полицијата открила 92 случаи на криумчарење мигранти, двојно повеќе во споредба со 2013 година, а кривични пријави биле поднесени против вкупно 166 лица, покажува статистиката на МВР. Според евиденцијата на МВР, лани 1.750 лица илегално ја минале државната граница, во споредба со 1.132 лица во 2013 година. Од нив најмногу биле од Албанија (624), […]

Јанкулоска: Зачленувањето во ЕУ е единствена опција

март 10, 2015

Европската перспектива и зачленувањето во Европската унија (ЕУ) е единствена опција за сите земји од регионот, истакнала министерката за внатреши работи, Гордана Јанкулоска, на денешната дипломатска информативна средба за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и за миграција (МАРРИ), што се одржа во Владата. „Иако Република Македонија подолго време е земја-кандидат, сепак тоа не нè […]

„Наставнички пленум“: Плакатите со имињата на децата се говор на омраза

март 10, 2015

„Наставнички пленум“ најостро ги осудува плакатите поставени низ неколку градови со навредлива содржина и со имиња на ученици кои биле активни во средношколските протести. „Деновиве низ неколку градови во земјава – Скопје, Куманово и Битола – осамнаа постери со навредувачка содржина и со имиња на ученици кои беа активни во текот на случувањата поврзани со средношколските протести, организирани […]

Трајанов бара Собранието да расправа за политичката состојба во државата

март 10, 2015

Претседателот на Демократски сојуз и пратеник во Собранието, Павле Трајанов, доставил барање до претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, да свика пленарна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба во државата, по акцијата „Пуч“ и о снимките од прислушувани разговори што ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Преку јавната презентација на […]

Заев за албански „Топ ченел“: ДУИ и ДПА се слуги на власта

март 10, 2015

Двете најголеми партии на Албанците во Македонија се слуги на власта и работат во интерес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави синоќа Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во интервју за албанската телевизија„Топ ченел“, пренесе порталот „МКД.мк“. Во емисијата „Шќип“ на Ридина Џунга, Заев рече дека ДУИ и ДПА се слуги на актуелната власт, која „целосно ги контролира […]

Страна 2116 од 2241