Тетовчани во петок на протест поради загадениот воздух
„Не молчи, крени го гласот“ е мотото на протестот поради енормното загадување на воздухот во Тетово, закажан за овој петок (7 ноември).
Организатор на протестот е иницијативата против канцерогеното загадување на Тетово, од каде ги повикуваат сите жители на Тетовско. Протестот почнува во 13 часот,...
Министерството за образование ќе проверува зошто смрзнуваат учениците
Зошто одредени училишта во Струга и во Кичево немаат греење од почетокот на грејната сезона, што предизвика бојкот на наставата, ќе проврува Министерството за образование.
Според заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, ќе се контролира како се трошат парите за греење во училиштата и кој дозволил...
Обезбедена нафта за струшките училишта
Учениците од струшкото училиште „Јосип Броз Тито“ од утре ќе продолжат со настава откако е обезбедена нафта за греење на училниците. Наставата беше во прекин затоа што родителите решија да не ги пуштаат децата на школо оти нема греење. Околу десет тони нафта претпладнето...
Ревија: Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода
Вечерва, со почеток во 19 часот, во фоајето на Музејот на македонската борба, ќе се одржи модна ревија под наслов „Модните трендови и културата на живеење од „ала франга“ до современа мода“. Организатор на ревијата е НУ Музеј Куманово во соработка со Музејот на...
(ФОТОГРАФИИ) „Студентски плеунум“ постави табли на средно Водно
Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на 4 ноември 2014 година (среда) постави табли на патот кон средно Водно за потсетување на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ дека треба да заземе проактивен став на темата државен испит, најавена од министерот за образование и наука, Абдулаким Адеми.
-...
Интерпол трага по 25 Македонци
Меѓународната полиција Интерпол има распишано 25 потерници за македонски државјани, пишува весникот „Дневник“ .
Најмладиот на „црната листа“ на Интерпол има 27 години, додека најстариот 67 години. Потрагата по нив е распишана поради истрага или издржување затворски казни во Хрватска, Словенија, Словачка, Германија, Албанија, САД,...
Нов рекорд во производство на пченка во североисточниот регион
Денеска проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Центарот за развој на североисточниот плански регион ги забележаа рекордните приноси на производителите на пченка од североисточниот регион за време на жетвата на пченка. Петнаесет производители на пченка од регионот кој годинава првпат наводнуваа со системи...
Нова рунда преговори за името на 12 ноември
Посредувачот за спорот околу името, Метју Нимиц, ги повикал преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, на нова рунда преговори идната среда, 12 ноември, во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
Како што исвести Ери Канено, портпарол на ОН, двете страни ја...
Парламентарна делегација на конференција во Словачка
Од денеска до сабота, во Часта-Папирничка, Словачка, ќе се одржи работилница на тема „Улогата на законодавните служби во работата на собранието“, во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и на Националниот совет на Словачка, на која ќе учествуваат пратениците од македонското собрание...
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во посета на Македонија
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Тој, по средбите во Генералштабот на Армијата на Македонија, денеска ќе биде примен од министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Хуманитарна акција за седумчлено семејство од Велес
Добротворна акција за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски од Велес, на кое во пожар целосно му изгоре куќата, организира Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“.
Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на „Биокосмос-Велес“, спроти гимназијата, в сабота, 8 ноември, од 8...
Нема спојување на новогодишните и на божикните празници
Не се предвидени спојувања на деновите за новогодишните и за божикните празници, информираат од Министерството за труд и социјална политика.
„Во согласност со Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божик“, се вели во...
Министерството за здравство направи фејсбук-страница за бременост
Фејсбук-страница за медицински консултации и за совети за здрава бременост креираше Министерството за здравство.
Страницата е активна од вчера, а од денеска секој ден по еден гинеколог ќе одговара на прашања што ќе бидат поставувани во текот на денот и ќе споделува стручни совети и мислења...
Ќамили: Лица во црни униформи легитимираат во Тетовско
Земри Ќамили,заменик министерот за внатрешни работи, вчера потврди дека во Tетовско, лица во црни униформи легитимирале граѓани и им се заканувале.
- Во неделата е евидентиран случај кога непознати лица, облечени во црно, но без обележја, им се заканувале на вработени во тетовски „Водовод“, но не...
Облачно и ветровито
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет Целзиусови степени, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе...
„Бомбата“ на Заев ќе била во меѓуетничките односи
„Бомбата“ со аргументи и со докази што ја има СДСМ против Груевски чепка во меѓуетничките односи, најави на вечерашната трибина во Битола лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Според него, ако опозицијата не излезеше на последните парламентарни избори, не ќе можеше да ги собере сите тие...
Специјализантите ќе полагаат пред камери
Специјализантите пред камери ќе го полагаат теоретскиот дел од колоквиумот. Полагањето ќе се емитува директно преку веб-страницата на Министерството за здравство. Ова идеја на министерот Никола Тодоров треба се најде во Законот за здравствена заштита. Според Тодоров, снимањето на испитот и неговото директно емитување е важно...
„Потрага“ на Андријана Коровешовска победи на конкурсот за млади поети
Песната „Потрага“ на Андријана Коровешовска ја доби првата награда на конкурсот за млади поети што го распиша Агенцијата за млади и спорт на Република Мекедонија, во соработка со Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ).
Од 86 пристигнати песни од млади поети на возраст од 15...
Фонтана и релјефен столб ќе се градат на плоштадот ВМРО
На плоштадот ВМРО, пред седиштетото на владејачката партија, ќе се издигне столб со релјефи на кои ќе бидат прикажани ликови и настани што се значајни за Внатрешната македонска револуционерна организација. Столбот ќе се наоѓа на средина од планираната фонтана, а на врвот ќе биде поставена...
Трајановски и Латиновски ќе се сретнат со жителите на Бутел
Утре, во 13 часот, на улица Бутелска, во близина на расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, ќе присуствуваат на акцијата за чистење што ќе се спроведува во оваа општина.
По акцијата, градоначалниците ќе...
Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП
Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...