недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ангелов му поднесе кривична на Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации

март 23, 2015

Стојанче Ангелов денеска до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајкоски, за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис, пренесува „Нова ТВ“. Генералот Ангелов, кој изминатите десетина дена ги предводи протестите пред МРТ, на кои тој и граѓаните бараат јавниот сервис […]

Заев: Зелениот појас на Водно станал имот на фирма од Белизе

март 23, 2015

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја објави тринаесеттата „бомба“ на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ. Тој презентираше снимки од разговори на премиерот Никола Груевски и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на една тема – парцелата на Водно за која премиерот кај министерот се интересира во неверојатни детали: Дали е зад линијата […]

Сè помалку доктори на науки

март 23, 2015

Опаѓа бројот на лица што стекнуваат звање доктор на науки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. „Во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица, што претставува намалување за 5,9 проценти во споредба со 2013 година“, стои во соопштението од ДЗС. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од лицата докторирале во областа […]

„Мета“ кај „Актор“: Никој ништо не знае, никој ништо не чул, сите работат

март 23, 2015

Градежниците на „Актор“, фирмата што го гради автопатот Демир Капија – Смоквица, воопшто не ни слушнале за корупцискиот скандал што ја потресе фирмата, а градежните активности се одвиваат во полн ек. Пред влезот има голема табла, на која пишува „Актор“ и информации за финансирањето на проектот, а во дворот – неколку десетици возила со грчки и со македонски […]

Вработените во ЕМО на протест, си ги бараат заостанатите плати и придонеси

март 23, 2015

Синдикалниот одбор на некогашниот гигант, охридски ЕМО, и капитално поврзаните друштва, денеска организираа мирен протест преку кој уште еднаш побараа да се реши статусот на вработените во фирмата и да им се исплатат заостанатите плати и придонеси. Претседателот на Синдикалната организација на друштвото „Производство“, Миле Крстаноски, состојбата со ЕМО и натаму ја оценува како „статус […]

Јанакиески го тужи Шилегов за нарушување на честа и на угледот

март 23, 2015

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднел тужба против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, поради тврдењата што Шилегов ги изнел на прес-конференција во врска со продажба на плацеви кај „Авто Македонија“. Ова за „Мета“ го потврди Шилегов, но не сакаше да коментира ништо за тужабата на Јанакиески. Министерот за транспорт и врски го тужи Шилегов […]

Зголемен бројот на магистри и на специјалисти

март 23, 2015

Минатата година за 31,8 отсто се зголемил бројот на лицата што станеле магистри или стекнале звање специјалист, соопшти Државниот завод за статистика. „Во 2014 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2.194 лица, од кои 2.038, или 92,9 проценти, се магистри и 156, или 7,1 отсто, се специјалисти. Бројот на магистри и на специјалисти, во споредба со […]

Стојанче Ангелов ќе поднесе кривична пријава против Диме Ратајковски

март 23, 2015

Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски. Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на […]

Шекеринска и Милошоски на дебата во Брисел

март 23, 2015

Радмила Шекеринска и Лидија Димова од СДСМ и Антонио Милошоски од владејачкото мнозинство, денеска попладне во Европскиот парламент во Брисел ќе учествуваат на дводневниот интерпарламентарен семинар, посветен на подобрувањето на политичкиот дијалог и на зацврстувањето на демократијата во земјите-кандидатки и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. На семинарот ќе учествуваат и Талат Џафери од […]

Отворени денови на Агенцијата за вработување

март 23, 2015

Денеска во 10 часот невработените и работодавците од Демир Капија ќе можат да се запознаат со мерките за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Активностите на Агенцијата ќе продолжат во Гевгелија во 12 часот, а во Богданци мерките за вработување ќе бидат презентирани во 15 часот. На настаните ќе присуствува директорот на […]

Денеска времето облачно со дожд

март 23, 2015

Денеска времето ќе биде облачно и претежно тивко, со слаб локален дожд. Појава на магла има во некои котлини, но со слаб интензитет, додека во Тетовско и во Крушево хоризонталната видливост е намалена на помалку од 500, односно 200 метри. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец. Највисоката дневна температурата ќе биде […]

Нема да се прогласи епидемија на туларемија во Македонија

март 22, 2015

Нема потреба од прогласување епидемија на туларемија во Македонија, оцени министерот за здравство, Никола Тодоров. – Беше прогласена епидемија на локални подрачја, каде има локални жаришта, за да се избегнат дополнителни нови случаи. Од тој момент досега нема нови случаи. Остана последната бројка на заразени – изјави Тодоров, додавајќи дека преземените задолжителни мерки за вакви случи веќе дават […]

Трајанов: Потребен е брз одговор за длабоката политичка криза

март 22, 2015

Македонија повторно е во исклучително турбулентен период и се соочува со длабока политичка криза, која бара брз одговор, изјави денеска лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, на свеченоста посветена на 15-годишнината од формирањето на партијата. – Аферата „Пуч“ и аферата „Прислушување“ со масовно кршење на правата на граѓаните, мора да се реши со политички дијалог, но и […]

„Цивил“ ја поддржа идејата за референдум за изгледот на фасадата на ГТЦ

март 22, 2015

Невладина организација „Цивил“ денеска излезе со соопштение во кое целосно ја поддржува иницијативата за референдум за изгледот на фасадата на Градскиот трговски центар, која ја покренаа Општина Центар и граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“. – Барокната треска што ја опфати Владата уште пред неколку години и која со сета тежина се урна врз плеќите на општеството […]

Претставници на СДСМ на средби со жителите од југозападниот регион

март 22, 2015

Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, во рамките на своите редовни активности, викендов е на работни средби во Битола, Кичево и во населените места од југозападниот и од пелагонискиот плански регион, соопшти партијата. Целта на посетите, како што се наведува во соопштението, е да се согледаат моменталните состојби, како и да се направи поголема мобилизација […]

Наставници и професори протестираа против реформите во образованието

март 22, 2015

Наставници и професорите од повеќе основни и средни училишта од Македонија денеска протестираа пред Министерството за образование и наука поради новите реформи во образованието. За време на протестот, наставниците и професорите го изразија своето незадоволство и побараа да бидат повикани на дебата за новите законски измени. Тие, исто така, побараа МОН да го запре стапувањето на […]

Ременски: Имаме докази дека еден граѓанин има три ЕМБ

март 22, 2015

СДСМ поседува докази дека има случаи кога едно лице има три единствени матични броја, соопшти потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски, во интервју за „Радио слободна Европа“. – Нашите сознанија велат дека имаме случаи кога еден граѓанин има повеќе матични броеви, имаме документација за три матични броеви на еден граѓанин – рече Ременски. Потпретседателката на СДСМ […]

Јолевски на Бриселски форум порача: Местото на Македонија ѝ е во ЕУ и во НАТО

март 22, 2015

Местото на Република Македонија е во рамките на НАТО и на ЕУ, како рамноправен член кој се залага за економски просперитет, мир и за безбедност во Европа и во светот, изјави министерот за одбрана на Македонија, Зоран Јолевски, на десеттиот јубилеен Бриселски форум во организација на Германскиот Маршал-фонд (ГМФ). Министерот Јолевски, како што стои соопштението […]

Променливо облачно време со појава на дожд

март 22, 2015

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови е можна појава на дожд, а на повисоките планини – снег. Температура ќе се движи 10 до 16 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 14 степени.

Страна 2101 од 2241