четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Таблет-компјутерите за студентите на собраниска седница

март 24, 2015

На дневниот ред на денешната 40. собраниска седница е предлог-законот за издавање вредносни бонови, по скратена постапка. Со законот се предлага издавање вредносни бонови за таблет-компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните бруто-приходи не го надминуваат износот од 32.741 денар и кои првпат се запишани во трета и во четврта година […]

Се одбележува Светскиот ден на туберкулозата

март 24, 2015

Со тркалезна маса на која ќе се обратат поголем број експерти, Македонија денеска ќе се вклучи во одбележувањето на 24 март, Светскиот ден на туберкулозата. Настанот, како и минатите години, е организиран од Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство, преку програмите поддржани од Глобалниот фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, […]

Од недела часовниците се поместуваат еден час нанапред

март 24, 2015

В недела почнува летното сметање на времето. Часовниците ноќта во сабота кон недела ќе се поместат еден час нанапред. Така, два часот по полноќ станува три. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред напролет, а да се враќаат еден час наназад наесен. Овој систем е предложен во 1905 годинa од Вилијам Вилет, а […]

Облачно со слаб дожд

март 24, 2015

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно, со сончеви периоди, а во крајните западни и во северозападните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер, кој ќе достигне брзина и до 15 километри на час. Утринската температура ќе се движи од […]

„Прес 24“: Заеви купиле багатела куќа на плажа на Халкидики

март 23, 2015

Според порталот „Прес 24“, првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви, на крајот од 2012 година, купиле ексклузивна куќа на три ката на Халкидики во Неа Мудања, Грција, за помала цена од реалната вредност на таков имот. „Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 квадратни метри. За неа, според документите со […]

Хуманоста затаи, собрани само 600 евра за штипјанецот Сашо

март 23, 2015

Одвај нешто повеќе од 600 евра биле собрани во донаторската акција преку мобилниот оператор „Вип“ за транспорт на телото на штипјанецот Сашо Коцев. Триесет и тригодишниот Коцев беше прегазен од камион во областа Валенсија, Шпанија, каде престојувал кај својата сестра. За транспортот на телото се потребни 4.400 евра. Без поголем успех е и собирната акција што […]

„Ајде“ собира потписи за оспорување на законот за хонорарци

март 23, 2015

Членовите на платформата за граѓанска политика „Ајде“, почнаа да собираат потписи за групна претставка до Уставен суд за оспорување на уставноста на пакетот од осум закони со кои на хонорарците им се наметна да плаќаат придонеси за здравствено, пензиско и за инвалидско осигурување. – Иницијатива ја поднесуваме бидејќи со осумте закони се повредуваат правото на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали

март 23, 2015

Зоран Заев продолжува да го тера своето деструктивно сценари и без поддршка од граѓаните продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали. Наводите кои се обиде Зоран Заев да ги конструира во денешната прес конференција се чиста манипулација и невистина, реагираше ВМРО ДПМНЕ на тринаесеттата „бомба“ на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. „Тој многупати досега […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во Брисел остануваат на своите ставови

март 23, 2015

Радмила Шекеринска денеска од Европскиот парламент (ЕП), каде учествува на семинар за политичкиот дијалог во балканските парламенти, изјави дека е „тешко да се зборува за политичка култура и во Брисел кога знаеме дека нема одговор на нашето насилно отстранување од парламентот“. – За каква култура се зборува ако тоа се случува и кога секој ден во […]

Твитер-реакции на сарказмот на Груевски

март 23, 2015

На социјалната мрежа „Твитер“ се појавија многу реакции на саркастичното смеење на премиерот Никола Груевски, кој, на снимките што денеска ги презентираше Зоран Заев, отворено се радува за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски. На аудиоснимките може да се слушне како Груевски го имитира Цаноски кога овој го молел да не му го рушат […]

Сочниот и саркастичен Груевски: Значи, не да е посран, му тече и низ панталони

март 23, 2015

Вo дел од снимките што ги обелодени денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, можеше да се чујат, како што рече Заев, премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како се договараат да го средат проблемот со „Космос“ на Фијат Цаноски. Во разговорите има сочни детали и може да се чуе саркастично […]

Ангелов му поднесе кривична на Ратајкоски за селективно и пристрасно пласирање информации

март 23, 2015

Стојанче Ангелов денеска до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајкоски, за селективно и пристрасно пласирање информации преку јавниот сервис, пренесува „Нова ТВ“. Генералот Ангелов, кој изминатите десетина дена ги предводи протестите пред МРТ, на кои тој и граѓаните бараат јавниот сервис […]

Заев: Зелениот појас на Водно станал имот на фирма од Белизе

март 23, 2015

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја објави тринаесеттата „бомба“ на денешната прес-конференција во седиштето на СДСМ. Тој презентираше снимки од разговори на премиерот Никола Груевски и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на една тема – парцелата на Водно за која премиерот кај министерот се интересира во неверојатни детали: Дали е зад линијата […]

Сè помалку доктори на науки

март 23, 2015

Опаѓа бројот на лица што стекнуваат звање доктор на науки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. „Во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица, што претставува намалување за 5,9 проценти во споредба со 2013 година“, стои во соопштението од ДЗС. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од лицата докторирале во областа […]

„Мета“ кај „Актор“: Никој ништо не знае, никој ништо не чул, сите работат

март 23, 2015

Градежниците на „Актор“, фирмата што го гради автопатот Демир Капија – Смоквица, воопшто не ни слушнале за корупцискиот скандал што ја потресе фирмата, а градежните активности се одвиваат во полн ек. Пред влезот има голема табла, на која пишува „Актор“ и информации за финансирањето на проектот, а во дворот – неколку десетици возила со грчки и со македонски […]

Вработените во ЕМО на протест, си ги бараат заостанатите плати и придонеси

март 23, 2015

Синдикалниот одбор на некогашниот гигант, охридски ЕМО, и капитално поврзаните друштва, денеска организираа мирен протест преку кој уште еднаш побараа да се реши статусот на вработените во фирмата и да им се исплатат заостанатите плати и придонеси. Претседателот на Синдикалната организација на друштвото „Производство“, Миле Крстаноски, состојбата со ЕМО и натаму ја оценува како „статус […]

Јанакиески го тужи Шилегов за нарушување на честа и на угледот

март 23, 2015

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поднел тужба против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, поради тврдењата што Шилегов ги изнел на прес-конференција во врска со продажба на плацеви кај „Авто Македонија“. Ова за „Мета“ го потврди Шилегов, но не сакаше да коментира ништо за тужабата на Јанакиески. Министерот за транспорт и врски го тужи Шилегов […]

Зголемен бројот на магистри и на специјалисти

март 23, 2015

Минатата година за 31,8 отсто се зголемил бројот на лицата што станеле магистри или стекнале звање специјалист, соопшти Државниот завод за статистика. „Во 2014 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 2.194 лица, од кои 2.038, или 92,9 проценти, се магистри и 156, или 7,1 отсто, се специјалисти. Бројот на магистри и на специјалисти, во споредба со […]

Стојанче Ангелов ќе поднесе кривична пријава против Диме Ратајковски

март 23, 2015

Денеска во 13 часот, Стојанче Ангелов до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против главниот и одговорен уредник на првиот канал на Македонската радио-телевизија (МРТ), Диме Ратајковски. Ангелов изминатите десетина дена ги предводи протестите пред зградата на МРТ, барајќи од раководството и од уредниците на информативните редакции да ги емитуваат прес-конференциите на опозицијата на […]

Шекеринска и Милошоски на дебата во Брисел

март 23, 2015

Радмила Шекеринска и Лидија Димова од СДСМ и Антонио Милошоски од владејачкото мнозинство, денеска попладне во Европскиот парламент во Брисел ќе учествуваат на дводневниот интерпарламентарен семинар, посветен на подобрувањето на политичкиот дијалог и на зацврстувањето на демократијата во земјите-кандидатки и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. На семинарот ќе учествуваат и Талат Џафери од […]

Страна 2100 од 2241