понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Три нови случаи на туларемија

април 3, 2015

Нови три случаи на туларемија вчера се потврдени со лабораториски наоди во Институтот за јавно здравје, соопшти денеска Министерството за здравство. Заболените, кои се на возраст од 19 до 37 година, се од скопската околина, еден е од општина Чаир, а две лица се од општина Арачиново. Од Министерството наведуваат дека лицата се во добра […]

ОН: Во борбите во Јемен загинале 519 лица

април 3, 2015

Вкупно 519 лица загинале, а 1.700 се ранети во последните две недели во Јемен, каде Саудиска Арабија и нејзините сојузници веќе осум дена водат кампања на воздушни напади, соопшти Валери Амос, заменик на  главниот секретар на ОН. Амос рече дека е „крајно загрижена“ за безбедноста на цивилите поради борбите што се водат и ги повика сите […]

Пет земјотреси почувствувани во Дебарско

април 3, 2015

Три посилни земјотреси, проследени со уште два со послаб интензитет, утринава се регистрирани во дебарскиот регион. Првиот земјотрес бил почувствуван во 3.57 часот наутро, а вториот е регистриран 17 минути подоцна. Третиот земјотрес жителите на дебарскиот регион го почувствувале 6.55 часот изутринава. Албанските медиуми јавуваат дека епицентарот на еден од земјотресите, кој бил со јачина од 3,2 степени […]

Опремата за прислушување e јавна државна тајна!

април 3, 2015

Тито Петковски, поранешен претседател на Собраниската комисија за надзор над следењето на комуникациите, вели дека уште кога тој бил претседател на комисијата, јавна тајна било дека е набавена опрема за прислушување. Петковски вели дека речиси на ниту едно прашање што го поставил, а било поврзано со опрема за прислушување или, пак, со дополнителни пари во буџетот на […]

Заев од Куманово: Да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија

април 2, 2015

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва одржа протестен марш во Куманово, предводен од лидерот на партијата, Зоран Заев, кој ги повика припадниците на сите националности сплотени да го урнат ненародниот режим и да ги вратат слободата и демократијата во земјата. Пред неколкуте илјади граѓани на кумановскиот плоштад, се обрати и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. […]

Рударите демантираат: Не се работи во Злетово и во Тораница

април 2, 2015

Синдикатот на рудниците Злетово и Тораница попладнево го демантираше раководството на компанијата „Индоминерали и метали“, која стопанисува со рудниците, а кое преку соопштение денеска информираше дека работниците од овие два рудника „се на своите работни места“. – Прекинот на работата и понатаму трае и не е точно дека рударите се вратија на работа. Од 400 […]

СДСМ: Никаква закана нема да го спречи објавувањето на доказите за “Вистината за Македонија“

април 2, 2015

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување, сè подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение од МВР, во кое оттаму информираат дека Министерството работи на […]

МВР работи на нова кривична против Заев за оддавање државна тајна

април 2, 2015

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение информира дека почнало да работи на нова кривична пријава против лицето кое во рамките на случајот „Пуч“ е осомничено за насилство спрема претставници на највисоките државни органи и за поткуп (Зоран Заев н.з.). Новата кривична пријава која МВР му ја подготвува на Заев, како што е наведено во […]

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

април 2, 2015

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува […]

Иницијативата Шар Планина да се прогласи за национален парк остана само на хартија

април 2, 2015

„Шар Планина – предизвици за заштита и за зачувување на природното богатство“ е насловот на дебатата што денеска се организираше во Тетово, на која учествуваа повеќе невладини организации за Шара што поскоро да се прогласи за национален парк. – Луѓето и институциите што се занимаваат со сеча на дрва сметаат дека со прогласувањето на Шара за национален […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ направија удар врз безбедносниот систем

април 2, 2015

ВМРО-ДПМНЕ е згрозена од обидот на Зоран Заев и на СДСМ да направат удар врз безбедносниот систем на Република Македонија и врз капацитетите на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи, стои во реакцијата на партијата. „Особено сме фрапирани од атакот кој Зоран Заев го направи спрема пријателски држави кои многупати досега ѝ помагале на Република […]

Втор протестен марш на тетовските средношколци

април 2, 2015

Црвен картон за лошите реформи во образованието, покажаа тетовските средношколци на протестниот марш, кој попладнево почна од централнотo градско подрачје, а заврши пред Бирото за развој на образование. Повторно побараа да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот начин на полагање на државна матура. Постигнатиот договор меѓу министерот за образование Абдилаќим Адеми со […]

Штетите од поплавите проценети на 25 милиони евра

април 2, 2015

Поплавите што ја зафатија Македонија во јануари и во февруари предизвикале штети од 25 милиони евра. Дури во 43 општини имало штети од излевањето на реките и на каналите. Најмногу штети се евидентирани кај аграрот, информираше министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Државата за обештетување на поплавените, освен од домашната каса, со финалниот извештај,   средства ќе бара од […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто донација се реализира преку приватна фирма

април 2, 2015

Мијалков, МВР и ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека постои милионски корупциски скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување од Израел, во којшто се инволвирани првите луѓе во власта, Сашо Мијалков од позицијата директор на УБК и Никола Груевски од позиција на премиер, пишува СДСМ во соопштение. „Директорот на УБК. Сашо Мијалков, по сè што слушнавме од […]

Кумановска „бомба“: За избори ги фатиле сите фирми и сите криминалци

април 2, 2015

На оваа прес-конференција ќе чуете како МВР работело за ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, рече Мартин Костовски, претседател на Општинската организација на СДСМ, пред објавувањето на прислушуваните материјали поврзани со изборните нерегуларности во овој град. Во разговорите што ги презентираше Костовски имаше снимка од разговор на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на соговорник, за средби во Куманово […]

Данците ја отворија претсезоната во Охрид

април 2, 2015

Со првата поголема група туристи од Данска, во Охрид е отворена туристичката претсезона. Тие престојуваат во охридскиот хотел „Тино“, каде беа пречекани со погача, локум и со македонска ракија, а беше послужено и охридско ѓомлезе. Данците, видно изненадени од гостопримливиот пречек, рекоа дека за Охрид и за Македонија се информирале преку интернет. Првата група дански […]

„Средношколски пленум“ ја повика Средношколската унија на дебата

април 2, 2015

„Средношколски пленум“ ја повикува Средношколската унија на јавна дебата, на која ќе ги соочат нивните ставови и аргументи и на која ќе дискутираат за своите барања. „Средношколскиот пленум е автохтоно и автономно движење кое се бори и ќе се бори за правата на сите средношколци, без разлика на нивната партиска, верска и друга лична определба. […]

АЕК: Нема да поскапат разговорите ако се спојат „Оне“ и „Вип“

април 2, 2015

Од Агенцијата за електронски комуникации најавуваат дека можното спојување на двата мобилни оператори „Вип“ и „Оне“ нема да доведе до зголемување на цената за една минута разговор. – Очекуваме Комисијата за заштита од конкуренцијата во законски утврдениот рок да се изјасни по повод иницијативата за спојување. АЕК е подготвена за сите можни сценарија. Гарантираме дека моменталната […]

„Бомба“ и марш во Куманово

април 2, 2015

Денеска, во 14 часот, во просториите на општинската организација на СДСМ во Куманово, на прес – конференција ќе се обрати Мартин Костовски, претседател на ОО на СДСМ-Куманово. Подоцна, во 18.30 часот, во Куманово ќе се одржи народен марш, кој ќе почне пред поранешниот комитет.

Светскиот ден на шегата одбележан со проект за мултиетничка интеграција

април 2, 2015

Oколу 200 ученици од одделенска настава од училиштата ОУ„Дебарца“ од село Белчишта, кои учат на македонски јазик, и ОУ„Нури Мазари“ од струшкото село Корошишта, кои учат на албански јазик, заедно со нивните наставници, организираа заедничка програма и прослава на денот на шегата 1 Април. Во село Корошишта, населено со етнички Албанци, учениците од двете училишта, […]

Страна 2098 од 2247