петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ховит: На Јанкулоска ѝ кажавме дека сме загрижени за гласините околу апсењето на Заев

26 февруари 2015

Eвропратеникот Ричард Ховит на својот твитер-профил напиша дека ѝ кажал на министерката за внатрешни работи на ПЈР Македонија, Гордана Јанкулоска, за загриженоста на социјалистите и на демократите во Европскиот парламент околу заканите за апсење на лидерот на сестринската партија. Ховит беше во посета на Македонија заедно со Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европски социјалисти.

САД: Загрижени сме за политичките превирања во Македонија

26 февруари 2015

Американската влада со загриженост ги следи политичките превирања во Македонија, со аферата за прислушување и случајот „Пуч“, изјави портпарол на Стејт департментот, пренесе „Гласот на Америка“. Официјален Вашингтон смета дека настаните покренале сериозни прашања за македонските граѓани, но и за меѓународните пријатели и партнери на Македонија. Стејт департментот ги повикува македонските власти да се придржуваат […]

Совет на Европа: Со прислушувањето новинари се кршат човековите права

26 февруари 2015

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, во ексклузивна изјава за новинската агенција „Мета“ ја изрази својата „сериозна загриженост“ за последните случувања во Македонија и особено за прислушувањето новинари, објавено вчера на прес-конференција на опозицискиот СДСМ. – Многу сум загрижен за наводите за масовно и недозволено прислушување новинари и граѓани во поранешната […]

Тодоров: Сè што имав, кажав за случајот на малата Тамара

26 февруари 2015

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска изјави дека бил пред Министерството за здравство за време на протестот и го слушнал тоа што го кажале демонстрантите. Тој вели дека кажал сè што имал да каже за случајот на малата Тамара.

Тачи: Анкетна комисија е решение за излез од кризата

26 февруари 2015

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, тврди дека вонредни парламентарни избори или техничка влада нема да помогнат за излез од кризата. Тој смета дека е потребно да се направи анкетна комисија која треба да ја предводи човек од ДПА, бидејќи единствено неговата партија од четирите големи не е инволвирана директно во скандалот со прислушувањето. – Прво, […]

Македонците со најмали шанси за азил во Европа

26 февруари 2015

Македонците се втори најбројни баратели на азил во Европска Унија, но истовремено се и со најмала стапка на прифаќање, која едвај изнесува еден отсто. Според последниот надзор на Европската комисија врз укинувањето на визниот режим за земјите од Западниот Балкан, барањата за азил од Македонија имаат најмала стапка на прифаќање во целиот регион. Според статистичките податоци од […]

СДСМ: Анкетите не се релеватни кога Груевски има целосна контрола

26 февруари 2015

Во време на целосна контрола на власта на Никола Груевски, тешко може да се говори за релевантност на анкети, се вели во реакцијата на СДСМ за анкетата на ИРИ. „За тоа дополнителен показател се доказите што ги објави СДСМ за скандалозното масовно прислушување граѓани, монтираните политички случаи, буквалното инсталирање на власта во судството и во медиумите […]

Летоци со пораки против власта се појавија во Тетово

26 февруари 2015

На автомобилите во Тетово утрово се појавија неколку вида летоци во боја со различен дизајн и текст. На еден од нив стои текст „Крај за диктатурата“ со фотографии на Груевски, Милајков, Јанкулоска и на Ставрески во затворска облека, на друг пишува „Дали крајот вака мириса“ покрај фотографиите на Јанкулоска и на Ставрески во нацртано срце, а на два други има […]

СДСМ: Кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии

26 февруари 2015

На денешната седница за советнички прашања, ќе го прашаме Коце Трајановски кој е јавниот интерес да се ослободи приватен инвеститор од плаќање на 150.000 евра комуналии, за барокен хотел на плоштадот? Овие 150.000 евра, градот можеше да го искористи за да им помогне на поплавените ширум Македонија. Со овие 150.000 евра можеше да се набават 6 […]

Во декември просечната нето-плата била 22.407 денари

26 февруари 2015

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2014 година изнесувала 22.407 денари, а бруто-износот бил 32.741 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата, во декември минатата година, во однос на декември 2013 година, изнесува 104,2. Ова се должи на зголемувањето на просечната […]

СЕММ: Прислушувањето на новинарите ја прекршува слободата во изразувањето

26 февруари 2015

Советот за етика во медиумите на Македонија изразува сериозна загриженост по сознанието за прислушувањето новинари, сметајќи дека со тоа се нанесува голема штета и последици врз работата и угледот на новинарите и врз работењето на медиумите воопшто. „Прислушувањето новинари сериозно ја прекршува слободата во изразувањето и во такви услови не може да стане збор за […]

Грчева: Најстрашно е што никој не ги демантира снимките

26 февруари 2015

На денешната седница  на Собранието, на која пратеници поставуваа прашања, присуствуваа премиерот Никола Груевски и повеќе министри од Владата. Пратеничката Солза Грчева рече дека е загрижена за распаѓањето на безбедносниот систем. Таа вели дека ова веќе не е политичка криза, туку длабока општествена криза. Грчева го праша премиерот Груевски дали мисли дека никој во Владата не […]

СДСМ поднесе кривична против Груевски за оддавање службена тајна

26 февруари 2015

Кривична пријава против премиерот Никола Груевски, за оддавање службена тајна, поднесе  денеска СДСМ. Во Основното јавно обвинителство беа Оливер Спасовски, генерален секретар на партијата, и Филип Медарски, адвокатот на партијата. – Груевски на вчерашната прес-конференција изнесе податоци коишто, според Груевски, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки. Воедно, во кривичната пријава се пријавени и НН […]

Пет години „ТАВ Македонија“ во Охрид, двојно повеќе патници

26 февруари 2015

„ТАВ Македонија“ одбележува пет години од преземањето на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Компанијата, која е дел од турската компанија „ТАВ аеродроми“, во 2010 година оперативно го презеде управувањето, воведе седумнасет нови редовни авиолинии и бележи двојно зголемување на бројот на патници од и за Охрид. – На петте години откако турскиот „ТАВ аеродроми“ го презеде […]

Анкета на ИРИ: ВМРО – 26, СДСМ – 10 отсто доверба

26 февруари 2015

Ако денеска има избори, 26 проценти од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 10 отсто за СДСМ, покажуваат резултатите од јавното мислење спроведено од институтот ИРИ, пренесе „Прес24“. За ДИУ би гласале 11 проценти, а за ДПА – 5 отсто од граѓаните. Меѓу лидерите на политичките партии, премиерот Никола Груевски има доворба од 18 проценти од […]

Чие било увото и кој му наредил да слуша?

26 февруари 2015

Премиерот Никола Груевски вчера, во обраќање пред јавноста, имаше обемно, жестоко и контроверзно објаснување на случувањата во аферата „Пуч“ и на нејзиниот, можеби, главен атрибут – прислушувањето телефонски разговори. Наводите на премиерот (кои подолу ги пренесуваме во целост) за странската служба која стои зад снимените разговори, за начините на кои е тоа направено и за […]

Почнува исплатата на семејствата погодени од поплавите

26 февруари 2015

На 260 домаќинства погодени од поплавите во повеќе општини од денеска ќе им се исплаќаат средства за санирање на штетите. Семејствата ќе добијат парична помош од 14.000 до 110.000 денари во зависност од големината на штетата. Претставници на Црвен крст на Република Македонија, на центрите за социјална работа и на загрозените општини, направиле попис на […]

ЛДП: Поединци од бизнисот ќе профитираат со Плаошник, Студенчишта, Заум

26 февруари 2015

Доколку не се покаже доволно слух и се дозволи поединци од бизнисот да ги реализираат проектите Плаошник, Студенчишта, Заум и други, тоа ќе значи дека им се овозможило да проофитираат на сегашноста од граѓаните и на иднината од наредните поколенија. Со ваква реакција се огласија денеска од локалниот разгранок на ЛДП во Охрид, од каде […]

МАН: ЗНМ се стави во функција на СДСМ

26 февруари 2015

ЗНМ молчеше кога СДСМ и Заев објавуваа непотврдени разговори на други новинари кои, според СДСМ, не се блиски на опозицијата, а реагира на најава на разговори блиски до СДСМ кои не се објавуваат јавно, за разлика од  другите новинари, се вели во соопштението на Македонската асоцијација на новинари (МАН) по повод, како што велат „настаните […]

Делегација од Град Скопје положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски

26 февруари 2015

Делегација на Градот Скопје, предводена од градоначланикот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, положија цвеќе на гробот на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски и на гробовите на дел од лицата кои загинаа во авионската несреќа. Денеска се обележува 11 годишнината од трагичната смрт на на […]

Страна 2090 од 2205