Македонија Страница 2089

Македонија

Тодоров: Платите на лекарите-специјалисти ќе се зголемат за повеќе од 24 проценти

Лекарите-специјалисти на универзитетските клиники ќе добијат за 9,6 отсто повисоки ноемвриски плати, а за дополнителни 9,6 отсто ќе им биде зголема февруарската плата, која ќе биде исплатена во март. Зголемувањето на платата на специјалистиte е одлука на Владата и на Министерството за здравство, која била...

Ѓеорѓиев: Изградени 20, за четири години уште 40 нови детски градинки

Владата, заедно со општините, за шест месеци обезбедила 20 нови градинки, во кои се очекува да престојуваат 860 деца, а за следните четири години се планира да бидат изградени најмалку 40 детски градинки, соопшти портпарлот на владата, Александар Ѓеорѓиев. Како што појасни Ѓеорѓиев, станува збор...

МПЦ на аукција продаде лопати од поставување на камен-темелник

Трите лопати со кои денеска претпладне беше поставен камен-темелникот за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“, во населбата Ченто, беа продадени за речиси 10.000 евра, на аукција што се одржа веднаш по завршувањето на церемонијата, а која ја водеше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Златната...

Кржаловски: Лекарите, професорите и полицајците се најкорумпирани

Kорупција во македонското општество е на загрижувачко ниво. Според методогија која се применува во цела Европска Унија, која ја мери не само перцепцијата, туку и реалното искуство на граѓаните, најкорумпирани професии се лекарите, професорите и полицајците, објаснува во интервју за „Инбокс7“, Александар Кржаловски, прв...

Македонците во Албанија вознемирени од изјавата на поглаварот на ИВЗ

Изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, дадена за „Лајм“, а во која тој тврди дека „Македонци муслимани не постојат и дека тие се ѓаволско дело и претставуваат ин-витро нација, создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“, наиде на...

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е...

Нова година скопјани ќе ја дочекаат пред Порта „Македонија“

Градот Скопје годинава централната прослава за дочекот на Нова година ќе ја организира пред Порта „Македонија“. Од Градот сè уште не откриваат кој ќе ги забавува скопјани за „најлудата ноќ“.

Пратеници во Собранието му пишаа на реисот на ИВЗ: Македонците муслимани се реалност

Пратениците Фатмир Имеровски, Нола Исмаjлоска и Алим Билали, денеска испратија писмо до реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван Реису, Дозволете ни како верници, но и како пратеници во Собранието на Република Македонија, избрани и поддржани токму од Македонците муслимани, директно...

Општина Охрид: Имаме целосна доверба во органите на прогонот

Истовремено, трибината ќе биде искористена за анализа на состојбите во Охрид
Од локалната самоуправа во Охрид, преку соопштение, денешната прес-конференција на претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, ја оценуваат како обид „преку изнесување небулози во негов стил, да се оправда пред охриѓани за злоделата што му ги направи на Охрид“. „Фактите кажуваат, а и охриѓани...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема екстерно за студенти, туку државен испит

Екстерниот испит кој СДСМ твдри дека треба да се полага е манипулација и невистина. Се работи за идеја за државен испит, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов од СДСМ. - Сега СДСМ вулгарно сака да капитализира политички профит...

СДСМ демантира: Заев не рекол дека преговара

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Канал 77“ потврдил дека преговори меѓу власта и опозицијата има. Според Заев, преговорите се водат со посредство на ЕУ, а во нив е вклучен и Белгиецот Петер Ванхуд, кој беше вклучен и во анкетната комисија за 24 декември. Како...

По пожарот во Чаир, хоспитализирани четири деца

Пожарот е локализиран и изгаснат
Шест лица се хоспитализирани, а 11  се повредени во денешниот пожар што избувна во зграда во скопската населба Чаир. На Клиниката за детски болести биле примени четири деца на возраст од девет месеци до девет години. Сите пациенти се надвор од животна опасност. Еден од пациентите, кој се здобил...

20 милиони евра за проекти во Источна Македонија

Фондот на „Балкан Медитеран“, наскоро ќе стане достапен за Македонија, со што се проширува можноста за учество во проектите за прекугранична соработка. Државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гуговска, за напролет ја најави новата фаза од програмата за прекугранична соработка со Бугарија....

Иванов со честитка по повод Денот на албанската азбука

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка по повод Денот на албанската азбука. „Прославувањето на 22 Ноември значи негување на културните вредности и особености на албанската етничка заедница во Република Македонија. Почитувајќи ги, зацврстувајќи ги и унапредувајќи ги меѓусебните односи, ние придонесуваме во...

Во приведувањето на Петрески, од СДСМ гледаат политички прогон и монтиран судски процес

Во врска со приведувањето на поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, член на највисокиоот партиски орган – ЦО на СДСМ, попладнево, со прес-конференција, се огласи општинското раководство на партијата. Пораките ги испорача претседателот на локалниот разгранок и пратеник во оставка, Томислав Тунтев, кој упати...

Тодоров: Тамара ќе се оперира на државен трошок

Целосно покриени ќе бидат трошоците за изведување оперативен зафат во странство врз деветгодишната Тамара Димовска од Велес, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров. На Тамара, која има проблем со искривување на ’рбетот, ова ќе ѝ биде седма операција. - Досега биле изведени шест оперативни зафати,...

Анализа: Законот не нè заштитува од дискриминација

Анализата покажува дека во практика се воочуваат нејасни и конфузни одредби кои законот го прават неразбирлив, збунувачки и непогоден за примена
Законот за спречување и заштита од дискриминација не воспоставува во целост ефикасна и конзистентна правна и институционална рамка за спречување и за заштита од дискриминација. Ова е заклучокот на анализата на недостатоците во Законот за спречување и заштита од дискриминација, напревна од Институтот за...

Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми. Според информациите на МВР, осомничените во периодот...

Привремен сообраќаен режим на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

В сабота, 22 ноември, поради изведување градежни активности, на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено поставен режим. Привремен сообраќаен режим ќе биде воспоставен на булеварот, на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември до крстосницата со улицата Московска.

Потпишан договор за финансирање изградба на водовод во Шуто Оризари

Денеска во просториите на Министерството за финансии беше потпишан договор за финансирање на изградбата на систем за водоснабдување во општина Шуто Оризари меѓу Градот Скопје, Министерството за финансии и Општината Шуто Оризари. Во име на Град Скопје, договорот го потпиша градоначалникот Коце Трајановски, во...

Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП). Улбрихт беше осуден...