fbpx
Македонија Страница 1820

Македонија

Орав: Поважен е интересот на граѓаните од интересот на партиите

Овој состанок беше планиран долго време, не е поврзан со вчерашните преговори и ние имаме намера да се состанеме и со другите политички лидери колку што е можно побргу, изјави евроамбасадорот Аиво Орав по денешната средба со премиерот Никола Груевски во Владата, на која...

„Твитер“ за средбата со Хан: Уште колку ќе се иселат од Македонија до април 2016 година?

Социјалните мрежи беа преплавени од коментари за вчерашната средба на лидерите на најголемите политички партии и на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на која беа договорени предвремени парламентарни избори во април следната година. Некои исходот го прогласија за успешно решение, некои негодуваат, а други...

Светските медиуми ја пренесоа веста за вонредните избори

„Немири во Македонија: ЕУ посредниците со план за предвремени избори“, „ЕУ посредниците договорија предвремени избори во непослушната Македонија“, „Предвремените избори во Македонија наводно се врзани со договор за транзициона влада“, „Македонија ќе одржи избори во април 2016“ се дел од насловите со кои светските...

Една затворска и три условни казни за последната група демонстранти од 5 мај

Една затворска и три условни казни им одреди Кривичниот суд во Скопје на обвинетите од последната група демонстранти што беа приведени по протестите пред Владата на 5 мај, пренесува „Утрински“. Тројца од демонстрантите ја признаа вината дека го сториле делото учество во толпа што ќе спречи службено...

Бесими утре ќе се сретне со Коѕиас во Атина

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, утре ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во Атина. Од грчка страна не се откриваат детали што ќе биде на агендата на разговорите. Ова е втора посета на Бесими на Атина во рок од две...

Ховит твитна за средбата: Интересен избор на зборови на Хан…

Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, го поздрави вчерашниот напредок во преговорите за излез од политичката криза во Македонија. - Ја поздравувам изјавата на Јоханес Хан за преговорите во Македонија. Морам да истакнам, интересен избор на зборови „еден вид транзиционен период“ - напиша...

Форум на тема: „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“

Форум на тема „Стручно оспособување и вработување за лица со попреченост“ денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, во соработка со ЕАСПД и со Центарот за обука, едукација и грижа – ДРАГА од...

Битолската болница почна со вработување на волонтерите

Преку 120 волонтери ангажирани во битолската клиничка болница од денеска, па во наредните неколку месеци, етапно ќе бидат вработени со решенија на неопределено време. Вработувањата ќе се реализираат во три фази, а денеска околу една третина од нив ќе ги потпишат решенијата, информираат од прес-службата...

Сите прогласија победа во преговорите, кампањата почна!

По осумчасовните преговори помеѓу политичките лидери и еврокомесарот за проширување, не е сосоема јасно што, всушност, е договорено. Во таков вакуум и двете страни побрзаа да прогласат „победа“. Медумите блиски до политичките структури почнаа да ја анализираат изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, притоа додавајќи и нови...

Прифатени забелешките на еколозите за заштита на Студенчишко блато

Еколошките здруженија од Охрид и од Скопје конечно се задоволни од третманот на надлежните во однос на нивните апели во битката за заштита на Студенчишко блато како жив природен резерват. Конечно и Министерството за животна средина и просторно планирање се приклучува кон заштитата на Охрид....

Безбедносна конференција во Охрид: Современите закани не признаваат граници

Современите безбедносни закани не признаваат граници и добро е што сите тие се препознаени во националните документи и стратегии во земјите од регионот, што значи дека земјите треба колку што е можно повеќе да соработуваат кога се во прашање превенцијата и соочувањето со безбедносните...

Ципрас на итна средба кај Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска заминува на ненадејна средба во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Средбата на која ќе се разговара за итната потреба од решение за Грција беше договорена доцна синоќа во телефонски разговор меѓу Јункер и Ципрас. Претседателот...

Топло и сончево време

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 33 степени. Во Скопје и во околината се...

Хан побара спроведување на договореното и продолжување на разговорите набргу

Во соопштение испратено до медиумите доцна вчеравечер, по средбата со политичките лидери во Скопје, еврокомесарот Јоханес Хан истакнува дека заложбите дадени од партиите денеска и во иднина треба да бидат спроведени во дух на доверба. „Одреден број конкретни мерки беа дискутирани и договорени за соочување...

Камперите поделени и околу предвремените избори

„Ова е првиот пораз на Груевски. Со зурли и со тапани ќе заминеме кога тој ќе си поднесе оставка“, вака камперите пред Владата ја коментираат денешната одлука за предвремени парламентарни избори, која лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА ја договорија заедно...

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, нема предвремени избори

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, договорот за избори во април отпаѓа, објави „Нова ТВ“. По долгата и тензична средба помеѓу лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со американскиот амбасадор Џес Бејли, кој им...

Хан: Предвремени избори до крајот на април наредната година

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по повеќечасовната средба со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е договорено предвремени избори да има во април наредната година, а дотогаш, во таканаречениот транзициски период, треба да се направи прочистување на избирачкиот список. Хан се заблагодари на трпението...

Тројката Хан-Орав-Бејли посредува меѓу лидерската четворка

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, им се придружи на еврокомесарот Јоханес Хан и на евроамбасадорот Аиво Орав, на лидерската средба во резиденцијата на евроамбасадорот на Водно. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, утринава од 9.45 часот се во резиденцијата на ЕУ,...

Казни за аерозагадувачите во Тетово

Парична казна од 2.400 евра заработи приватна фирма во Тетово поради незаконско палење отпадни материи на отворено, а во согласност со Законот за справување со отпад. Општинскиот инспекторат ја изрече казната откако инспекторите утврдиле прекршување на законот, по претходна дојава од граѓани преку телефонската линија...

Двајца демонстранти од 5 мај добија условни казни

На двајцата демонстранти, кои денеска ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност, им е укинат притворот и е заменет со условна казна од три месеци затвор. За едниот е одредена и дополнителна мерка, лекување од алкохолизам во психијатриска...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...