fbpx
Македонија Страница 1806

Македонија

ДУИ го објави договорот од 2 јуни, не е јасно дали важи?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го објави целиот договор што четворицата партиски лидери, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, со посредство на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, евроамбасадорот Аиво Орав и со амбасадорот на САД, Џес Бејли, го потпишаа на...

Штајнмајер: Во Европа, само со преземање одговорност и со демократија

Шефот на германската дипломатија, Франк-Валтер Штајнмајер, во парламентот изјави дека „со вознемиреност го следи развојот во Македонија“, објави „Дојче веле“. Штајнмајер, кој во Бундестагот говореше во прилог на барањето за продолжување на мандатот на КФОР во Косово, но во контекст на регионот, оддели и поголем...

Јолевски: Граѓаните и политичките партии даваат континуирана поддршка за влез во НАТО

Граѓаните на Македонија даваат континуирана висока поддршка на процесот за интеграција кон Алијансата, процес кој е поддржан и од политичките партии во Македонија, рече министерот Зоран Јолевски на Глобалниот форум „Вроцлав 15“ во Полска, односно на панел-дискусијата „Патот кон Европа“. - Македонија и земјите од...

ОБСЕ: И Груевски и Заев да ги удвојат напорите за траен компромис

Сите изгубија вчера: партиите, народот во Македонија како и меѓународната заедница која се грижи за идината на вашата земја, се вели во одговорот на амбасадорот на САД во ОБСЕ, Даниел Баер, во обраќањето до министерот за надворешни работи, Никола Попоски. „Длабоко жалиме што и покрај напорите...

Мемети за третманот на мигрантите: Нехумано, нездраво, недостоинствено

Мигрантите во прифатниот центар за странци во Гази Баба се сместени во услови кои се полоши од оние во притвор, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, посветена на условите во центарот, но и на слабостите на системот по напливот на бегалци од...

Чавков ќе притиска Законот за азил да оди по скратена постапка

Во вторник следната недела, на седница на Влада ќе се одлучува по предлог-измените на Законот за азил и привремена заштита, со кој треба да им се олесни транзитот на мигратните низ земјава. Измените на Законот, чиј предлагач е Министерството за внатрешни работи (МВР), беа готови...

Величковски до Вајгл: Со изјавата зазедовте страна

Претседателот на Либералната партија на Македонија, Ивон Величковски, испрати писмо до европратеникот Иво Вајгл, во кое му ги соопштува погледите на партијата на актуелните состојби во преговорите за решавање на кризата. Во писмото, Величковски вели дека основата за нападите на дел од медиумите дека Заев...

Струмица ќе гради спомен-обележје за загинатите пилоти на МВР

Општина Струмица в понеделник, на седница на Совет, ќе одреди локација на која треба да се постави спомен-обележје посветено на загинатите пилоти на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, кои животот го загубија во хеликоптерска несреќа минатата година. Спомен-обележјето е дело...

2.000 деца на бесплатен одмор во струшкото одморалиште „Мајски цвет“

Оваа летна сезона, вкупно 2.000 деца од семејства со социјален ризик ќе престојуваат на бесплатен подмор во струшкото одморалиште „Мајски цвет“. Првата група деца летувалци во рамки на проектот „Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик“ ќе пристигне во струшкото...

СДСМ го поздрави напорот на Хан за решавање на кризата

Ставовите на СДСМ по повод одржаната средба се презентирани во изјавите на партиските функционери и во официјалните соопштенија на партијата, реагираат од СДСМ во соопштение. Од партијата велат дека текот и исходот на лидерската средба одржана во Брисел, предизвикале различни коментари, шпекулации и дезинформации...

Хан од балканските влади бара поголема слобода за медиумите

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во видеообраќање на регионалната конференција на БИРН во Сараево „Предизвици за медиумската слобода“, изјави дека состојбата со слободата на медиумите на Балканот предизвикува голема загриженост и бара итно внимание. Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот останува точка на особена...

Притвор за уапсените од Ваксинце

Судија на претходна постапка им одреди притвор на четворица жители на кумановското село Ваксинце, кои беа приведени во полициската акција што беше спроведена вчера, кога во ова село беа затекнати 128 мигранти. На двајца од уапсените им е одреден 30-дневен притвор, додека на другите двајца им...

АПМ: Ако Груевски е сигурен во победата на наредни избори, нека даде оставка

„Интересот на граѓаните на Република Македонија мора да биде пред личните интереси на партиските лидери што учествуваат на преговорите. Поради тоа, сметаме дека треба да има официјални информации од организаторите на преговорите за прашањата околу кои се преговара“, велат од Алијанса за позитвна Македонија. Од партијата...

Заев на Конгрес на ПЕС во Будимпешта

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска и утре ќе биде во посета на Будимпешта, каде ќе учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти). Со Заев ќе одат и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски. „Конгресот...

Јолевски во Полска на форум „Патот кон Европа“

Денеска и утре во Вроцлав, Полска, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, ќе присуствува на Глобалниот форум во Вроцлав, каде ќе има свое обраќање на панел-дискусијата „Патот кон Европа“. На дискусијата што ќе ја води Марцин Заборовски, директор на Полскиот институт за меѓународни работи, ќе...

Повеќе се разведуваат отколку што се венчаваат

Според Државниот завод за статистика, минатата година во земјава повеќе бракови се разведени отколку што се склучени. Податоците покажуваат дека лани се склучени 13.813 бракови, кои се за 1,2 отсто помалку од претходната година, а разведени се 2.210, што е за 8,1 отсто повеќе...

Сончево и топло со температура до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Максималната дневна температура ќе достигне вредности од 32 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе преовладува слично време, со максимална дневна температура од 32 Целзиусови степени.

Заев на средба со шведскиот дипломат Солстром

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, денеска се сретнал со генералниот директор за политички работи во шведското МНР, Торбјорн Солстром, придружуван од амбасадорот на Кралството Шведска во Р. Македонија, Матс Стафансон. Како што соопштуваат од партијата, тема на...

Заев: Ќе се дознае поради кој политичар не е постигнат договор во Брисел

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска по враќањето од Брисел изјави дека ќе се дознае кој е политичарот поради кој вчера не е постигнат договор. - Кој тоа бил виновен? Ако ги прашате странците, ќе кажат во овој момент беше Заев, во друг беше Груевски,...

„Паркинзи на општина Центар“ го доби спорот со „Никофон“

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ денеска го добило спорот со друштвото за сервисирање, трговија и услуги „Никофон“. Како што известуваат од претпијатието, Основниот суд Скопје 2 констатирал дека „Никофон“ го нарушил мирното и непречено стопанисување на ЈППОЦ со јавното паркиралиште кај Аутомакедонија, на улицата Мито Хаџи-Василев...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...