fbpx
Македонија Страница 1805

Македонија

Лајчак: Македонија – единствена земја во која е полошо од пред 10 години

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, во Луксембург на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој се усвоија заклучоците за Македонија, за медиумите ја опиша министерската дебата за Македонија. - Дискусијата ги покажа ставовите на членките на ЕУ. Некои целосно...

Попоски: Посетата на Коѕиас е мудар чекор на грчката дипломатија

Ова е мудар чекор на грчката дипломатија што ќе придонесе за евроинтеграцијата на регионот и за подобрување на билатералните односи, рече Попоски пред утрешната посета на неговиот грчки колега, објави „Телеграф“. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ја оценува како многу корисна утрешната посета на...

Владата темелно ќе го проучува извештајот на ЕК

Владата со внимание се „осврнала“ на извештајот на Европската комисија, што го изработи група експерти под водство на Ренјхард Прибе, потврди владниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, додавајќи дека „препораките од комисијата ќе бидат темелно проучени“ и искористени во реформите потребни за европските интеграции. - Со внимание се осврнавме...

Раковец: Словенија ќе продолжи да биде верен пријател и поддржувач на Македонија

„Словенија ќе продолжи да биде верен поддржувач и искрен пријател на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Ќе продолжиме да го помагаме вашиот пат кон членство во ЕУ и во НАТО“, рече денеска  амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец, на приемот во Скопје по повод одбележување...

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, се сретна со Џес Бејли

Делегација на Либерално-демократската партија, предводена од претседателот на партијата, Горан Милевски, денеска се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за начинот на решавање на политичката криза. Амбасадорот бил запознаен со ставовите и...

Завршна конференција на НЕАП: За ефикасно граѓанско учество најважна е политичката волја

Во хотелот „Арка“ се одржа завршната конференција на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество“. На конференцијата присуствуваа претставници на граѓански организации, институции и на медиуми. - Проектот јасно укажа дека е важно да се создаваат алатки што ќе бидат лесно достапни, едноставни за...

ПССЕ: Државите да воведат подобра заштита од масовно прислушување

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го усвои извештајот за заштита на таканаречените „известувачи - предупредувачи“, како продолжение на Резолуцијата за осуда на масовното прислушување усвоена на пролетната сесија во април. Во извештаите се осудува масовното и нелегално прислушување и се бара државите...

МЦЕО: Повеќе од половина граѓани веруваат дека „бомбите“ се вистински

Граѓаните сè повеќе веруваат дека аудиоснимките што ги објавува опозицијата се автентични, велат од Македонски центар за европско образование, кои своите тврдења ги темелат на анкетно истражување, објави „А1 он“. Според нивните резултати, 96 отсто од граѓаните слушнале за аферата „Прислушување“, а 88 отсто од граѓаните...

СДСМ: И „Фридом хаус“ го нотираше падот во сите категории

Во најновиот извештај на релевантната меѓународна организација „Фридом хаус“, Македонија повторно е оценета како земја во која владее хибриден режим, реагираат од СДСМ. Во соопштението на опозициската партија пишува дека извештајот на „Фридом хаус“ содржи недвосмислени критики за спроведувањето на изборниот процес, состојбата во медиумите,...

Македонија е европски рекордер по невработеност на млади од 15 до 29 години

Изминатата 2014 година Македонија била европски рекордер по бројот на млади невработени лица. Најпогодени со невработеноста се младите од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош или, пак, од семејства со ниски приходи. Младите во овие семејства едноставно имаат мала можност за комуникација и...

Стечаен управник, вештаци, сметководители… осомничени за злоупотреби во девет фирми

Стечаен управник, управители на фирми, вештаци и сметководители се осомничени дека со незаконски дејства и со фалсификување документи на девет фирми од Источна Македонија, го оштетиле буџетот на државата за сума од околу 12,8 милиони денари или околу 208.000 евра, соопшти МВР. Како што информираат...

На ФЕИТ беа промовирани нови 275 инженери и 113 магистри

Нови 275 инженери и 113 магистри, вчеравечер промовираше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На промоцијата, која се одржа во Македонскиот народен театар, деканот на ФЕИТ, Миле Станковски, им порача на дипломираните и на магистрите дека ова е дипломирањето, односно магистратурата ги става на...

ВМРО-НП: Македонија да биде една изборна единица

ВМРО – Народна партија го поздравува одговорниот приод и јасно изразената подготвеност на четирите политички партии за придржување кон договорот од 2 jуни, потпишан со посредство на ЕУ и на САД, и за негово целосно имплементирање, што гарантира успешно решавање на политичката криза. „Го изразуваме нашето...

Судот ќе го оценува и обвинителниот акт против Заев за случајот „Поткуп“

Совет за оцена на обвинителен акт, на скопскиот кривичен суд, на седница закажана за 1 јули, ќе го оценува обвинението за случајот „Поткуп“, во кој осомничен е лидерот на опозицијата, Зоран Заев. „Советот за оцена на обвинителен акт, кој постапува по поднесениот обвинителен акт од...

Сопствениците на шуми на состанок во Штип

Можноста за добивање државна поддршка преку субвенции за подигнување и за одржување шуми, како и актуелните проблеми со добивање дозволи за сечење од сопствените шуми е тема на состанокот што за попладнево е закажан во Штип. Се очекува присуство на надлежните од ЈП „Македонски...

Хелсиншки комитет: Изборот на Чавков е неуставен

Изборот на Митко Чавков за министер за внатрешни работи е неуставен, се посочува во извештајот за работата за април и за мај од Хелсиншки комитет. „На 12 мај 2015 година, претседателот на Владата на РМ, до Собранието достави допис во кој извести за оставките на министрите...

Коѕиас утре во Скопје на средби со целиот државен врв и со опозицијата

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утре доаѓа во Скопје. Коѕиас ќе допатува во Скопје од Брисел, каде вчера и денеска учествува на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ, на кој се разговара и за Македонија. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен...

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да ги усвојат заклучоците за Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија денеска се очекува да ги усвојат нацрт-заклучоците за Македонија, во кои се бара, меѓу другото, истрага за објавените прислушувани материјали, итни реформи во судството и во изборното законодавство. Тие треба да ги изгласаат и препораките за надминување...

Стејт департмент: Македонија успешно се бори со тероризмот

Во 2014 година е регистриран пораст на терористичките напади во светот за 35 проценти, покажа редовниот годишен извештај на Стејт департментот. Бројот на убиени се зголемил за 81 процент, главно поради зголемениот број напади во Ирак, Авганистан и во Нигерија. Во 2014 година, во светот се случиле...

„Фридом хаус“: Македонија и понатаму во групата „преодни влади или хибридни режими“

„Преодни влади или хибридни режими“ и понатаму е групата во која останува Македонија во последниот извештај на „Фридом хаус“, со наслов „Држави во транзиција“. Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на „Фридом хаус“. Во најновиот се наведува дека Македонија продолжува да забележува...