fbpx

Меѓународниот семинар за македонски јазик одбележа 56 години постоење

На денешен ден, пред 56 години, бил основан Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. Семинарот има богата традиција на македонистиката кај нас и во светот. Меѓународниот семинар има 11 македонстички лекторати во девет земји: Франција, Руската федерација, Турција,...

Рок архивистот Тошо Филиповски отвори изложба во Сараево посветена на македонската музичка сцена

„Екс-ју рок центар“ во Сараево е домаќин на изложбата „60 години македонска рок сцена“. Истата беше отворена во петок, 15-ти декември. Таа се состои од разни артефакти од македонската музичка сцена, вклучувајќи урамени плочи, плакати од концерти и фотографии од музичари. Изложбата ќе стои...

Објавен македонски превод на стрипот „Везење“ од Марџан Сатрапи

Издавачката куќа „Бункер“ од Скопје објави македонска верзија на графичкиот роман „Везење“ од француско-иранската авторка на стрип, филмска сценаристка и режисерка Марџан Сатрапи. Романот ги пренесува приказните на три генерации ирански жени од семејството на Сатрапи, од бабата феминистка, мајката стоик, ексцентричната тетка и нивните...

Албанија ѝ враќа на Македонија 20 икони украдени од цркви и манастири

Владата на Албанија ѝ враќа на Македонија 20 икони кои припаѓаат на македонските цркви и манастири, а кои биле незаконски изнесени од земјава. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана на церемонија за свечено предавање на овие икони, кажала дека Владата високо го...

Истрага против 13 лица кои го срушиле споменикот на културата, хотел „Шар Ан“

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, единиците на МВР спровеле акција при што биле извршени претреси на повеќе локации во градот Скопје, информира Јавното обвинителство. Во акцијата биле одземени бројни...

Со средства од 2,1 милиони евра на ЕУ ќе се поддржуваат уметнички проекти

Министерството за култура информира дека објавен e повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“). „Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во...

Формирано Здружението за промоција на македонската култура во Полска

Здружението за промоција на македонската култура во Полска беше формирано изминатиот викенд во Волскиот центар за култура во Варшава, информираат од ова здружение. Целта на нивното постоење е продлабочување на соработката меѓу македонската и полската култура. „Здружението за промоција на македонска култура во Полска е...

Макс Бункер потврди: Култниот стрип „Алан Форд“ завршува со бројот 660 во мај 2024

Реакциите на обожавателите на стрипот „Алан Форд“ не го поколебаа авторот и издавач Макс Бункер, кој во најновото издание во Италија објави дека не ја повлекува одлуката ја прекине 55-годишната традиција на континуирано објавување, информира Мета.мк. Стрипот „Алан Форд“ е дело на Макс Бункер, псевдоним...

„Страв од непознатото“, деветта изложба на уметницата Христина Маркоска

Уметницата Христина Маркоска ја имаше својата деветта изложба насловена како „Страв од непознатото“, во Домот на културата АСНОМ во Гостивар. Маркоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на смерот вајарство, во класата на проф. Жарко Башески, а магистрирала во2013, под менторство на проф. Гоце...

Претседателот Пендаровски покровител на националната иницијатива „2023, година во чест на Ацо Шопов“

Вчера во преполната сала на Кинотеката, беше одбележана стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов. На настанот насловен како „Ацо Шопов – Невообичаено“, неговиот лик и неговото дело повторно заживеаја преку повеќе неконвенционални и нестандардни медиумски формати. Бројните поклоненици на вредностите на македонската култура и љубителите...

„Астерикс и белиот ирис“: Новата епизода на култниот стрип ја освојува Европа

По објавувањето на крајот од октомври, новиот стрип-албум „Астерикс и белиот ирис“ ја освојува Европа. Испечатен е во 5 милиони примероци на 20 јазици кои се дистрибуираат истовремено, со што се одржува репутацијата на Астерикс како најпреведуван француски стрип. Тема на најновата епизода за популарните...

Почина актерот Мето Јовановски

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски почина денес на 77-годишна возраст. Роден е на 17 јануари 1946 година, во пехчевското село Панчарево. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала...

Утре изложба „Северна Тракија“ во Археолошкиот музеј

Во Археолошкиот музеј во Скопје утре, 14 ноември, ќе биде отворена изложба „Сребрена Тракија“, која е прво целосно претставување на тракиската култура во нашата држава. Како што информираат организаторите, во духот на европските вредности и зацврстување на културната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, изложбата...

Костадиновска-Стојчевска и Ковачевски на средба во УНЕСКО, се споменал и Охрид

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата, извести македонското Министерство за култура, беше истакнато задоволството...

Филмот „М“ ќе биде прикажан денеска и утре на филмскиот фестивал во Котбус во Германија

Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија, во рамки на филмскиот фестивал Котбус, кој е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм. Како што велат организаторите, фестивалот сака да прикажува добри филмови...

Танец в четврток со концерт во чест на Васка Илиева

Oдложениот концерт на Танец во чест на Васка Илиева, ќе се одржи в четврток, на 9 ноември, во 20 часот, во Домот на АРМ, известуваат од НУ Танец. Концертот на Танец во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева е замислен како ексклузивна гала...

Македонскиот филм „M“ на Вардан Тозија денеска на 19. издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград

Македонскиот филм „М“ во режија на Варан Тозија денеска во 18 часот, во рамките на програмата „Зона без граници“ ќе биде прикажан на 19.издание на фестивалот „Слободна зона“ во Белград. Основан во 2005 година, Филмскиот фестивал „Слободна зона“ прикажува во просек од 30 до 40...

Битлси ќе ја издадат својата „последна“ песна благодарание на вештачка интелигенција

Битлси најавија дека следната недела ќе ја издадат нивната „последна“ песна, „Now and Then“. Песната е базирана на демо снимка која Џон Ленон ја снимил во седумдесеттите години, кусо пред неговата смрт. Останатите членови на Битлси се обиделе и друг пат да доснимуваат, односно се...

На 3 ноември во Кинотека започнува недела на јапонски филм

На 3 ноември во 20 часот, по шеснаесетти пат ќе започне „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија. Годинешната програма на јапонската филмска недела ќе обработува теми од секојдневните предизвици со кои се соочуваат претставници од различни демографски групи во јапонското општество. „Тоа ќе...

Утревечер концерт во Филхармонија на пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски

Утревечер во Камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи пијано трио “30 прсти“. Во триото свират пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. На програмата се дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Д.Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков. Вршкова реализирала...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...