среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Настапи на Рафајловски, Димоски и Бафтијари во Филхармонија в петок

октомври 21, 2025

В петок, на 24 октомври во Филхармонија, ќе се одржи настан „Подиум на млади“, на кој настапи ќе имаат младите музичари Виктор Рафајловски, Леонардо Димоски и Шкељзен Бафтијари. Настапите ќе започнат во 20 часот во камерната сала. Виктор Рафајловски, пијано ќе настапи со: Ф. Лист: Трансцендентална етида бр.4 „Mazeppa“ – Т. Прошев: „Интима“ – варијации […]

Новата универзална сала ќе се гради по принцип „Клуч на рака“ од градежно проектантското трговско друштво Универзал-Балкан

октомври 18, 2025

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – […]

Во Кинотека ќе се одржи ново издание на филмскиот фестивал „ЕХО“

октомври 17, 2025

Од 20 до 24 октомври, во Кинотека ќе се одржи шестнаесеттото издание на „ЕХО“, фестивалот на планински филм, единствениот настан во земјава што ја слави планината преку уметноста на филмот. Како што информираат организаторите, годинава, фестивалот ја става во центар поврзаноста меѓу човекот и природата, преку внимателно селектирана програма на документарни и авторски филмови од […]

Концерт на пијанистката Дуња Иванова со наслов „Кругови“

октомври 8, 2025

Денес во Културно-информативниот центар со почеток во 20 часот, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт со наслов „Кругови“. Централен дел од програмата на концертот се четирите пиеси со истоимен наслов, чиј автор е пијанистот и композиторот Дино Имери. Иванова премиерно ќе ги изведе неговите: „Ни ваму ни таму“, „Валцерот на Миро“, „Мајка“ и „Дрво“. На […]

Бесплатен влез на сите претстави на фестивалот „Under 600“ – првиот фестивал на независна театарска продукција

септември 24, 2025

„Штрих“ соопштува дека стартуваат резервациите на билети за фестивалот на независен театар „Under 600“, кој ќе се одржи од 25 до 28 септември во Скопје. Настанот, поддржан од British Council и РИКО, ќе понуди 12 претстави и богата дополнителна програма, сè со бесплатен влез за публиката. Одлуката за бесплатни билети, како што велат организаторите, произлегува […]

Чествување на Игор Исаковски преку објава на збирка поезија „Совршен поет“

септември 20, 2025

Во слава на поетот Игор Исаковски (1970-2014), на 55-годишнината од неговото раѓање, издавачката куќа „Или-Или“ организираше промоција на книга со негова собрана поезија „Совршен поет“. Промоцијата се одржа во петок 19 септември во скопската кафе-книжарница „Буква“, во присуство на соработници, пријатели и дел од семејството на Исаковски, при што просторот беше претесен да ги собере […]

Пред почетокот на изборната кампања Министерството за култура најави нова Универзална сала во Скопје

септември 15, 2025

Како и многу други прокети пред почетокот на изборната кампања, така денес и Министерството за Култура и Туризам, денес пред македонската јавност го презентираше визуелното решение за новата Универзална сала. Според нив ова треба да е модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија […]

Златна камера 300 за животно дело на „Браќа Манаки“ годинава во рацете на Дариус Конџи

септември 9, 2025

Дариус Конџи е добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46 издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“, соопштија денеска организаторите на фестивалот на прес-конференција. Оттаму информираат дека оскаровецот Воли Фистер годинава во Битола ќе ја прими Специјалната камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност. „Денеска го дополнуваме списокот […]

Ново дело на Озбек Ајваз во Паркот на франкофонијата: Минатото не е товар туку извор на инспирација

август 29, 2025

Младиот уметник Озбек Ајваз пред неколку дена ја одржа својата втора по ред самостојна изложба, насловена како „Гласот на минатото“, која се одржа во мобилно-монтажна галерија во Паркот на франкофонијата. На клупа е изложена скулптура на човек кој чита весник направена од стари рециклирани материјали собирани од дворови, работилници, а дел подарени. Темата, како што […]

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска со светска премиера во Венеција

август 28, 2025

Со долг аплауз и стоечки овации, најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска, „МАЈКА“, имаше светска премиера на 81. Венециски филмски фестивал, отворајќи ја селекцијата „Хоризонти“, соопшти Агенцијата за филм. Филмот ја раскажува интимната приказна за младата Тереза во Калкута, во 1948 година, кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да […]

Со премиера на „La Grazia“ започнува 82. Венецијански филмски фестивал

август 27, 2025

Со премиера на филмот „La Grazia“ од италијанскиот режисер Паоло Сорентино, денеска започнува 82. издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Најстариот филмски фестивал во светот и годинава е домаќин на голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Двејн Џонсон, како и познати режисери како Гиљермо дел Торо и Кетрин Бигелоу. Филмот „La […]

И Скупи оживеа пред избори: Министерот за култура потпиша Меморандум за соработка со германски археолози

август 19, 2025

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со делегација од Германскиот археолошки институт од Берлин и претставници од Музејот на град Скопје, денес го посетија археолошкиот локалитет Скупи. Во рамки на настанот беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството и Институтот, како и Договор за соработка меѓу Римско-германската комисија и Музејот на град Скопје. […]

Креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри на Стоби

јули 25, 2025

На археолошкиот локалитет Стоби овие денови повторно оживува духот на античкиот свет. Под водство на м-р Василка Димитровска, археолог и сертифициран тренер за интерпретација на наследство, се реализираат креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри и оружје. Како што информираат во „Хаемус“, центарот за научни истражувања и промоција на културата, работилниците се дел од […]

Кирил Џајковски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година

јули 23, 2025

Композиторот и продуцент Кирил Џајковски е добитник на престижната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година, со која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) го оддава признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура. Одлуката беше соопштена денеска од претседателот на ДФРМ, Игор Иванов – Изи, кој истакна дека […]

Светот се простува од Ози Озборн – легендата на хеви-металот почина на 76 години

јули 23, 2025

Фанови, музичари и поранешни колеги од бендот му оддаваат почит на Ози Озборн, фронтменот на пионерскиот хеви-метал бенд Блек Сабат, кој почина на 76-годишна возраст. „Изгубивме брат“, изјави коосновачот на бендот, Тони Ајоми, додека басистот Теренс „Гизер“ Батлер се присети на нивниот последен настап, а тапанарот Бил Вард сподели заедничка фотографија. Смртта на легендата на […]

Од утре започнува „Бич филм фестивал“ во Охрид

јули 22, 2025

„Бич филм фестивал“ (Beach Film Festival) започнува од утре и ќе трае до 27 јули во Охрид. Како што информираат организаторите, повеќе од 60 европски филмови на отворено. „Осмото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи на четири внимателно избрани локации: главното отворено кино на плажата Славија, култната плажа Сараиште, Брод Армада и Младинскиот […]

Зоран Кардула со нова изложба утре во НОБ

јули 17, 2025

„Flora Imaginarium“ е името на изложбата на уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, која утре може да се погледне во НОБ од 20 часот. „Изложбата е инспирирана од еден проект кој го работев последниве две години, за еден познат македонски бренд. Се надевам ќе уживате и покрај топлото време“, напиша тој на својот Фејсбук профил. […]

Галичка свадба: Одржување на традицијата со нови генерации и долгорочни партнерства

јули 4, 2025

Од 11 до 13 јули, повторно ќе се одржи „Галичка свадба“, годинешните младоженци се Јован Филипоски, потомок на галичкото семејство Филипоски, и Лилјана Михајлоска, кои велат дека учеството во свадбата е исполнување на животен сон. Тродневната програма ќе започне во петок, 11 јули, со монодрама на мијачки дијалект посветена на 150 години од издавањето на […]

Изложба „Трагедија на еднаквоста IV – Буткање на рака“ во Музејот на современа уметност

јули 3, 2025

Изложбата „Трагедија на еднаквоста IV – Буткање на рака“ на Ариел Хасан ќе биде отворена со перформанс во Музејот на современа уметност во Скопје на 3 јули (четврток) во 20:00 часот. Ова е прво самостојно претставување на Ариел Хасан во Сeверна Македонија и претставува четврто продолжение на меѓународен проект, кој имаше три претходни различни итерации: […]

Бич филм фестивал во Охрид од утре до 6 јули

јули 1, 2025

Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival, кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летно загревање пред да започне официјалната програма. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филмови. Секоја вечер од 2 […]

Страна 2 од 73