fbpx

Бурен образовен викенд, со можности за повремени валканици

Предложените измени во законите за високо образование, викендов предизвикаа вистинско невреме, какво во јануари - кој обично е „мртов“ месец - во македонското образование се нема случено со децении. Бурата ја почна предлогот од Универзитетот на Југоисточна Европа, со кој се бара реформите во...

Дождот го намали загадувањето, Скопје дише послободно

Дождот, кој денеска претпладне паѓаше во Скопје, го намали загадувањето на градот. Ако вчера загадувањето со ПМ10-честички изнесуваше 372 микрограми на еден кубен метар, што беше речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми, денеска изнесува 150, што е трипати повеќе. Моментално, според податоците од страницата на Министерството...

Скопје, Кичево и Тетово повторно се задушуваат, воздухот е седумпати позагаден од дозволеното

Во 15 часот, загадувањето во Скопје со ПМ10-честички изнесува 372 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Голема концентрација со овие честички има во скопските општини Центар, Капош, Лисиче и Гази Баба. Речиси во сите општини концентрацијата на ПМ10-честички изнесува повеќе од 400...

Спојувањето празници е македонски изум

Скопје изгледа празно иако петок е работен ден. Пред Нова година од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека празниците, како што се четврток (1 јануари ) и вторник и среда (6 и 7  јануари), Бадник и Божик, не треба да се спојуваат со петок (2...

„Линк медиа плус“, фирма за златни лопати, тендери и за лампиони

Новогодишно украсување улици, наводнување жардиниери, изработка на репрезентативен новогодишен материјал, изработка на контролни маркици - етикети,  набавка на спортска опрема и на спортски маици, хортикултурно уредување, ова се само дел од тендерите што фирмата „Линк медиа плус“ ги добивала од скопските општини, Градот Скопје и од...

Македонија на голем минус, жолта фаза во три региони

Oд Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат многу нискa температурa, а три региони од земјава ќе бидат во жолтата, односно предупредувачка фаза. Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево се прогласени за критични региони, а температурата во тие делови од земјава ќе се...

Италијанска астронаутка: Бонџорно Скопје, Македонија!

Италијанската астронаутка Саманта Кристофорети викендов ги поздрави граѓаните на Македонија од вселената. Кристофорети, која на 23 ноември ја почна својата шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица, во саботата преку својот твитер-профил испрати поздрав, објавувајќи фотографија на Скопје од вселената. „И убава сабота, Македонијо! Еве го вашиот...

Скопјани се собраа да кажат „не“ за барок на ГТЦ

На плоштадот во Скопје вечерва се собраа граѓани во одбрана на Градскиот трговски центар. Тие испратија порака до Владата да се повлече од намерата да го претвори во барок. Меѓу насобраните скопјани имаше и многу јавни личности, а во одбрана на ликот на ГТЦ со...

Еден загинат, 156 патници извлечени од „Норман Атлантик“

Трагедијата на „Норман Атлантик“, кој утринава се запали на отворено море во близина на островот Крф, ја зеде првата жртва. Портпаролот на грчкото министерство за поморство, повикувајќи се на потврдени информации од италијанската крајбрежна служба, објави дека еден маж загинал во интервенцијата за негово...

Се запали ферибот кај Крф со 478 патници, тројца се од Македонија

Грчките и италијанските крајбрежни служби се обидуваат да спасат 478 патници од ферибот кој утринава се запали на отворено море, во близина на островот Крф, од кои тројца се македонски државјани. Според списокот на патниците кој го објави „Прото тема“ на бродот од Македонија биле...

Последен, очајнички апел на Самарас

Грчкиот премиер ја оцени како политичка уцена и изнуда одлуката да се гласа против Ставрос Димас и да не се избере претседател. Андонис Самарас вечерва, преку интервју на државната грчка телевизија, го имаше последното обраќање до граѓаните и до пратениците пред последниот круг гласање...

Студентите и професорите побараа Владата да отстапи

Неколку илјади студенти, професори и средношколци се собраа пред Владата на Република Македонија и побараа повлекување на законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите. Извикувајќи „Доста се криете“, „Екстерно за владата“, „Автономија“, „Нема правда, нема мир “ на македонски и...

Собранието, без кворум, не му ги оздеде мандатите на СДСМ

Собранието немаше двотретинско мнозинство за да почне со гласањето за одземање на 31 мандат на пратениците од опозицијата. Во салата беа присутни само 65 пратеници, а за одземање на мандатите е потребно двотретинско мнозинство или 82 пратеника. На седницата не присуствуваа сите пратеници на коалициските партнери...

„Студентски пленум“: Да не дозволиме да продолжи монологот на Владата

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат протестот, кој во 14 часот ќе почне пред Владата на Република Македонија, да биде мирен, без инциденти и без партиски и национални обележја. Револтирани, бидејќи законот беше усвоен на владината сединица без да бидат повикани на јавна...

Скопје се задушува: За пет дена пар-непар и бесплатен јавен превоз?

Загадувањето во Скопје измерено во 10 часот утринава изнесува 311,20 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати над дозвелените 50 микрограми. Високо ниво на загаденост во Скопје трае од неделата. Ако загадувањето продолжи и во наредните пет дена, тогаш од Град Скопје треба да...

800 пензионери се хонорарци во Здружението на пензионери!

Околу 800 пензионери земаат хонорар како награда за дополнителната работа во месните и во општинските одбори на Сојузот на здруженијата на пензионерите во Македонија. Нивните надоместоци се движат од 3.000 до 5.000 денари во основните месни заедници, 8.000 денари во општинските организации, до 15.000 денари во...

Македонските новинари ќе можат да пријавуваат заплашувања во Стразбур

Новата интернет-платформа што Советот на Европа ја подготви со Европската федерација на новинари (ЕФН), „Репортери без граници“ и со други меѓународни новинарски здруженија и преку која европските новинари ќе можат да информираат за секаков вид заплашување или напад, ќе им биде на располагање и на...

Ќе страдаат најзагрозените: Протест против законот за хонорари

„Нема да ви плаќаме“, „Не за дражавен рекет“,  „Социјална правда“, „Нема да ви помине“, „Заедно сме посилни“, „Ќе победиме“ со  овие извици, протестантите денеска ѝ порачаа на Владата дека не се согласуваат со донесувањето на новиот закон за задолжително социјално осигурување. Протестантите се собраа...

Студентите револтирани, најавуваат нов марш „наскоро“

Протестите продолжуваат, студентите нема да се откажат, ниту по отворената седница на Владата на која едногласно се донесе одлуката да се воведе државниот испит, односно предлог-законските измени за образованието. Од „Студентски пленум“ велат дека нема да отстапат од нивните барања да не се воведе...

Владата, сепак, го усвои државниот испит

На денешната отворена седница на Владата на Република Македонија, беа прифатени реформите на законот за високо образование, кои предвидуваат воведување државен испит за студентите. Со ова се затвори јавната расправа за овој закон, кој ќе биде испратен на гласање во Собранието на Република Македонија. Министерот за...

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...