fbpx

„Шарената револуција“ и на поројниот дожд порача: СЈО е правда!

Неколку стотини граѓани вечерва на протестот на „Шарената револуција“ се обидоа да стигнат до Уставниот суд, но полициски кордон ги запре на мостот Гоце Делчев. Демонстрантите, на поројниот дожд, кој врнеше за време на целиот протест, се обидоа да го пробијат кордонот, при што настана...

Брисел ги сопре финансиите за Коридорот 8

Европската комисија одлучи да не го финансира Коридорот 8 поради проблемите и недостатоците во транспортниот сектор на Македонија, соопшти Маја Коцијанчич. - Проектот за транспортно поврзување, кое земјата го поднесе, Коридорот 8, ќе биде разгледан откако истакнатите проблеми во секторот, како што е секторот за...

Државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, стана директорка на УЈП

Државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, стана директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), потврдија од Владата за „Мета“. - По изборот на Кирил Миноски за министер за финансии, заради тековно извршување на функциите на институцијата, Владата одлучи директорот на подрачната единица на УЈП во...

Измени на Законот за внатрешни работи: Државниот секретар во МВР да го именува Владата

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи (МВР) да го именува Владата на предлог на ресорниот министер, наместо тој да се избира од редовите на раководните лица во МВР. Ова е клучната измена во Законот за внатрешни работи што денеска е на дневен ред на...

Попоски на самит во Париз: Потребно е ЕУ да ја зајакне финансиската помош за регионот

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на Третиот самит за Западен Балкан, што се одржа во Париз под покровителство на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, информираат од Министерството за надворешни работи. На сесијата на министрите за надворешни работи се дискутирало за прашања од областа на миграциите,...

Хан не нè спомна, побара Западен Балкан прво економски да се обедини, па да влезе во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во своето обраќање на бизнис-форумот во рамките на Самитот за Западен Балкан во Париз, со ниту еден збор не ја спомна Македонија, за разлика од Црна Гора, Албанија, Србија и од Косово. Еврокомесарот смета дека иако...

Комисија ќе ја оценува регуларноста на студентските избори

Да се основа комисија што ќе ги разгледува сите факти и докази за настанатата ситуација поврзана со изборите за студентски лидер, одлучи Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на денешната вонредна седница. Комисијата ќе треба да побара и правна основа за дел од заклучоците усвоени на...

Почна вонредната седница на Ректорската управа на УКИМ

Во тек е вонредната седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која студентите од „Студентски пленум“ и од Студентски парламент ги раскажуваат настаните поврзани со изборот за претседател на СПУКМ. Деканите на факултетите при УКИМ даваат свои предлози како да се...

„Студентски пленум“ закажа собир пред Ректорската управа

Студентите од „Студентски пленум“ утре, во 8 часот, ќе се соберат пред Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ), каде што е закажана вонредна седница по повод случувањата околу изборот на нов студентски лидер. Тие ги повикуваат своите колеги да дојдат на седницата и да го споделат...

Ристова: Допрва следува битка на УКИМ со власта

Битката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со власта допрва ќе биде офанзивна, вели универзитетската професорка и членка на „Професорски пленум“, Мимоза Ристова, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. - Мислам дека следниот потег е кај нас луѓето кои се спротивставуваат на криминални избори во...

Коцијанчич: Обврските се неисполнети, ЕУ ја крати финансиската помош за Македонија

Влошениот политички амбиент е една од причините зошто Владата и администрацијата не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи и да ги имплементираат фондовите на ЕУ, одговори портпаролката на Европската...

Европска комисија скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија

Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“. Европската комисија ја известила Владата на РМ, а, според информациите на овој медиум, планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите. Европската канцеларија што е надлежна за истраги...

„Студентски пленум“: На суд ќе кажете кој издаде наредба за прекумерна употреба на сила

Студентите од „Студентски пленум“ побараа одговор кој издал наредба за употреба на сила без правна основа за припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и оклопни возила синоќа да се распоредат пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите...

Орав: Партиите да најдат решение за кризата во следните денови, а не недели или месеци

Европската Унија е длабоко загрижена поради политичката криза која наместо да се решава, се најде во ќор-сокак, соопшти денеска во Скопје евроамбасадорот Аиво Орав, придружуван од амбасадорите на земјите членки на Унијата. - Помина повеќе од еден месец откако Собранието повторно се свика. За жал, не видовме...

Тензично пред СПУКМ, полицијата ги турка студентите од „Студентски пленум“

Припадници на Единицата за брзо распоредување и оклопни возила се распоредени пред седиштето на СПУКМ, каде што членовите на Студентскиот парламент ги заклучија кутиите од денешното гласање за избор на претседател на Студентскиот парламент. Специјалците ги туркаат студентите за да го ослободат просторот пред СПУКМ...

Остри тонови од грчките десничари до македонската влада за спорот за името

Лидерот на грчката десничарска партија Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, од Европскиот парламент порача дека Грција ги има направено неопходните чекори за да се најде решение за името и дека тоа треба да го направи и владата во Македонија. Одговорајќи на прашања на европските пратеници во рамки...

Коцијанчич: Груевски и Хан разговараа за врќање на државата на патот на евроатланските интеграции

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната средба во Брисел разговарале за политичката криза во земјава и за нејзино враќање на патот на евроатланските интеграции, вели Маја Коцијанчич за „Мета“. „Лидерите веќе изгубија премногу време. Повеќе од итно е да се...

Ханес Свобода: ЕК предоцна и премалку реагира на развојот на настаните во Македонија

Европската комисија премногу доцна реагира на развојот на настаните во Македонија, оценува австрискиот европратеник Ханес Свобода, во интервјуто за „Јуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) посветено на состојбата на социјалдемократијата во Западен Балкан. Во однос на податокот дека Македонија е најслабо рангирана аспирантка за членка...

Исламска држава најверојатно стои зад нападот во Истанбул

Триесет и шест загинати и 147 повредени е последниот биланс од синоќешниот терористички напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Според првичните анализи, нападот кој беше извршен синоќа околу 22 часот, најверојатно е дело на припадниците на Исламска држава, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој рече дека досега...

Тројца бомбаши самоубијци се разнеле на „Ататурк“

Најмалку 28 лица загинаа, а 60 се повредени откако тројца бомбаши самоубијци се разнесоа на најголемиот истанбулски аеродром „Ататурк“. Васип Шахин, гувернерот на Истанбул, за телевизискиот канал НТВ изјави дека 28 лица загинале и оти властите веруваат дека нападот го извршиле тројца бомбаши, бидејќи на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...