среда, 10 декември, 2025
Meta.mk

Словенија ќе ги приватизира банките

16 февруари 2015

Водечките банки во Словенија ќе се приватизираат, најави словенечкиот гувернер Боштјан Јазбец, кој изјави дека доколку се спречи приватизацијата на банките во Словенија, тоа би можело да биде многу опасно. Има реакции дека централната банка неправилно ги прикажала состојбите во домашните банки пред да ги докапитализира со 3,5 милијарди евра кон крајот на 2013 година.

Јапонија излезе од рецесија

16 февруари 2015

Во последниот квартал од минатата година, Јапонија излезе од рецесија. Сепак, порастот е послаб од што проценуваа аналитичарите. Владата информираше дека јапонскиот домашен бруто-производ во четвртиот квартал остварил пораст од 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, односно 2,2 отсто на годишно ниво.  

УЈП: Подготвен е системот за плаќање придонеси за хонорарците

14 февруари 2015

Подготвен е системот за пресметка и за уплата на придонесите на приходите од договори на дело, авторски договори и други договори, соопшти Управата за јавни приходи. Софтверот, заедно со упатството за неговото користење, се поставени на веб-страницата на УЈП. Од УЈП потсетуваат дека обврската за плаќање придонес за пензиско и за инвалидско осигурување и придонес […]

„Епл“ достигна рекордна вредност од 700 милијарди долари

12 февруари 2015

Компанијата „Епл“ стана првата компанија во историјата чија пазарна вредност на акциите ја надмина цифрата од 700 милијарди долари. Акциите на „Епл“ вчера, по затворањето на пазарот, поскапеа за 1,92 отсто, а цената на поедничните акции изнесува 122,02 долари, што воедно е компаниски рекорд. Главени конкуренти на „Епл“ се „Гугл“, кој вреди 358 милијарди долари, […]

ЕУ формира комитет за контрола на даночните спогодби

12 февруари 2015

Европска Унија основа специјален комитет задолжен за контрола на даночните прописи во земјите-членки, по тврдењата дека Луксембург склучувал договори за избегнување плаќање даноци со мултинационалните компании. За формирање на комитетот, денеска гласаа 312 пратеници во Европскиот парламент, 19 беа против, а 23 беа воздржани. Новоформираниот комитет ќе ги испита низата протечени документи поврзани со даночните спогодби […]

Грција и еврозоната не постигнаа договор

12 февруари 2015

Грција и нејзините партнери во еврозоната, која брои 19 члена, не постигнаа договор за предлозите на новата грчка влада за програмата за помош и за мерките за штедење. Вонредниот состанок во Брисел е завршен еден час по полноќ, без потпишано соопштение. Новите преговори се планираат за понеделник. Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека […]

Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

11 февруари 2015

Заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, вчера и денеска одржа повеќе средби со претставници на бизнис-заедницата во Лондон. Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и со поволноста на бизнис-климата во Македонија. – На досегашните состаноци, најголем интерес е покажан […]

Каменос: Грција ќе се сврти кон САД, Русија и кон Кина ако не постигне договор со ЕУ

10 февруари 2015

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, изјави дека Атина би можела да се сврти кон САД, Русија или кон Кина доколку пропаднат преговорите со еврозоната за ублажување на грчката должничка криза. Каменос, претседател на Независни Грци, малцинскиот партнер во новата грчка влада, рече дека Грција мора да има план Б ако еврозоната ги одбие нејзините предлози. […]

ЕУ загуби 21 милијарда евра поради санкциите кон Русија

10 февруари 2015

Европска Унија претрпе штета во вид на изгубен извоз од 21 милијарда евра поради санкциите што ги воведе Русија поради кризата во Украина, изјави шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија, кој вчера се состана со европските колеги во Брисел за да разговараат за понатамошните мерки, пренесе „Денар“. – Санкциите скапо нè чинеа, а ЕУ досега […]

Говорот на Ципрас ја урна берзата во Атина

9 февруари 2015

Општиот индекс на Атинската берза денеска падна за повеќе од пет отсто на почетокот на трговската размена по говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој истакна дека ќе го одржи предизборното ветување за решавање на јавниот долг. По отворањето со пад од 0,2 отсто, општиот индекс на берзата падна на 5,38 отсто, додека во Атина […]

Грција воведува посебен данок за богатите

6 февруари 2015

Новата грчка влада подготвува реформи на даночниот систем, со кои ќе воведе посебен „данок за големите имоти“ (ДГИ). Како што јавува „Грик репортер“, со данокот, наводно, ќе бидат опфатено сè што е луксуз и надминува вредност од 300.000 евра. Новиот даночен систем би требало да ги зголеми приходите на државата и истовремено да одговори на критиките […]

Статакис: Можен е договор со меѓународните кредитори до крајот на месецов

6 февруари 2015

Атина и меѓународните кредитори би можеле да постигнат договор до крајот на февруари, изјави грчкиот министер за економија, Јоргос Статакис, во интервју за телевизијата „Мега“. Според Статакис, договорот би се однесувал на „програма за премостување“, која, пак, за три месеци ќе доведе до нов договор со кредиторите. Статакис оцени дека „по 1 јули нема да […]

Статакис: Грција не планира да ја уценува еврозоната

5 февруари 2015

Грција не сака да се врати на состојбата пред кризата, ниту планира да ја уценува еврозоната, соопшти грчкиот министер за економија, Јоргос Статакис. – Се обидуваме да најдеме најлогично решение за двете состојби, решение кое би ги свело на минимум загубите на европските даночни обврзници – рече Статакис во интервју за „Си-Ен-Ен“. Грчкиот министер наведе […]

Одлуката на ЕЦБ ги урна светските берзи

5 февруари 2015

Вредноста на акциите на европските и на азиските берзи утринава падна откако Европската централна банка одлучи повеќе да не ги прифаќа европските обврзници како гарант за кредитите. Одлуката на ЕЦБ следеше откако грчката влада одби да ја спроведе меѓународната програма за помош, договорена со Европска Унија, Европската централна банка и со Меѓународниот монетарен фонд. Грчката централна банка, […]

Европската централна банка ѝ го возвраќа ударот на Грција

5 февруари 2015

Европската централна банка синоќа одби грчкиот надворешен долг да го замени со обврзници кои би се отплаќале во согласност со порастот на економијата. Брисел на овој начин го префрла товарот на Атина и ја тера Грчката централна банка да ги финансира банките, но и ја изолира додека не го спроведе новиот пакет реформи. Грчката централна […]

Варуфакис: Кризата во Грција може да заврши во јуни

3 февруари 2015

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека постои можност кризата во Грција да заврши во јуни. Варуфакис истакна дека е неопходно разбирање од ЕУ за подготвување мерки кои ќе почнат да се применуваат од 1 јуни годинава и кои треба да придонесат за влегување на нов капитал во Грција.

Британската ТВ „Скај“ влегува на пазарот на мобилни телефони

30 јануари 2015

Британската телевизија „Скај“, за која се плаќа претплата во Велика Британија, планира во 2016 година да направи пробов во областа на мобилните телефони со шпанскиот „Телефоника“, сопственик на операторот „О2“, што би довело до создавање моќен играч на британскиот пазар на телекомуникации, кој во моментов се реструктуира. „Скај“, која за крако време го зазеде второто место […]

„Кока кола“ инвестира во Србија

29 јануари 2015

„Кока кола“ во производни и капацитети за складирање ќе вложи 3,8 милиони евра во Србија. Според планираното, ќе се отвори најсовремен погон за производство на комплетен асортиман на картонска асептична амбалажа од 0,5 и 1,5 литри. Со оваа инвестиција во Белград ќе се отворат нови 80 работни места.  

Швајцарската централна банка ќе интервенира на пазарот да го заштити франкот

29 јануари 2015

За дополнително да ја олабави монетарната политика, Швајцарската централна банка е подготвена на интервенција на валутниот пазар, рече потпретседателот на банката, Жан Пјер Дантхине. – Откажувањето од одбраната на курсот значи заострување на монетарната политика. Ние го прифаќаме тоа, но само до одредена точка. Во основа сме подготвени за интервенција на валутните пазари – истакнал Дантхине.  

ММФ: Јавниот долг во Македонија ќе изнесува повеќе од 50 отсто од БДП во 2017 година

28 јануари 2015

Јавниот долг на Македонија постојано се зголемува и ќе изнесува повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ (БДП) во 2017 година, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај, кој е објавен вчера, јави „Нова ТВ“. Jавниот долг претставува збир од долгот на централната влада со дологовите на јавните претпријатија и на фирмите кои се во […]

Страна 313 од 324