fbpx

Издадена 14. емисија обврзници за денационализација

Државата денеска ја емитуваше 14. емисија обврзници за денационализација во износ од 9.500.000 евра. Министерството за финансии информира дека со 14. емисија се опфатени сите правосилни решенија за денационализација од 1 февруари 2014 година до 31 јануари 2015 година, за кои како надомест се доделени...

Потрошувачката се намалува, кризата го зема данокот

Личната потрошувачка на граѓаните е еден од првите индикатори за економските состојби и е прва на удар доколку постои криза. Секое нејзино намалување во континуитет значи воздржување на граѓаните од трошење и може да укаже дека политичката криза го зема својот данок. Дека личната потрошувачка е...

ММФ: Пад на украинскиот БДП за девет отсто

Украина годинава ќе има пад на домашниот бруто-производ (БДП) од девет отсто, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Априлската, а сега ревидирана процена на ММФ за економските движења во Украина превидувала речиси двојно помал пад на БДП во Украина од 5,5 отсто. ММФ очекува инфлацијата во Украина,...

Дизелот поевтинува за еден, а бензинот за половина денар

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13...

Колку повеќе успешни фирми, толку поголеми плати за инженерите

Стручниот образовен кадар е од голема важност за стопанските субјекти и за вклучување во глобализацијата со изострена конкуренција. Оттука, Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет потпишаа меморандум за соработка, за развој на стручното образование, со што ќе се добие квалификуван кадар во меѓународни рамки. - Главната...

Етингер: Можно е неделава да се постигне договор меѓу Атина и кредиторите

Европскиот комесар за економија и дигитално општество, Гинтер Етингер, изјави дека е можно Грција и нејзините кредитори неделава да постигнат договор. - Потребен ни е напредок на ниво на работни групи, за да се постигне согласност за планот за реформи. Можен е до крајот на неделава....

Странски инвестиции во март годинава двојно помалку од лани

Директните странски инвестиции во март годинава изнесуваат 20,4 милиони евра, што е двојно помалку во однос на истиот период лани, кога во државата влегле странски инвестиции во вредност од 44 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка во Македонија. Во првиот квартал, приливот на странски капитал...

Груевски: Македонија има пораст од 223 проценти по бројот на новоотворени работни места

Македонија е на прво место со пораст од 223 проценти според бројот на новоотворени работни места по жител во Европа, а втора е Словачка со пораст од 128 проценти или речиси двојно помалку, изјави премиерот Никола Груевски, прашан за коментар за последниот извештај на „Ернст...

Швајцарската економија во пад

Швајцарската економија ослаби во првиот квартал, покажуваат денеска објавените податоци, а големата јавна потрошувачка го ублажи негативниот тренд, кој е инициран со одлуката на централната банка да не ја ограничува вредноста на франкот во однос на еврото, пренесе „Денар.мк“. Домашниот производ во првиот квартал е...

Депозитите во грчките банки се сигурни

На средбата меѓу гувернерот Димитар Богов и турските инвеститори, тие се интересираа за сигурноста на депозитите во грчките банки, имајќи ја предвид кризата во оваа земја. - Депозитите се сигурни колку и самите банки, односно зависат од неколку фактори како стабилноста на банката, капиталот, ликвидноста,...

Богов ги уверуваше турските инвеститори во стабилноста на економијата

Гувернерот Димитар Богов ги увери турските инвеститори во стабилноста на економијата, курсот на денарот, амбиентот во кој работат и ги повикa да инвестираат како и досега. - Народната банка ќе ги зачува макроекономската стабилност, стабилниот курс на денарот и банкарскиот систем. Не треба да се очекува...

Во првите три месеци, превезени 2 милиони патници

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички национален и меѓународен превоз, бројот на превезените патници изнесува 2.090.000. Во железничкиот превоз, пак, изнесува 156.000, во градско-приградскиот превоз - 19.987.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз...

Груевски на економски форум во Тирана

Премиерот Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе учествува на сесијата на Виенскиот економски форум, која се одржува во Тирана. Темата на актуелниот Виенски економски форум е „Од Берлин до Виена - враќање на геополитичката сигурност за Западниот Балкан“. Македонскиот премиер Никола...

Индустриското производство зголемено за 0,8 отсто

Индустриското производство во периодот јануари - април годинава, во однос на истиот период лани, е зголемено за 0,8 отсто. Во април годинава, споредено со април лани, индустриското производство е намалено за 0,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, производството во...

Просечната нето-плата во март, 21.402 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Според истиот извор, просечната месечна исплатена бруто-плата во март 2015, пак, изнесува 31.455 денари. Во март 2015 година, 1.1 процент од...

Со инвестиции и со вработувања, компаниите да ѝ пркосат на кризата

Со инвестиција од 1,5 милион евра и со 25 нови вработувања за производство на нивниот нов прозвод, „македонско пиво“, компанијата „Кожувчанка“ ѝ пркоси на економската криза. Претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески, истакна дека кога светот сè уште ги чувствува последиците од економската криза, голема...

Азески: Економијата ќе издржи, нема сериозни пречки за проекциите

Во моментов, Стопанската комора нема никакви индиции дека има некое крупно нарушување во било кој сектор на македонската економија, но политичката криза треба ја решат тие што ја создале бидејќи бизнис-заедницата не е виновна за оваа состојба. Оваа порака денеска ја упати претседателот на Стопанската комора,...

Лазаревик: Кампањата за лекови е непотребна и со краткоратен популистички ефект

За подигнување на свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови, Владата ќе потроши 468.000 евра. Парите ќе им бидат дадени на три маркетинг-агенции кои треба да смислат кампања, која потоа ќе бидат пласирана преку медиумите. Поранешниот заменик-министер за здравство, Владимир Лазаревик, смета дека оваа кампања...

Кампањата за рационална употреба на лекови ќе чини 468.000 евра

Според информациите од Бирото за јавни набавки, три маркетинг-агенции ќе бидат вклучени во кампањата на Владата за подигнување на свеста на граѓаните за рационална употреба на лекови. За оваа намена се предвидени 468.000 евра, од кои вредноста на договорот со агенцијата „Маркет висион“ изнесува 125.552 евра, со...

Путин: Русија не треба да се откаже од странските инвестиции

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не би требалo да се откаже од странските инвестиции и технологии. - Не би смееле, по ниту една цена, да се откажеме од странските инвестиции и технологии, кои би можеле да ни помогнат во економскиот пораст – рече...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...