fbpx

Јавно извлекување на добитниците на надомест за вграден сончев колектор

Министерството за економија денеска јавно ќе ги извлече лицата што ќе добијат надомест на дел од трошоците направени за купен и за вграден соларен колектор во својот дом. Извлечените граѓани, кои ги испратиле своите апликации на објавениот повик за 2015 година, ќе добијат надомест од 30...

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега се пријавиле за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Прилепско досега го пријавиле своето производство за добивање субвенции од државата за оваа година, соопштија од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп. Рокот за пријавување за субвенции е продолжен до крајот на јуни. Според Коста Дурланов, раководител...

Во првиот квартал, имаме пад на извозот за 173.364 долари, а на увозот за 330.958 илјади долари

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април 2015 година изнесува 1.350.474 американски долари, а на увозот 1. 998.289 долари. Извозот, лани во истиот период изнесувал 1.523 .838 долари и во споредба со истиот период годинава...

Цените на угостителските услуги во мај, зголемени за 0,6 отсто во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015  година, во споредба со април 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата алкохолни пијалаци за 0,1 отсто. Индексот на цените на...

Незири: Не стигнале предлог-мерките на Коморите за излез од кризата

Министерот за економија, Беким Незири, истакна дека предлозите на коморите за излез од кризата и како државата да ѝ помогне на домашната економија, сè уште не стигнале до Mинистерството за економија. - Министерството за економија е отворено за стопанскиот сектор и сите сугестии и предлози...

Тракторите ќе се регистрираат на шест години, станиците ќе ги мерат издувните гасови

Со предлог-измените на законот за возила, ќе се зголеми ефикасноста на институциите, ќе се намалат трошоците на земјоделците за плаќање регистрација на тракторите, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се придонесе кон почиста животна средина. Ова денеска го истакна министерот за економија, Беким...

Се отвора пат за млечените и месните производи да се извезуваат во Русија

„На пазарот во Руската Федерација нашите земјоделски производи, месо и месни производи и млеко и млечни производи, не се продаваат и од тие причини правиме напори да можеме да ги продаваме“, изјави министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Денеска беше потпишан меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство...

Винарницата „Стоби“ со четири златни медали на најстариот вински натпревар во светот

Четири сортни вина на македонската винарска визба „Стоби“ добија златни медали на најстариот вински натпревар во светот „Вино Љубљана“, кој се одржа на крајот на мај во главниот град на Словенија. Овој престижен настан е рангиран меѓу десетте елитни вински случувања, а годинава беа...

Улицата Борис Трајковски неформално во Мебел-булевар

Претставниците на сите компании за мебел што се наоѓаат на поранешната улица Првомајска во општина Кисела Вода, која сега се нарекува булевар Борис Трајковски, бараат таа да се вика Мебел-булевар. Идејата е да имаат симболично име на улицата што ќе ги преставува и преку заедничките акции и попусти...

Производството на нафта во САД е најголемо по 30 години

Цената на нафтата за време на денешното тргување во Азија опадна, откако производството на тој енергент во САД го надмина максимумот во последните 30 години. Ова поттикна нова загриженост околу високото ниво на глобални резерви на нафта, непосредно пред состанокот на Организацијата на земјите извозници на нафта...

Изградбата на „Турски тек“ ќе почне овој месец

Изградбата на гасоводот „Турски тек“, низ кој треба да протече руски гас до Турција, ќе почне кон крајот на јуни, изјави денеска еден од портпаролите на тој проект, зад кој стои рускиот гасен гигант „Газпром“. - Договорот кој во мај е направен со италијансклата градежна...

Поддршка за извозот и на домашните компании, бараат од ССМ

По Стопанската комора на Северозападна Македонија, денеска и Сојузот на стопански комори излезе со предлoг-мерки за пребродување на кризата во економијата. - Бараме поддршка и зголемување на извозот, поддршка на домашните компании за зголемување на домашното инвестирање, продолжување на привлекувањето странски инвестиции. Очекуваме политичката состојба...

Прехранбениот сектор, клучен за соработката со унгарските компании

Можности за подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Унгарија постои во делот на конфекционирање животински отпад, осигурување на земјоделството од природни непогоди, системи за наводнување, во семенарството, рибарството, како и во делот на примарното сточарство (живинарство, говедарство и свињарство), бидејќи во сите овие...

ЕБОР одобри два милиони евра за проширувањето на оптичката инфраструктура

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит во висина од два милиони евра на компанијата „Неотел“, со кој се финансира проширувањето на оптичката инфраструктура на широкопојасната мрежа во Македонија. Подобрените услуги ќе овозможат зголемување на бројот на корисници на широкопојасен интернет во Македонија,...

Владата да не дава нереални ветувања и да се следи одливот на пари, бараат од СКСЗМ

Да се следат финансиските трансакции за да нема неконтролиран прилив и одлив на пари, Владата да се воздржи од нереални ветувања кои не може да ги исполни, како што се зголемување плати, пензии, разни премии, субвенции и нереални вработувања и да не се преоптоварува...

На пазарот на труд, слободни 6.749 слободни работни места

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година во Македонија имало 6.749 слободни работни места. Најголемиот дел, 3.543, биле во скопскиот регион. Од фирмите кои имале слободни работни места најзастапени се тие со вработени од 10 до 49 лица, каде,...

На автопатот Миладиновци – Штип, пробиени 80 проценти од трасата

Преку 500 градежни работници работат на автопатот Миладиновци - Штип, каде моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Во моментов работат 2.200 лица на вкупно 230 километри патна инфраструктура, од кои 130 километри се автопатишта. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски,...

Инфлацијата во еврозоната поголема од очекуваната

Инфлацијата во еврозоната во мај била поголема од очекуваната, соопштија денеска од европската канцеларија за статистика Евростат. Во соопштението се наведува дека потрошувачките цени во 19 членки на еврозоната во мај пораснале за 0,3 отсто на годишно ниво. Аналитичарите очекувале зголемување од 0,2 отсто. Во податоците...

НБРМ: Понизок пораст на цените, 0,5 отсто наместо 1 отсто

Последните остварувања укажуваат на задржување слична макроекономска слика како и во октомвриските проекции, со оцени за солиден економски и кредитен пораст, отсуство на ценовни притисоци и платнобилансна позиција, која обезбедува понатамошно одржување на девизните резерви на адекватно ниво, се вели во кварталниот извештај на...

Лешникот стана луксуз: 1.300 денари килограм!

Цената на еден килограм лешници достигна 1.300 денари, што е двојно повеќе од последната просечна цена од 650 денари. Увозниците велат дека ова поскапување се должи на намалениот род во Турција, земјата од каде најмногу увезуваме, но и на откупот на родот од големите производители...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...