fbpx

ММФ ќе ја скенира економијата во Македонија

Тим на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Скопје за да го спроведе редовниот годишен преглед на македонската економија. Тимот ќе биде предводен од Џесмин Рахман и ќе престојува од 29 јуни до 8 јули. Прелиминарните оцени за состојбата во македонската економија ќе бидат објавени во извештај...

ЕУ и ММФ бараат од Грција да ги намали трошоците и да ги зголеми даноците

На преговорите во Брисел, министрите за финансии на Еврозоната, Европската централна банка и ММФ бараат од Атина да ги намали државните трошоци и давачки за пензија за 11 милијарди евра, како и да ги намали трошоците за одбрана за 400 милиони евра. Тие го отфрлија...

Компаниите тактизираат и чекаат политичка разврска

Последните податоци од извештајот на Народна банка, говорат за пад на економските показатели во многу значајни сегменти, како што се инвестициите, индустриското производство, дефицит во надворешната трговија. Бизнис-секторот е во очекување на завршница од политичката криза и ако состојбата потрае, ќе продолжи да се оди во надолна...

Поради законски измени, ќе нема доволно огревно дрво

Цената на еден кубен метар огревно дрво нема да претрпи значајни измени, но ќе го нема доволно на пазарот, односно нема да се стигне да се насече потребното количество за оваа есен. Ова се прогнозите на приватните сопственици на шуми, кои се разочарани од бавноста на...

Царината и „Филип Морис“ заедно во борба против шверцот на тутун

Царинската управа и „Филип Морис Тутунски комбинат - Прилеп“ со меморандум за соработка се обврзаа на зајакнување и на координација во борбата против нелегалната трговија со тутун. Меморандумот го потпишаа директорката на Царинската управа, Наташа Радеска-Крстевска, и генералниот директор на „Филип Морис Тутунски комбинат -...

Десет железнички станици во Македонија ќе се обноват за 2,2 милиони евра

Десет железнички станици во Макеоднија ќе се реконструираат и ќе добијат нов лик, а проектот државата ќе ја чини 2,2 милиони евра. - Прва железничка станица што ќе се рехабилитира е железничката станица во Прилеп. За неа веќе издадовме одобрение за градење и слободно можам да...

Ќе се вработат 134 невработени лица, а за нив буџетот е 11 милиони денари

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска ја најави мерката субвенционирано вработување лица во социјален ризик, како и помош за приватниот сектор со директни субвенции да отворат нови работни места за овие категории граѓани. Преку субвенционираното вработување лица со социјален ризик, ќе се опфатат примателите...

Македонија, дел од медитеранско-балканската туристичка понуда

Претседателот на Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим, со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и на Светската туристичка организација на Обединетите нации...

Цигарите поскапуваат за три денари

Во согласност со календарот за зголемување на акцизата за цигари, од 1 јули цигарите ќе поскапат за три денари. Зголемувањето на цената на цигарите за три денари ќе биде до 1 јули 2016 година, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари...

Иванов и Богов разговараа во Охрид

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Вила „Билјана“ во Охрид се сретна со Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија. На средбата се разговараше за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија, во контекст на последните случувања од грчката должничка криза...

Учеството на регионот во вкупната трговска размена на ЕУ изнесува само 1,1 процент

Предлозите за нови инвестиции да произлезат од реалниот сектор, забрзани реформи, дополнителни инфраструктурни инвестиции за клучните коридори, како и поврзаност на балканските градови, се клучните компоненти за зголемување на економскиот пораст во земјите од Западен Балкан. Овие предлози ги презентирал претседателот на Стопанската комора на Македонија,...

Од Европскиот фонд со 21 милијарда евра, ќар ќе има и Западен Балкан

Новиот Европски фонд за стратегиско инвестирање - ЕФСИ (SEIF) ќе располага со 21 милијарда евра, но според претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговата работа ќе има ефект врз економијата за 15 пати повеќе од тоа, односно околу 215 милијарди евра. Приоритетите се да се креираат...

НБМ: Расте инфлацијата, паѓа индустриското производство

Во април, базичната инфлација е повисока за 0,5 отсто на месечна основа (наспроти малото намалување во март), а ист толкав пораст е регистриран и на годишна основа, што претставува прва позитивна годишна промена на базичната инфлација од август 2014 година, се вели во јунскиот извештај на...

Денеска почнува продажбата на едномесечниот зелен картон

Денеска стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон кој го издаваат осигурителните компании. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила со повеќе од 66 киловати. Ова најмногу од корист ќе им биде на...

Санкциите кон Русија ја чинат Европа 100 милијарди евра

Кризата во Русија која се должи на санкциите, би можла Европа да ја чини до 100 милијарди евра, предупредуваат стручњаците од виенскиот економски институт „Вифо“ (Wifo). Според новата студија, економската криза во Русија загрозува повеќе од два милиони работни места во Европа. Најголем дел од загубата...

Додатокот за децата со пречки во развојот се зголеми за 25 проценти

Посебниот додаток за децата со пречки во развојот од материјално необезбедените семејства се зголеми за 25 проценти, а мерката опфаќа 1.030 родители на овие деца. Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, на работната средба со претставници на Националниот сојуз...

Во Македонија работат 150 германски компании

Бројот на германски компании што работат во Македонија изнесува 150 и од 2000 година досега, таа бројка е зголемена 10 пати. - Билатералната трговска размена од околу 2,4 милијарди евра во 2014 година многу бргу се зголемуваше и претпоставувам дека оваа сума ќе продолжи да се зголемува....

Регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, на територијата на Македонија се регистрирани 1.075 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 196 објекти за домување (18,2 проценти), 176 доградби, надградби и адаптации (16,4 проценти), 74 деловни објекти (6,9...

ДЗС: Се очекува зголемен обем на производство во наредните три месеци

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2015 година е за 2,1 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2014 година е зголемен за 4,8 процентни поени, објави Државниот завод...

Сè поголем број граѓани и фирми со блокирани сметки

Според податоците на НБРМ, бројот на физички лица со блокирани сметки во април годинава е 70.066, а во споредба со истиот период лани, бројката е зголемена за 25.978, кога бројот на блокирани сметки изнесувал 44.088. Во однос на правните лица, пак, во април годинава 41.736 сметки...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...