fbpx

ЕУ ја услови Грција: Или реформи или привремен излез од еврозоната

Самитот на еврозоната продолжи по кратката пауза на која грчкиот премиер Алексис Ципрас имаше одвоени средби со лидерите за новите предлог-мерки, јавува „Би-Би-Си“. Ципрас се сретна со германската канцеларка, францускиот претседател и со претседателот на ЕУ, во обид да постигнат договор до крајот на денот. Лидерите...

Ципрас: Подготвен сум за компромис

Грчкиот премиер изрази оптимизам дека може да се постигне компромисно решение со европските кредитори. Алексис Ципрас, пред почетокот на денешниот Самит на лидери на еврозоната, истакна дека е подготвен за компромис. „Подготвен сум за чесен компромис. Тоа им го должиме на граѓаните на Европа кои сакаат да...

Русија ќе ја помага Грција со директна испорака на енергенти

Русија ја разгледува можноста за директна испорака на енергенти во Грција за да помогне во закрепнување на нејзиното стопанство, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак. - Руската Федерација планира да го поддржи закрепнувањето на грчката економија преку зголемување на соработката во енергетскиот сектор. Затоа ја...

Грција се надева дека нема да ја исфрлат од еврозоната

Погледите во Грција остануваат завртени кон Брисел. Надежите се дека сценариото за излез од еврозоната полека избледува, пред сè, поради откажувањето на самитот на 28 членки на ЕУ, на чие место ќе се одржи само самит на лидерите на еврозоната. Овој чекор се гледа...

Откажан самитот на ЕУ – шансите за спас на Грција се минимални

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска соопшти дека е откажан самитот на ЕУ кој вечерва требаше да се одржи поради грчката криза, а претставниците на 19 членки на еврозоната продолжуваат да преговараат за финансиски спас на Грција. Нешто порано, потпретседателот на Европската комисија,...

Нов состанок на министрите за финансии на еврозоната за Грција

Министрите за финансии на земјите од еврозоната денеска ќе се сретнат на нов вонреден состанок во Брисел, откако вчера не успеаја да се сложат дали да го поддржат планот на Грција за нова програма за помош или да ја отсечат Грција од заедничката европска...

Незири: Два проекта од Македонија во регионална иницијатива за гасно поврзување

Иницијативата за гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC)  има цел унапредување на диверзификацијата на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот. Тоа ќе се случи по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на...

Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови достигна 537 милиони евра

Бројот на членови во пензиските друштва во вториот пензиски столб од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, изнесува околу 373.000, што претставува 70 проценти од вкупниот број осигуреници во Фондот на ПИОМ. Директорот на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, Булент Дервиши, на денешната прес-конференција...

„Жито Прилеп“ почнува со откупот на пченица

Најголемиот откупувач на пченица во пелагонискиот регион, „Жито Прилеп“ АД, на 15 јули (среда) ќе почне со откуп на меркантилна пченица од реколтата 2014/2015 година, во согласност со претходно утврдените критериуми и мерила за откуп на пченицата. - Пченицата ќе се откупува врз основа на претходно испитани...

Се зголемува трговската размена со Унгарија

Министерот за економија, Беким Незири, денеска беше домаќин на делегација од Унгарија, која ја предводеше државниот секретар за економска дипломатија, Левенте Маѓар. Министерот Незири истакна дека одржувањето редовни седници е вистинскиот начин за континуирано унапредување на економската соработка и на трговската размена меѓу двете земји,...

Спојувањето на „Вип“ и на „Оне“ ќе заврши до крајот на годината

Спојување на два мобилни оператори во земјава, „Вип“ и „Оне“, ќе заврши во последниот квартал од годината, пред сè, поради бројните бирократски процедури што му претстојат на процесот, информираше Никола Љушев, извршен директор на „Вип“. Според Љушев, спојувањето ќе обезбеди поголем капацитет и иновативност на компанијата, односно...

Пешевски: Хан немал прецизни информации за економскиот пораст

Еврокомесарот Јоханес Хан можеби не располагал со најпрецизни податоци во овој момент, рече вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја толкува оцената на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во интервју рече дека економскиот пораст во Македонија од очекуваните четири отсто,...

Шпаркасе банка се претвора во „финансиски супермаркет“

Шпаркасе банка Македонија со нејзината подружница „С-лизинг“ денеска објави стратегиско партнерство со „Винер осигурување“ и со „Винер лајф осигурување“. Ова партнерство ќе придонесе Шпаркасе банка Македонија да се претвори во „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите ќе можат на едно место да ги добијат...

Ќе се намали обемот на нарачките со Грција

Македонските компании немаат позначителни проблеми во соработката со грчките партнери, но истакнуваат дека соработката се одвива во отежнати услови поради неизвесноста на ситуацијата, што подразбира и можно намалување на обемот на нарачки како резултат на економската состојба во земјата. Ова денеска беше истакнато на состанокот на...

ММФ: Власта да го скрати трошењето на народните пари

Домашната политичка несигурност и кризата во Грција, најверојатно, ќе го забават темпото на економски пораст, оценува мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата завршна изјава по еднонеделното скенирање на економијата во земјава. Претставниците на ММФ, предводени од шефот на мисијата Џесмин Рахман, заклучија дека...

Грчката криза ги испразни казината во Гевгелија

Во казината во Гевгелија бројот на клиенти од Грција опаѓа од 2011 година, па наваму, но тоа е поизразено во овој период. - Грците се перманентно во криза, но од 2011 година наваму нивниот број во казината сè повеќе се намалува. Тоа е поизразено сега поради економската...

Одобрено спојувањето на „Вип“ и на „Оне“

Комисијата за заштита на конкуренцијата денеска соопшти дека го одобрува спојувањето на телекомуникациските оператори „Вип“ и „Оне“. Комисијата при оцена на предметната концентрација утврдила дека пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на пазарот на обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги. - Имено, спојувањето на „Оне“ и...

Почна да се продава „фолксваген е-ап“, кој минува 100 километри за 57 денари

Најекономичното возило на светскиот пазар и предвесник на иднината во автомобилската индустрија, „фолксваген е-ап“ (volkswagen e-up) од денеска е достапно и на македонскиот пазар. Се работи за комплетно електричен автомобил кој не троши гориво и не испушта штетни гасови. Со него може да се минат 100...

Со зголемување на субвенциите, се зголемува и увозот на храна

Зошто ефектите од субвенциите во земјоделството исчезнуваат и дали субвенциите одат во вистински раце, прашува „Траснпарентност Македонија“ во јунскиот билтен. Во оваа насока, од организацијата посочуваат дека во последните седум години субвенциите во земјоделството се зголемиле за повеќе од трипати. „Од околу 45 милиони евра во...

„Транспарентност“: Завршната сметка на буџетот, непознаница за граѓаните

„Транспарентност Македонија“ во новиот билтен за јуни во однос на буџетот, го повикува министерот за финансии, Зоран Ставрески, на македонската јавност да ѝ објасни зошто Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за усогласеност на основниот буџет за 2014 година дава мислење со резерва и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...