fbpx

Се зголемуваат нефункционалните кредити на фирмите и на домаќинствата

Во првиот квартал од 2015 година, порастот на нефункционалните кредити, при поизразено забавување на кредитната активност на банките, придонесе за извесно зголемување на учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити на 11,6 проценти, се вели во извештајот на Народна банка, за ризиците на банкарскиот систем во...

Македонија и Бугарија ќе користат 17 милиони евра од фондовите на ЕУ

Преку новата ИПА-програма за прекугранична соработка за справување со заеднички предизвици, Македонија и Бугарија имаат на располагање 17 милиони евра од фондовите на ЕУ. Средствата од програмата се наменети за мерки за справување со влијанието на климатските промени, како и за прашања што се однесуваат на заштита...

Атинската берза првпат во плус

Атинската берза денеска првпат е во плус откако во понеделникот беше повторно отворена по петнеделна пауза. И акциите на банките, кои во претходните три дена изгубија 63,81 отсто од вредноста, денеска пораснаа во просек за три отсто. Берзата во Атина беше затворена на 29 јуни, кога...

Најстариот тур-оператор во светот „Томас Кук груп“, во посета на Македонија

Претставници на најголемиот и најстар туристички оператор во светот „Томас Кук груп“ („Thomas Cook Group“) од Англија, од денеска се во посета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ). Агенцијата ќе организира бизнис-состаноци со туристичкото стопанство од Македонија, тур-оператори, хотелиери, асоцијации...

Белизе меѓу седумте земји кои се на раб на банкрот

Американскиот портал „24/7 Вол стрит“ објави листа на седум земји кои се на раб на банкротирање, откако Порто Рико објави дека не е во состојба да исплати рата од долгот кон кредиторите, која изнесува 58 милиони долари. На дното на листата се најде Белорусија, а...

„Македонски телеком“: Намалени приходите од продажба, а зголемени од интернет

„Македонски телеком“ АД - Скопје ја задржа водечката позиција во фиксниот и во мобилниот сегмент во првото полугодие од 2015 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат неревидираните консолидирани финансиски резултати во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ). Приходите од продажба во првото...

Македонците со најниска плата на Балканот

Според Заводот за статистика на Словенија, просечната плата во оваа земја во мај изнесувала 1.008 евра, што е значително повеќе споредено со другите земји во регионот, пренесуваат црногорските медиуми. Според последните податоци од нашиот Државен завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 350 евра...

Во првите шест месеци, имаме пад на увозот и на извозот во однос на лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-јуни 2015 година, изнесува 2.173.287.000 долари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.Во однос на лани истиот период, кога извозот изнесувал 2.357.790.000 долари, имаме пад од 184.503.000 долари. Вкупната вредност на увозот на стоки во Македонија,...

Земјоделците претрпеа штети од невремето во Тетово

Во невремето што го зафати Тетово, уништени се повеќе од 200 до 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви со целата реколта компири, грав, пченка, особено во Голема Речица. Ова денеска го оцени заменик-министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Ванчо Костадиновски, по денешната посета на тетовскиот регион. - И земјоделците...

Владата се задолжи со 4,4 милиони евра

Преку аукција на еден државен запис и на две државни обврзници, Владата се задолжи со 4,4 милиони евра. Дел од парите ќе треба да се вратат за една година, а дел во 2025, односно во 2030 година. Според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг на...

Атинската берза трет ден во пад

Атинската берза денеска трет ден по ред е во пад откако во понеделникот беше отворена по петнеделна пауза. Главниот индекс на атинската берза утринава по отворањето падна за 1,38 отсто, по што изгуби 3,39 отсто од својата вредност. Во понеделникот берзата го заврши денот со пад...

Атина и Брисел оптимисти за договор во текот на август

Грчката влада очекува до крајот на денот да го затвори првиот круг преговори со „тројката“ и со кредиторите и со тоа да се приближи кон потенцијален договор до крајот на август. Во редовите на грчката влада постои оптимизам дека до 18, односно до 20 август...

Дебарските сточари го брендираа своето бело овчо сирење

Дебарските сточари го брендираа своето бело овчо сирење, со добивањето сертификат за трговска маркичка од Агенцијата за брендирање прехранбени артикли. Претседателот на Здружението на сточари од Дебар и Центар Жупа, „Даши“ (Овен), Скендер Аме, изјави дека сирењето произведено од сточарите од овие две општини, ќе го...

Продолжува падот на берзата во Атина

Главниот атински индекс утринава падна за четири отсто откако вчера, на првиот ден од тргувањето по пауза од пет недели, заврши со загуба од 16,2 отсто. Берзата во Атина е затворена на 29 јуни, кога должничката криза ја достигна кулминацијата и беше воведена контрола на...

Јавниот долг на државата изнесува 3,92 милијарди евра

Според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг на Македонија изнесува 3,92 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП. Задолженоста од март до јуни се зголемила за 10,8 милиони евра. Притоа, внатрешниот долг изнесува 1,3 милијарда евра, а надворешниот е 2,61 милијарди евра.

Австрија заработила 39 милијарди евра од новите земји-членки на ЕУ

Новите земји-членки на ЕУ, на Австрија ѝ донеле профит од 39 милијарди евра, а се очекува дека пазарите за оваа држава и понатаму ќе бидат профитабилни и покрај неизвесните економски и социјални услови во тие земји, се вели во студијата на Виенскиот институт за меѓународни економски...

Парното греење поевтинува и ќе грее до 22 часот

Граѓаните кои се приклучени на системот за парно греење на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат поевтино парно за 0,19 проценти, на „ЕЛЕМ енергетика“ за 0,86 проценти, а сметките за топлификација на „Скопје Север“ ќе останат исти, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Времето на греење се...

Путин и Ердоган наесен ќе разговараат за „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин наесен ќе се сретне со турскиот колега, Реџеп Таип Ердога, и со двајца челници со кои ќе расправа за проектот „Турски тек“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Турскиот амбасадор во Москва денеска изјави дека во тек се разговорите за...

Со косовски пасош во Русија само ако се учествува на меѓународен настан

Руската амбасада во Белград денеска соопшти дека со косовски пасош може да се влезе во Русија само во случај во Русија да се одржува меѓународен настан на меѓународни организации во кои членува Косово. „Русија, како и низа други земји што не ја признаа независноста на Косово, издаваат...

Средба на кредиторите и на министерот за финансии на Грција за новиот кредит

Претставниците на мисијата на грчките кредитори денеска ќе се сретнат со грчкиот министер за финансии, Евклид Цакалотос, во рамки на преговорите за новиот кредит за Грција, соопшти синоќа Атина. Сепак, Меѓународниот монетарен фонд претходно наведе дека нема да учествува во планот за помош сè додека властите...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...