fbpx

За четири дена 9.000 граѓани аплицирале за ваучери за клима уреди, огласот е затворен

Поради големиот број пристигнати апликации, Министерството за економија донесе одлука денеска да го затвори јавниот оглас за доделување на потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2024 година. Граѓаните ќе можат да аплицираат само за јавниот оглас за стекнување со...

Германија пилотира четиридневна работна недела

Почнувајќи од денеска, 45 компании и организации во Германија ќе пилотираат шестмесечна програма за четиридневна работна недела, при што платите на работниците ќе останат исти. Како голем број светски економии, Германија се справува со недостиг на работна сила. Иако можеби звучи контраинтуитивно, оваа експериментална четиридневна...

Германците сè потешко доаѓаат до работа

Бројот на невработени во Германија повторно се зголеми во јануари, на 2,8 милиони, објави Националната агенција за труд, пренесе германската агенција ДПА. Како што се наведува, скокот не е невообичаен за овој период од годината, но се појавува нов тренд - на луѓето им...

Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер клими за зголемување на енергетската ефикасност

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше за мерката која ќе се спроведува од страна на Министерството за економија која предвидува доделување на потврда - ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел да се зголеми енергетската ефикасност во домовите и...

(АНАЛИЗА) Само четири министерства успеале да реализираат над 90% од капиталните расходи во 2023 година

Најниска реализација на капиталните расходи во Министерството за локална самоуправа, а ресорите за информатичко општество и за здравство не успеале да реализираат ниту половина од капиталните расходи што биле планирани во 2023 та. Објавени се новите сумирани податоци за реализација на јавните инвестиции. „Порталб“...

Од полноќ поскапуваат горивата за 1,5 денар

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,42 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за...

Почнаa градежните работи за логистичкиот центар на „Лидл“ во близина на Куманово

Во индустриската зона „Речица“ во близина на Куманово денеска почнаа подготвителните градежни работи за логистичкиот центар на „Лидл“, кој ќе ги опслужува продавниците во земјава на овој германски гигантски синџир супермаркети. Компанијата „Лидл“ работи во 31 земја, со над 12.200 супермаркети и над 220 логистички...

Просечната нето-плата во ноември 2023 со пораст од над 16 отсто на годишно ниво

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесувала 38.359 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2, се појаснува во соопштението, односно порастот...

(АНАЛИЗА) Јавниот долг годинава ќе се приближи до речиси 62% од БДП

Годинава вкупниот јавен долг ќе ја надмине максималната зацртана граница од 60 отсто од БДП. Од следната година „на врата ќе тропнат“ за отплата еврообврзниците. Прашањето за одржливост на јавниот долг стана актуелно и проблематично од 2020 година кога започна и трендот на пораст....

Поскапуваат горивата, мазутот поевтинува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која цените на горивата ќе се зголемат. Одлуката стапува на сила 1 минута по полноќ Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени...

ЕБОР најавува 100 милиони евра за гасниот интерконектор во Грција

На средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Шарлот Руе, директорката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Централна и Југоисточна Европа, се дискутирале реформите и иницијативите кои ќе се спроведуваат во државата на патот кон Европската унија, соопшти Министерството за...

(АНАЛИЗА) Годишно ќе доспеваат долгови и по 1 милијарда евра – се размислува за предвремена отплата

Нови еврообврзници, заеми од меѓународни финансиски институции, задолжувања на домашен пазар, издавање на нови граѓански и зелени обврзници – сите опции се на маса како извори за финансирање на буџетскиот „минус“, пишува Порталб.мк. Во новата ревидирана Фискална стратегија 2023 -2028 година, усвоена во пакет со...

Ноќеска бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари...

Нафтени компании сакале да испумпаат 160 милиони денари државни пари, УЈП ги спречи

Управата за јавни приходи (УЈП) објави информации за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход. На брифинг со новинарите, денеска директорката Сања Лукаревска информираше дека спречена била измама...

ММФ: Вештачката интелигенција ќе погоди 40 отсто од работните места и ќе ја влоши нееднаквоста

Вештачката интелигенција (ВИ) ќе влијае на речиси 40 отсто од сите работни места, покажува нова анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Управниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека во повеќето сценарија, вештачката интелигенција најверојатно ќе ја влоши севкупната нееднаквост, пренесува Би-би-си. Георгиева додава дека креаторите...

АЕТМ: За 9 месеци, лани биле потрошени 29,9 милијарди денари во е-трговија

Во првите 9 месеци од 2023 година, биле потрошени 20,7 милјарди денари кон домашните е-трговци, покажуваат најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година. Како што информираат од Агенцијата за...

Сѐ повеќе трансакции преку платежните картички и електронското банкарство

Нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќања во земјата, особено од страна на граѓаните, се забележува од податоците што ги објави Народна банка за третиот квартал од минатата 2023 година. Сѐ почесто се користат платежните картички, но и мобилните апликации за...

Инфлацијата на крајот на 2023 година заокружена на 9,4 отсто

Инфлацијата, односно индексот на трошоците на живот во Македонија во 2023 година, во однос на 2022 година, забележала пораст од 9,4 отсто, додека индексот на цените на мало изнесувал 7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За период од една година, пораст на...

АНАЛИЗА: Највисоки плати има во Скопскиот регион, најниски во Североисточниот

Големи разлики во стандардот, во платите, БДП по глава на жител. Новата новогодишна публикација „Регионите во РМ 2023“ на Заводот за статистика, ги обелоденува економските показатели за животот на граѓаните во осумте региони во земјава преку повеќе параметри, пишува Порталб.мк. Во четири региони, БДП...

(АНАЛИЗА) Економијата во изборната 2024: бавен економски раст, едноцифрена инфлација, буџетски популистички трошења

Новата 2024 година стартува со прелеани ризици од 2023 – битката со инфлацијата продолжува. Економскиот раст повторно под ризик и од внатрешни и од надворешни фактори, пишува Порталб.мк. Извесните „двојни“ избори дополнително ќе го „зачинат“ економскиот амбиент – државата ќе „истура“ пари, бизнисот воздржано...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...