fbpx

Преку проектот „Училишта на 21 век“, децата ќе стекнат дигитални вештини

Британската влада инвестира 10 милиони фунти за да обучи еден милион ученици на Западен Балкан со дигитални вештини за иднината. Проектот „Училишта на 21 век“ од денеска ќе стартува и во нашата држава и ќе бидат опфатени 330 основни училишта. Децата на возраст од 10-15...

Алма Јанка: Најдобар лек против дезинформациите е медиумската едукација

  Во интервју за Порталб.мк, Алма Јанка, главната уредничка на Faktoje.al, служба за проверка на факти (fact-checking) во Албанија, вели дека најдобриот лек против дезинформирањето е медиумската едукација. Според неа, треба да постои дух на поголема соработка меѓу медиумите и другите актери кои влијаат на...

„Ние не  сме ботови“ – германски јутјубер објави протестна песна против член 13 од  новата Директива на ЕУ за авторски права (видео)

Вирални видеа и улични протести се дел од кампањата против членот 13 на новата Директива за авторски права на ЕУ, со кој ќе се воведе обврска за филтрирање на содржини во моментот кога авторите ги качуваат на интернет (анг. upload filters). Дел од протестното движење...

Манчевски презентираше закони со кои ќе се овозможи дигитализација на услугите

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција ги претстави Законот за централен регистар на население, Законот за електронско управување и електронски услуги и Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Законите, според Манчевски, гарантираат конечна дигитализација на јавниот сектор....

Регионот ќе се дигитализира и ќе се намалуваат цените во роаминг

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски е домаќин на еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, министрите и високите владини претставници од земјите од Западен Балкан и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас. „На министерскиот ручек што...

Македонија и Косово ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за иновации и претприемништво на Косово, Бесим Бечај денеска остварија работна средба на којa што разговараа за идните заеднички активности од областа на развојот на информатичкото општество, иновациите и претприемништвото. „Темите за кои што разговаравме...

Етичките стандарди во новинарството најмногу се кршат во онлајн-медиумите

Показателите за бројот и видот на претставките упатени до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во текот на минатата година покажуваат дека етичките и професионалните стандарди на новинарството најмногу се кршат од онлајн медиумите (76,5%), а потоа од...

Со нова регулатива ќе се зголемува безбедноста на Интернетот

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува закон за безбедност на мрежи и информациски системи. Во образложението објавено на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) се вели дека мрежата и информациските системи, а пред сè интернетот, играат суштинска улога во олеснувањето на прекуграничното движење на...

Фондацијата “Метаморфозис” и МИОА со ново видео го одбележуваат Денот на побезбеден интернет

Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите,...

Aнтинаградите „Големиот Брат“ се враќаат во Бугарија

За прв пат по шест години, во Бугарија повторно ќе бидат доделени антинаградите „Големиот Брат“, кои се средство за посрамотување на најголемите нарушители на правото на приватност во текот на претходната година. Антинаградите ги доделуваат граѓанските организации „Интернет општество – Бугарија“ и „Програма Пристап до информации“,...

Тевдовски: Модулот за автоматски поврат и пребивање на ДДВ ќе стартува годинава

Навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи се дигитални процеси на кои Министерството за финансии заедно со УЈП и Царинската управа работеле минатата година, со цел...

Дигитализирана настава бара инфраструктура, брз Интернет и план за одржување

Опремата од проектот „Компјутер за секое дете“ од пред 11 години е речиси надвор од употреба. Во ера на дигитализација, нашите основци и средношколци на часовите се принудени да ги користат своите смартфони кои делумно „вршат“ работа, а наставниците неретко носат лаптопи од дома...

Новиот систем за обработка на царински декларации ќе стартува кон средината на 2019

Царинската управа го прифати новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната (АСИКУДА). На овој начин, како што информираат од Царинската управа, започнува дигиталната ера во оваа институција, за која се подготвувале пет години. „Новиот систем има за...

Дигитализацијата една од темите на „Старт-ап самит 2018“ во Софија

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на фондот за иновации, Јован Деспотовски, денеска оствариле работна средба со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел во рамки на „Старт-ап самит 2018“ (Startup Summit 2018), што денеска се одржува во Софија. На...

Манчевски: Централниот електронски регистар на население и порталот е-услуги се при крај

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, зборуваше на првата конференција за е-трговија што денеска се одржува во Скопје, осврнувајќи се на важноста од обезбедувањето на е-услуги, како основа за дигитализација на Македонија. - Во тек се завршните активности за лансирање на нов национален...

„Meet and Code 2018“ во рамките на Европската недела на програмирање

Учениците во Македонија ќе имаат можност да се стекнат со знаења од областа на технологијата во рамките на Европската недела на програмирање, која се одржува од 6 до 21 октомври, преку настани поддржани од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во рамките на иницијативата...

Манчевски: Дигиталната трансформација е скап процес на раст и развој

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, се обрати во министерскиот панел на тема: „Дигитална економија- мотор за економски развој“, во рамки на меѓународната конференција „Дигитолкс“, што вчера и денеска се одржува во Приштина. Манчевски зборувајќи за дигиталната трансформација како основа за дигитална економија,...

Манчевски: Заврши мапирањето на територијата за пристап до интернет

Македонија пред утврдениот рок го заврши процесот на детално мапирање на територијата за пристап до брзи и супер брзи интернет мрежи, информираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. - Задачата која ни беше дадена од ЕУ со цел да се оцени напредокот кој нашата...

ЕУ ја одобри контроверзната Директива за авторските права на Интернет

Европскиот парламент гласаше за Директивата за авторски права, контроверзниот закон кој има за цел да ги ажурира законите за авторски права онлајн. Директивата првично беше одбиена од страна на европарламентарците во јули по критиките за две клучни одредби: членовите 11 и 13. Сепак, во парламентот...

Оваа недела Европскиот парламент гласа дали да го зачува или „да го убие“ интернетот

Оваа недела, на 12 септември, Европскиот парламент ќе гласа за нацрт-закон со кој се заканува за да го оштети интернетот како што го знаеме. Под маската на реформата на авторските права, постојат голем број на „реформи" кои ќе ги повредат основните права на интернет, ишува...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...