понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Вечерва во Скопје започнува фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

19 август 2020

Вечерва, во 20:30 часот, почнува третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District. Многубројните светлосни инсталации кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот ќе бидат поставени од 19 до 22 август, а фестивалот ќе се одвива по однапред утврдена рута од Камениот мост, преку зградата на МЦМ до Градскиот […]

Град Скопје изрече 90 казни за возила паркирани на вело патеки на само еден булевар (галерија)

19 август 2020

Град Скопје, преку својата комунална инспекција, презеде мерки за сузбивање на непрописното паркирање на велосипедските и пешачките патеки, и во текот на изминатите седум дена на само еден булевар во центарот на градот, изрекол дури 90 казни. Интензивните контроли ќе продолжат, велат од градската управа. Имено, од 11 август до 18 август, односно вчера, комуналните […]

Од малите хидроцентрали на Шара нема никаква корист освен профит за сопствениците

19 август 2020

Да запре планирањето и изградбата на мали хидроцентрали и издавањето на концесии за Шар планина, апелираат еколошките организации во земјава. Овие енергетски објекти даваат минимален придонес во вкупниот енергетски биланс на земјата, но прават огромна штета на потенцијалот на реките, кој зафатен од климатските промени, сè помалку ги задоволува потребите за вода на локалното население […]

Отворен повикот за едукативната програма „Училиште за животни вештини“

18 август 2020

Здружението Лидери за едукација, активизам и развој отвора повик за втора генерација на учесници во едукативната програмата „Училиште за животни вештини“. Таа е наменета за млади, од 15 до 29 години, без разлика на нивниот образовен или работен статус. Самата програма е поделена во два дела: циклус на обуки кој опфаќа шест модули и едномесечна […]

Вчера заврши гејминг викендот организиран од Македонската Е-спорт Асоцијација

18 август 2020

Заклучно со вчерашниот ден беше затворен првиот Gaming Weekend во организација на Македонската е-спорт Асоцијација (МЕСА). Во саботата се одигра 1 на 1 натпреварување во видео играта Dota 2, додека пак в недела добивме победник во светската мобилна сензација Clash Royale, а во текот на вчерашниот ден шахистите беа на сцена и се натпреваруваа пред […]

Нов мурал на белградскиот уличен артист „Пијанист“ до скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

17 август 2020

Нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“ од неодамна е нацртан на зградата веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Муралот е поставен по нарачка на Халкбанк, а пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на банката. […]

„Батка ова ти е чист импресионизам со примеси на експресионизам“ – Тошо Малерот: монологија (видео)

17 август 2020

Денеска во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“, Васко Тодоров, кој е познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот ќе ја потпишува неговата книга „Тошо Малерот: монологија“. Во делото се собрани култни монолози кои популарниот „батка“ ги има кажано во легендарното шоу „К-15“ како и скечеви кои не биле емитувани на телевизија досега. […]

Од 19 август почнува фестивалот „МакеДокс“ под мотото „Слеј се со тишината“

17 август 2020

Овогодинешното единаесетто издание на Фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 19 август до 26 август. Фестивалот под мотото „Слеј се со тишината“, според истоимената стихозбирка на Ацо Шопов, наместо на планираните четири, ќе се одржи на две локации: Парк Младински Културен Центар и Кинотека на Северна Македонија. За публиката се предвидени […]

„Drive-in“ летно кино со автомобили за првпат во Охрид

16 август 2020

Викендов на паркингот Горица 3 – НЕМО, три дена по ред се одржува летно кино во автомобили. Гостите имаа прилика под отворено небо да следат проекција на блокбастери. За вечерва од 21 часот е закажана проекција на филмот „Куќата што ја изгради Џек“, додека пак, вчеравечер присутните го следеа македонскиот филм „Панкот не е мртов“. […]

Промовирана монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишниот јубилеј на „Охридско лето”

15 август 2020

Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вчеравечер беше промовирана монографијата „Фестивалска приказна – Охридско лето 1961 – 2020“ од авторките Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска. Шестата по ред фестивалска монографија се промовира по повод јубилејот, 60 години од постоењето на фестивалот „Охридско лето“. Снежана Анастасова-Чадиковска е истакнат академски музичар, пијанист, педагог и музички […]

Пет розови фламинга одмораат во Преспа

15 август 2020

Пет розови фламинга, едно возрасно и четири млади, одмораат во Преспанското Езеро. Ова не е првпат фламинга да ја посетат Преспа, со оглед на тоа дека иако тие не се гнездат во Македонија, територијата ја користат повеќе пати за прелет. Денеска се забележани во Езерани, каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за […]

„Летување во време на пандемија“, еве што мислат младите низ државата

15 август 2020

Младите сe sо поделени мислења на темата „Летување во време на пандемија“. Порталб.мк разговараше со студенти од различни градови во Северна Македонија што мислат за летни одмори, дали се за или против. Ова е мислењето на студентите од Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје и Куманово. Дали сте биле или размислувате да одите некаде на летување? […]

Полицијата го откри тинејџерот што предизвика пожар кај Мојанци и објави видео на ТикТок од потпалувањето

15 август 2020

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-годишниот малолетник од скопското село Мојанци поради предизвикување на пожарот на нискостеблеста шума и вегетација во близина на селото. Тој на 4 август на социјалната мрежа ТикТок објави видео како го потпалува пожарот. Фотографиите и видеата биле […]

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

15 август 2020

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните […]

Наумовска: Учебната година да почне од 15 септември, а наставниот час да трае 30 минути

14 август 2020

Министерството за образование и наука предлага наставниот час во основно образование да трае 30 минути, а во средно образование – 35 минути, вели заменичката-министерка за образование и наука Елизабета Наумовска во интервјуто за Мета во кое ги објаснува новите предлози на ова министерство. Сите овие предлози се веќе во завршна фаза и сега за нив […]

Македонската Е-спорт Асоцијација викендов организира онлајн гејминг

14 август 2020

Во текот на престојниот викенд Македонската Е-спорт Асоцијација (МЕСА) организира натпреварувања во три игри и тоа: во сабота, популарната Dota 2 со натпреварување 1 против 1, мобилната игра и интернационална сензација Clash Royale во недела и турнир во шах закажан во понеделник, кој со помош на интернетот во последниот период повторно се враќа со огромна […]

Хелсиншки комитет: Надлежните мора итно да создадат услови за образование и за децата со попреченост

14 август 2020

Хелсиншки комитет за човекови права, Скопје апелира до сите релевантни институции, кои одлучуваат за начинот на работа на училиштата во новата учебна година, да ги земат предвид и потребите на децата со попреченост, односно да обезбедат соодветни услови за нивно непречено вклучување во образовниот процес. „Уште со почетокот на пандемијата на ковид-19, децата со посебни […]

Околу 50 компании заинтересирани за изградбата на пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра

13 август 2020

Од денот на распишување на повикот за претквалификации за избор на најдобар понудувач за проектиране и изградба на Пречистителна станица за отпадните води од Скопје, околу 50 компании изразиле интерес, односно најавиле дека ќе ги превземат документите за пријавување за изборот на изведувач на постројката, чија вредност е проценета на 136 милиони евра, соопшти ЈП […]

Heat Check – Стигнав до половина милион претплатници правејќи видеа од истата соба каде и спијам

13 август 2020

“What’s up everybody, my name is Stefan and this is Heat Check, let’s get into it”. Со оваа реченица Стефан од Аеродром ги започнува своите Јутјуб видеа посветени на НБА кошарката. Неговата пасија кон најпопуларната кошаркарска лига во светот се претворила во снимање видеа на оваа тематика и денес тоа е неговата единствена работа. Стефан […]

„Жените се малцинство“ – Осмо издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

13 август 2020

Осмото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ ќе започне на 17 Август под мотото „Жените се малцинство“. „Со ваквото политичко позиционирање имаме за цел да го преиспитаме значењето на терминот ‘малцинство’, свесно одбегнувајќи ја неговата национална, доминантна претпоставеност. Сакаме да посочиме дека во значењето на овој поим многу поважни се, […]

Страна 342 од 369