понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Бројот на библиотеки во земјава со години ист, членството за три години опаднало за речиси 50.000

4 септември 2020

Во Македонија лани имало вкупно 175 библиотеки со вкупно 82.928 зачленети лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на библиотеки во земјава со години е ист, а единствено се менува видот на библиотеките низ периодот, и тоа од специјализирани во друг вид библиотеки и обратно. Во споредба со 2016 година, лани се намалил […]

НМСМ ги објави добитниците на Наградата за младинско учество

4 септември 2020

Националниот младински совет на Македонија ги објави добитниците на Наградата за младинско учество, која ја доделува во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Ивана Балабанова и Сибел Бајрам се добитнички на наградата во индивидуалната категорија. Во категоријата за младински организации добитници се организациите Флуктус и My Life. Додека пак, 3D Print Medical Equipment […]

Отворен повикот за онлајн-учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2020“

4 септември 2020

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го објави повикот со кој ги повикува сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество на осмото издание на филмскиот фестивал за млади, кое ќе се одржи онлајн од 25 до 30 септември. Темата на „Џифони Македонија 2020“ е „Земја“ (Earth) како дел од […]

Во Скопје од јануари досега 446 пријави за каснување од куче

4 септември 2020

Од почетокот на годината до крајот на месец август, Mинистерството за внатрешни работи регистрирало 446 пријави за каснување од куче. „Мета.мк“ и претходно пишуваше за бездомните кучиња и пријавите за каснување од истите. Во јуни, тогашните податоци покажаа 310 пријави по овој основ за првите пет месеци од годината. Што значи, за два месеци евидентирани […]

Словенија ги лансираше своите први сателити во вселената

4 септември 2020

Првите сателити на Словенија, NEMO-HD и TRISAT, беа лансирани во вселената во четвртокот со ракетата Вега ВВ16, информираат од словенечкото Министерство за економија. Европската вселенска агенција ја лансираше ракетата Вега од Француска Гвајана носејќи во орбитата 53 сателити од 21 клиент од 13 земји, се вели во соопштението на Министерството. Лансирањето беше одложено неколку месеци […]

Матка 16 години чека да биде репрогласена како заштитено подрачје

4 септември 2020

Кањонот Матка од 2004 година чека да биде репрогласен за заштитено подрачје како споменик на природата. Една од најубавите природни реткости во земјава и дом на многу ретки и ендемични видови на растенија и животни, меѓу кои и египетскиот и белоглавиот мршојадец, кои се на црвените листи на загрозени видови, речиси две децении е оставена […]

Почна подготовката на Нацрт-Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк

3 септември 2020

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека е почната постапката за изработка на Нацрт – Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк. Ќе се одржуваат и јавни расправи со засегнатите страни – граѓанските здруженија, локалното население и бизнисмените. Прогласувањето за Шар Планина […]

Градинките подготвени да ги примат дечињата, најтешко ќе биде да им се забрани гушкањето (галерија)

3 септември 2020

За помалку од една седмица (9 септември) градинките во земјава ќе почнат да примаат дечиња, а дотогаш раководствата во згрижувачките установи треба да се подготват согласно протоколите за заштита од ширење на ковид-19. „Мета.мк“ поразговара со неколку директори на градинки и родители во Скопје, пред реотварањето на објектите за најмалите. Општина Чаир е општина со […]

Ефтимов: Секој вид на активизам е ефикасен доколку младите се истрајни и искрени во барањата

3 септември 2020

Пред три дена се одржа средношколскиот протест против одлуката за целосна онлајн настава. Сојузот на средношколци заедно со своите соученици, но и родители излегоа пред Министерството за образование и наука и јасно го кажаа својот став дека се за комбинирана настава во новата учебна година. Тие и натаму ќе продолжат со активностите сè додека надлежните […]

Сојузот на средношколци најави дека ќе продолжи со активностите додека не им се прифатат сите барања

2 септември 2020

Од Сојузот на средношколци упатија потсетување до надлежните институции дека иако дел од нивните барања се исполнети, сепак остануваат уште две неисполнети. Како што велат тие, на многуте средби со владините претставници, станува јасно дека нивните барања стануваат сè повеќе прифатени од Владата, како на пример барањето учебната година да започне на 1 октомври. Изјавите […]

Кои се твоите права? (видео)

2 септември 2020

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро нè потсетува на правата и одговорностите кои што секој граѓанин би требало да ги има. „Јас можам да сакам да возам со 150 на улица меѓутоа немам право да го направам тоа затоа што ја загрозувам јавната безбедност“ – вели таа. Погледнете го видеото:

Дизајнерката Тошева ја претстави новата колекција „Муур“

2 септември 2020

Модната дизајнерка Ирина Тошева ја претстави новата колекција „Муур“, од која со секое купено парче облека ќе се засади дрво именувано според купувачот, и тоа на различни локации во државата, благодарејќи на партнерската соработка на Тошева со Трибенкс. Тие уште на почетокот на минатиот месец го најавија нивниот концепт. – Колекцијата потекнува од место на […]

Инфлуенсери промовираат тестирање за ковид-19

1 септември 2020

Инстаграм инфлуенсери и учесници на реалити шоуто Love Island биле платени од страна на британската влада за да промовираат тестирање за ковид-19, објави Би-Би-Си (BBC). Ова е дел од поширока кампања како обид за тестирање и следење на заболени од ковид-19, која што е организирана од националната здравствена организација наречена NHS Test and Trace. Според […]

Влезниците за Саем на книга од денеска може да се купат онлајн

1 септември 2020

Влезниците за Саем на книга 2020 од денеска ќе може да се купат и онлајн преку  електронскиот систем Karti.com.mk по цена од 30 денари. Саемот за книга ќе се одржи од 8 до 14 септември на отворено во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“, кај Аква Паркот под монтажни објекти. На Саемот ќе учествуваат повеќе од 40-тина […]

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

1 септември 2020

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 […]

Нетфликс нуди бесплатен преглед на серии и филмови

1 септември 2020

Една од најпопуларните платформи за стриминг на филмови и серии Нетфликс нуди бесплатен преглед на неколку филмови и неколку епизоди на серии. Сите кои што немаат претплата на оваа платформа сега се пречекани со пораката: „Погледнете некои од нашите омилени шоуа и филмови бесплатно.“ Дел од филмовите коишто се понудени се Murder Mystery, популарниот трилер […]

По протестот на средношколците, министерката Царовска понуди комбиниран модел за настава (ГАЛЕРИЈА)

1 септември 2020

По одржувањето на вчерашниот протест на средношколците кои се против целосна онлајн настава, младите се сретнаа со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска, која на двата состаноци со учениците и родителите понуди комбиниран модел за настава. „Врвен приоритет е започнувањето на училишната година на први октомври, за што како Влада нудиме комбиниран модел […]

Фустанот на првата дама на САД стана интернет меме

31 август 2020

За време на републиканската конвенција, првата дама на САД, Меланија Трамп се појави во елегантен зелен фустан од дизајнерската куќа Валентино. Поради специфичната боја на фустанот која се користи како зелен екран при снимање филмови, фустанот брзо стана меме на твитер. Зелената боја се користи бидејќи може многу лесно со помош на видео монтажа да […]

Почна изградбата на „Велоштад“ кај Транспортен центар

31 август 2020

Започна фазата на реализација и партерно уредување на првонаграденото решение – „Велоштад“ од конкурсот за #ВелоПаркинг, информираат од Град Скопје. Проектот „Велоштад“ на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска е избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје, поконкретно делот кон улиците Владимир Комаров […]

Младата поетеса Ива Дамјановски добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“

30 август 2020

Младата поетеса Ива Дамјановски за книгата „Двоумење“, која што е во издание на ПНВ Публикации, е годинашен добитник на најпрестижната поетска награда „Браќа Миладиновци“, што Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобро поетско издание меѓу два фестивала, информираат од поетската манифестација. Во најтесниот избор за наградата влегоа пет македонски автори, а одлуката ја донесе […]

Страна 340 од 370