Шорткат: Возможна ли е кај нас енергетска транзиција?
(ВИДЕО)
Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие, е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе зборуваме за транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитер на стакленички гасови. Информираме за измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, а ја најавуваме и Сајбер Шејк дискусијата за млади „Дипфејк или реалност“.
Дрвата за греење, сообраќајот, прашината и огновите на отворено – најголеми загадувачи во урбаните средини
Согорувањето на биомаса за греење, сообраќајот, минералната прашина од градежништвото и од улиците, палењето на стрништата и друг отпад на отворено, секундарните честички и горењето на мазут и нафта...