вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Иселувањето на студентите од студентските домови ќе започне на 15 јуни

јуни 11, 2020

На вчерашната седница, Владата ги усвои протоколите за иселување на студентите од објектите на државните студентски домови. „Процесот ќе започне во понеделник на 15.06.2020 и ќе се спроведува во период до 03.07.2020 година, во работните денови од 08:00 до 16:00 часот“, информираше претседателот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски. Студентските домови се затворија на 11 […]

Студентите од приватните универзитети изоставени од владината помош за младите

јуни 11, 2020

Конференцијата на приватни високообразовни установи, во која членуваат седум приватни универзитети и три самостојни високи стручни школи, бара во најкус рок да се исправи Уредбата на Владата за финансиска поддршка на млади лица, кои се активни учесници во високото додипломско образование на Република Северна Македонија, односно редовни студенти на универзитетите основани во РСМ, бидејќи како […]

Учебната година заврши надвор од училишните клупи поради пандемијата со ковид-19

јуни 10, 2020

Денеска формално заврши учебната година за основците и средношколците, овој пат во вонредни услови и надвор од училишните клупи. Пандемијата со корона вирусот ги затвори училиштата на 11 март, а оттогаш па наваму образовниот процес се одвиваше онлајн. По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот за образование и наука, Арбер Адеми им честиташе на […]

Онлајн изложба на Јадро – „Да бидеме заедно, додека сме разделени“

јуни 10, 2020

Од утре, 11 јуни до 18 јуни, почнува онлајн изложбата „Да бидеме заедно, додека сме разделени“ во организација на Културно-социјалниот простор Центар – Јадро. Станува збор за групна изложба на уметниците Иван Ивановски, Симона Манчева, Дарко Алексовски, Доротеј Нешовски, Елена Чемерска, Зорица Зафировска и Никола Узуновски. Куратор е Јованка Попова, а координатор на проектот Ѓорѓе […]

„Илузии“ – прва онлајн претстава на независниот Wonderland Theatre

јуни 9, 2020

Независниот „Wonderland Theatre“ на 11 јуни ќе ја има својата прва онлајн театарска претстава насловена „Илузии“ по мотиви на истоимениот текст на Иван Вирипаев. Претставата ќе може да се проследи на нивниот Youtube канал. Улогите ги играат Ивана Павлаковиќ, Драгана Лошкова, Никола Насотски и Исмет Шабановиќ. Режијата е на Нела Витошевиќ, видеото го монтира Васил […]

MOТ: Повеќе од едно на секои шест млади лица останало без работа поради Ковид-19

јуни 1, 2020

Повеќе од едно на секои шест млади лица престанало да работи по започнувањето на пандемијата на Ковид-19, додека, пак, работното време на оние што останале вработени било намалено за 23 проценти, покажува најновата анализа на  Меѓународната организација на трудот (МОТ) за влијанието на Ковид-19 врз пазарот на труд. Според „Мониторот на МОТ: Ковид-19 и светот […]

Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги

мај 29, 2020

Средношколците не помлади од 16 години и редовните студенти не постари од 29 години се дел од листата корисници на финансиска поддршка предвидена со третиот владин сет на економски мерки. За нив, предвидени се 3.000 денари, кои ќе ги добијат еднократко преку платежна картичка на која ќе стои ознаката „Купувам домашно“. Министерството за образование и […]

Град Скопје објави конкурс за три летни сцени во Градскиот парк

мај 28, 2020

Град Скопје објави конкурс за три идејни решенија за летни отворени сцени во Градскиот парк во Скопје. Идејата e преку партерно уредување на локациите да се предвидат позиции на кои ќе се постават монтажни бини во рамките на Летната отворена сцена со што ќе се направи интерактивно место на кое ќе се одржуваат културни манифестации […]

Повик за мали грантови за организации предводени од девојки или млади жени

мај 25, 2020

Како одговор на епидемијата Ковид-19, „Глобал резилиенс фанд“ објави повик за поддршка на активизам од и за девојки и млади жени, преку флексибилни итни грантови во висина до 5.000 долари. Условите на повикот и формуларот за аплицирање се достапни на веб-сајтот www.theglobalresiliencefund.org. Фондот најави дека ќе прифаќа апликаци од сите региони и сите земји од […]

По два и пол месеци, во вторник се отвора Зоолошката градина

мај 24, 2020

На 26 мај повторно се отвора Зоолошката градина во Скопје со работно време од 9 до 18 часот. Оттаму информираат дека посетата ќе се одвива со нов протокол за движење. Бројот на посетители ќе биде ограничен, a носењето маска при влез и одржување дистанца при шетањето е задолжително, велат од Зоолошката градина. Скопската зоолошката градина […]

Анкета: 47% од младите не прочитале ниту една книга во карантинот, 54% гледаат серии секој ден (инфографик)

мај 21, 2020

Епидемијата на болеста Ковид-19 што ја предизвикува новиот корона вирус до сега во земјава официјално опфати околу 2.000 лица и предизвика над 100 смртни случаи. На светско ниво, од оваа болест до сега заболеа повеќе од 5 милиони луѓе, а починаа над 300.000. Таквата ситуација и мерките кои властите ги преземаа за спречување на понатамошното […]

Нова дигитална платформа „Час за час“: Плати за извршена услуга со време, наместо со пари

мај 19, 2020

Здружението на граѓани „Младите можат“, преку „креатонот“ на Фондот за иновација и технолошки развој, изработи нова дигитална платформа која што ќе им помогне на граѓаните меѓусебно да ги споделуваат работите што уживаат да ги прават, притоа користејќи го времето, наместо пари, како ресурс. „Трошите еден час време за да му помогнете или да споделите знаење […]

Ристовски: Младите волонтери на Црвен крст се енергија без која не би успеале во работата

мај 18, 2020

Околу 150 млади волонтери на возраст до 30 години се дел од триесетина мобилни тимови на Црвен крст кои се дел од борбениот фронт против корона вирусот. Тие со својата поддршка на терен, извршуваат набавка на храна, средства за хигиена и лекови кои им се потребни на граѓаните. Потоа, овие производи волонтерите им ги доставуваат […]

Сезонска работа во Германија: студентите песимисти, агенциите сè уште се надеваат

мај 17, 2020

Студентите кои требаше за време на летниот распуст да заминат на работа во Германија тешко дека ќе можат да ги реализираат нивните планови поради затворените граници и задолжителниот карантин при влез во државата. Иако ситуацијата не ветува многу, агенциите кои посредуваат остануваат оптимисти дека програмата летово ќе се реализира. Во разговор за Мета, од агенцијата […]

Финансирањето во време на пандемија е најголемиот предизвик за младинските организации од Балканот

мај 15, 2020

Група претставници на младински организации од Балканот учествуваа на вториот по ред настан од серијалот „Кога младите го спасуваат светот“ кој го организира мисијата на ОБСЕ во Србија со Младинската мрежа на Југоисточна Европа. Педесетина учесници на онлајн конференција го споделија своето искуство за тоа со какви проблеми се соочуваат младите и младинските организации во […]

Студентските домови ќе се отворат кога Комисијата за заразни болести ќе каже дека е безбедно

мај 8, 2020

Студентите во Србија најверојатно ќе се вратат во студентските домови кон средината на месец мај. Оваа одлука ја соопшти тамошниот министер за образование, а следуваше по најавата дека некои факултети ќе спроведат испитни сесии кон крајот на месецов. Северниот сосед има безмалку 10.000 заразени со корона-вирусот, што е убедливо највисока бројка во регионот. Кај нас, […]

Николовски: Целосна дезинфекција на студентските домови за две недели

мај 4, 2020

Поради мерките за спречување и ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука со која на 11 март се затворија студентските домови. Тие во моментов се празни, иако имаше најава дека е можно да се користат како простор за карантин. Директорот на Студентскиот центар – Скопје, Дарио Николовски, вели дека домовите се спремни доколку треба повторно […]

„Дома“ доби поинакво значење: Карантинот им го смени секојдневието на младите

мај 1, 2020

За Давид Стоилковски, ученик од средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, зборот дома добил поинакво значење откако започнале рестриктивните мерки. Како личност која учествува во многу вон училишни активности поврзани со матура, „Корчагинска просветилка“ и други активности, кои притоа се откажале поради воведените мерки, неговото секојдневие значително се променило. „За време на каратнинот мислам дека […]

На 13 мај ќе падне одлука дали ќе се одржи Work and Travel програмата

април 30, 2020

Идниот месец, на 13 мај е закажана средба на американските спонзорски агенции со одделот за програмите за размена на Стејт Департментот. На средбата ќе се одлучи дали ова лето програмата Work and travel ќе се одржи и под кои услови или ќе се откаже, информираат од студентскиот медиум „Авангарда“ при Универзитетското студентско собрание на УКИМ. […]

Граѓански организации со препораки до институциите како да се намалат последиците од корона кризата врз младите

април 29, 2020

Од Хелсиншкиот комитет потенцираат дека долгророчните последици од здравствено економската криза предизвикана од Ковид-19 најмногу ќе ги почувствуваат младите. Поради ова, група граѓански организации изготви итни препораки до институциите за да се намали негативниот ефект врз младите во оваа вонредна состојба. Документот ги дава итните препораки за политики кои треба да се спроведат веднаш за […]

Страна 6 од 8