понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје

септември 30, 2025

Манифестацијата Бела ноќ ќе се одржи во сабота во Скопје. Културните институции ќе организираат претстави, изложби и промоции, кои ќе бидат отворени и достапни за сите посетители, а организатори се Универзална сала и Град Скопје. Како што информираат од Универзалната сала, програмата предвидува настан во Сули Ан со почеток од 20 часот „Стара скопска чаршија: […]

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ награден за најдобар анимиран филм во Романија

септември 22, 2025

Првенецот на македонската анимација и македонската кинематографија „Јон Вардар против Галаксијата“ ја освои наградата за Најдобар долгометражен анимиран филм на шестото издание на Galactic Imaginarium Film Festival во Романија – иновативен фестивал кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова признание е трето по ред за филмот, по наградите за […]

Кристофер Нолан избран за претседател на Американското здружение на режисери

септември 21, 2025

Американското здружение на режисери го назначи еден од своите најславни членови за свој нов претседател, пренесува Холивуд Репортер. Кристофер Нолан беше избран за време на двегодишната национална конвенција на асоцијацијата. Нолан, кој се кандидираше за највисоката функција без противкандидат, ќе ја преземе функцијата од досегашниот претседател Лесли Линка Глатер, која го водеше синдикатот од 19.500 […]

Чествување на Игор Исаковски преку објава на збирка поезија „Совршен поет“

септември 20, 2025

Во слава на поетот Игор Исаковски (1970-2014), на 55-годишнината од неговото раѓање, издавачката куќа „Или-Или“ организираше промоција на книга со негова собрана поезија „Совршен поет“. Промоцијата се одржа во петок 19 септември во скопската кафе-книжарница „Буква“, во присуство на соработници, пријатели и дел од семејството на Исаковски, при што просторот беше претесен да ги собере […]

Сандра Силаѓев на 20 октомври во Скопје со монодрамата „Астрокликери“

септември 15, 2025

Популарната актерка и комичарка Сандра Силаѓев на 20 октомври во Македонската филхармонија ќе се претстави пред скопската публика со својата нова авторска монодрама „Астрокликери“. Силаѓев е позната по нејзиниот уникатен хумор и препознатлив сценски израз, а во оваа претстава го носи ликот на Ѓурѓа Стојковиќ – астролог и самопрогласена „астро-ѕвезда“ од социјалните мрежи. Ѓурѓа станува симбол […]

Концерт на Енес Беговски во „Old School“: Хендпен, поезија и перкусии во уникатно музичко доживување

септември 8, 2025

На 11 септември, со почеток во 21:30 часот, во „Old School“ барот ќе се одржи концерт на музичарот и композитор Енес Беговски, кој ветува уникатно музичко доживување во кое звукот и зборот се претопуваат во хармонија. Концертот е насловен „Хендпен, поезија, перкусии и украински глас“, а ќе ја спои моќта на перкусиите со убавината на […]

Фестивалот Вртешка на Плачковица собра над 50 млади уметници и креативци од регионот

септември 4, 2025

Четвртото издание на фестивалот ВИА – Вртешка Интердисциплинарни Активности 2025, собра над 50 млади уметници и креативци од Македонија и регионот во планинарскиот дом Вртешка, Плачковица, каде уметниците ги прикажуваа своите дела пред поширока публика. Беа организирани уметнички изложби на млади талентирани автори поставени низ природата и селото, театарски претстави претстави под отворено небо, филмски […]

Изложба на уникатни ликовни дела од Александра Нашевска „Ен Игма“ во „Буква“

септември 2, 2025

Писателката Александра Нашевска, покрај ткаењето со зборови изразено во нејзините романи „Вокабуларис“ и „Ходник кон амнезија“, вистински ткае со конци уметнички слики-репродукции на светски реномирани ликовни уметници, повторно оживувајќи го нивниот уметнички израз. Со завршени два факултета од областа на јазикот и книжевноста, љубовта кон рачните изработки и уметноста кај неа се раѓа од можеби […]

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска со светска премиера во Венеција

август 28, 2025

Со долг аплауз и стоечки овации, најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска, „МАЈКА“, имаше светска премиера на 81. Венециски филмски фестивал, отворајќи ја селекцијата „Хоризонти“, соопшти Агенцијата за филм. Филмот ја раскажува интимната приказна за младата Тереза во Калкута, во 1948 година, кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да […]

Скопскиот џез фестивал го објави постерот за годинешното издание чиј автор е Ѓорѓе Јовановиќ

август 13, 2025

Визуелниот идентитет на годинешното издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде постер изработен од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кој, како што објави самиот на социјалните мрежи, со овој фестивал има повеќедецениска лична врска. „Започнав да одам на концертите на Скопскиот џез фестивал во 1996 година, додека сè уште бев средношколец. Овој фестивал длабоко го обликуваше мојот […]

Премиера на „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Манила

август 11, 2025

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе има премиера во Азија, на 11. издание на „Бакунава“ филмскиот фестивал во Манила, Филипини. „Чест ми е што филмот ќе биде прикажан токму на фестивал кој го носи името на едно  моќно и мистично суштество од фолклорот. Пред десетина години работев на проект каде што главниот негативец […]

Хуманитарен фестивал „Расплет“ на 1 и 2 август во Кочани

август 1, 2025

На 1 и 2 август во Кочани кај Споменикот на слободата ќе се одржи дводневен хуманитарен музички настан под името „Расплет“, организиран од млади активисти. Целта на фестивалот е да се соберат донации за повредените од пожарот што се случи во дискотеката Пулс. Организаторите укажуваат дека донациите стивнуваат и апелираат јавноста да не ја прекинува […]

Креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри на Стоби

јули 25, 2025

На археолошкиот локалитет Стоби овие денови повторно оживува духот на античкиот свет. Под водство на м-р Василка Димитровска, археолог и сертифициран тренер за интерпретација на наследство, се реализираат креативни работилници за реконструкција на римски социјални игри и оружје. Како што информираат во „Хаемус“, центарот за научни истражувања и промоција на културата, работилниците се дел од […]

Кирил Џајковски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година

јули 23, 2025

Композиторот и продуцент Кирил Џајковски е добитник на престижната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2025 година, со која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) го оддава признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура. Одлуката беше соопштена денеска од претседателот на ДФРМ, Игор Иванов – Изи, кој истакна дека […]

Организаторите на концертот на Ганс ен роузес ќе им ги вратат парите на посетителите заробени во токени

јули 21, 2025

Додека музичкиот дел од концертот на американските рок легенди Ган ен роузес во Белград на 19 јули протече на големо задоволство на публиката, логистичките проблеми на многумина им го поматија добриот впечаток. Концертот првобитно беше најавен како „безготовински“ (cashless), односно како место каде што организаторот има монопол врз сите финансиски трансакции. За посетителите да може […]

Зоран Кардула со нова изложба утре во НОБ

јули 17, 2025

„Flora Imaginarium“ е името на изложбата на уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула, која утре може да се погледне во НОБ од 20 часот. „Изложбата е инспирирана од еден проект кој го работев последниве две години, за еден познат македонски бренд. Се надевам ќе уживате и покрај топлото време“, напиша тој на својот Фејсбук профил. […]

EU4Green фото-конкурс за граѓани од земјите на Западен Балкан

јули 7, 2025

Проектот EU4Green отвори регионален фото натпревар – најзелените примери од Западен Балкан, наменет за домашни фотографи од целиот регион. Намерата е да се презентираат приказни за природата и заштитата на животната средина и да се прикажат добри практики што водат до зелена трансформација. „Мотивите треба да вклучуваат предизвици и проблеми создадени од човековото дејствување, како […]

Изложба „Трагедија на еднаквоста IV – Буткање на рака“ во Музејот на современа уметност

јули 3, 2025

Изложбата „Трагедија на еднаквоста IV – Буткање на рака“ на Ариел Хасан ќе биде отворена со перформанс во Музејот на современа уметност во Скопје на 3 јули (четврток) во 20:00 часот. Ова е прво самостојно претставување на Ариел Хасан во Сeверна Македонија и претставува четврто продолжение на меѓународен проект, кој имаше три претходни различни итерации: […]

Бич филм фестивал во Охрид од утре до 6 јули

јули 1, 2025

Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival, кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летно загревање пред да започне официјалната програма. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филмови. Секоја вечер од 2 […]

Македонската стрип заедница на Балканска смотра во Лесковац

јуни 30, 2025

Од 27 до 29 јуни во Лесковац се одржа 27 по ред Балканска смотра на млади стрип автори. Покрај многуте содржини на овој стрип фестивал, кој се смета за најстар и најмасовен настан на Балканот, се организира и меѓународен стрип конкурс. Оваа година на овој конкурс се пријавиле рекордни 3.172 учесници од 51 земја од […]

Страна 2 од 56